La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.169
Поени од реакции
21.162
Абе 3-0 имаа предност после првиот натпревар против Ливерпул, еееј со зборови ТРИ СПРЕМА НУЛА.
Најголемиот проблем на Барселона беше психичкиот проблем. А тренерот е тој што треба и психолошки да ги подготви, да ги мотивира. И тука е разликата кога на едната страна е Клоп, а на другата Валверде.

Да не го промашеше Дембеле тој зицер во последниот напад против Ливерпул на Камп Ноу, веројатно друг муабет ќе теравте сега.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.656
Поени од реакции
4.144
тоа што Барселона е двапати со ред шампион е поради лошата конкуренција и дава лажна слика дека сеуште се некаков тим а всушност Меси со Алба сами играат буквално две години...свежина,агилност и брзина 0 во двете екипи...треба по 5-6 млади и квалитетни играчи да купат за да се почуствува разлика..
Скоро за се си во право, само мислам дека треба тука да го додадеш Ter Stegen.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.276
Поени од реакции
16.863
да додадам дека и со Рома прокоцкаа водство, точно е дека некои играчи се истрошен материјал ама не зезајте онај тренер не е кадарен за Барселона, факт.
Друга работа шо ме јади е шо не успеа Атлетико да освои Ла Лига со толку паднати од форма Реал и Барса, башка се фрлија големи пари за трансфери, тек наредна кога ќе изнакупат Хазардовци, Гризмановци, па уште и Нејмар се спомнува, уште тој фали и да се отрујам :D
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.169
Поени од реакции
21.162
Реал е опаднат, ама Барселона со моментален Меси и десет рандом типови од улица пак е појака од Атлетико. Така да не си правете филмови дека можел Атлетико да освои лига. :icon_lol:
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.752
Поени од реакции
8.843
да додадам дека и со Рома прокоцкаа водство, точно е дека некои играчи се истрошен материјал ама не зезајте онај тренер не е кадарен за Барселона, факт.
Друга работа шо ме јади е шо не успеа Атлетико да освои Ла Лига со толку паднати од форма Реал и Барса, башка се фрлија големи пари за трансфери, тек наредна кога ќе изнакупат Хазардовци, Гризмановци, па уште и Нејмар се спомнува, уште тој фали и да се отрујам :D
Атлетико за да освои лига првин треба да почнат да играат фудбал наместо кик бокс..2014 се случва еднаш на 1000 години т.е. да му се случи страшна катаклизма на Барса и Реал заедно во една сезона па некако со туркање и клоцање Атлетико да биди прв.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.870
Поени од реакции
24.377
Можеби ја претера со Тотенхем ама факт е дека Барселона и посебно Реал се паднати..онака веќе втора сезона двете екипи одат во надолна линија со квалитетот и играчкиот кадар и овие резултати не се некое изненадување..тоа што Барселона е двапати со ред шампион е поради лошата конкуренција и дава лажна слика дека сеуште се некаков тим а всушност Меси со Алба сами играат буквално две години...свежина,агилност и брзина 0 во двете екипи...треба по 5-6 млади и квалитетни играчи да купат за да се почуствува разлика..Реал се веќе во тешки калој зацапени..нив тројца како Хазард да дојдат не ги средваат
Која е втората лоша сезона на Реал те молам образложи. Оваа е едната од двете што ги спомна, а втората која е? Минатата? Зашто минатата сезона освоија ЛШ трет пат по ред. Или мислиш на оваа што доаѓа и по некоја твоја замисла у главата си претпостави дек и следнава сезона ќе им биде очајна?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Абе 3-0 имаа предност после првиот натпревар против Ливерпул, еееј со зборови ТРИ СПРЕМА НУЛА.
Најголемиот проблем на Барселона беше психичкиот проблем. А тренерот е тој што треба и психолошки да ги подготви, да ги мотивира. И тука е разликата кога на едната страна е Клоп, а на другата Валверде.

Да не го промашеше Дембеле тој зицер во последниот напад против Ливерпул на Камп Ноу, веројатно друг муабет ќе теравте сега.
Немаше да биде друг муабетот, ќе изгубевме 5-0 во гости. Едноставно Ливерпул можеше да даде голови колку што е потребно, не постоеше Барса во второто полувреме.

Не ми е јасно како некој може да рече валверде не е крив, слаби биле играчите. Абе луѓе Мурињо со составот на Академија Пандев да излезеше во втората утакмица немаше да изгуби толкава предност, ретки се глупаците како валверде на кои може ова да им се случи.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.276
Поени од реакции
16.863
Атлетико за да освои лига првин треба да почнат да играат фудбал наместо кик бокс..2014 се случва еднаш на 1000 години т.е. да му се случи страшна катаклизма на Барса и Реал заедно во една сезона па некако со туркање и клоцање Атлетико да биди прв.
Сакаш да кажиш дека Барселона слаба сезона изигра таа година кога освои Атлетико ? Реал не го клавај со Барса во ист кош во лигата оти во последните години неколку пати има завршено зад Атлетико, за другото се сложвам.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ставајте куќи станови, коли, гаражи, швалерки дека Атлетико ќе освои наредна, јер Џони ефект
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.243
Поени од реакции
108.161
Која е втората лоша сезона на Реал те молам образложи. Оваа е едната од двете што ги спомна, а втората која е? Минатата? Зашто минатата сезона освоија ЛШ трет пат по ред. Или мислиш на оваа што доаѓа и по некоја твоја замисла у главата си претпостави дек и следнава сезона ќе им биде очајна?
Па слаба сезона имаше Реал лани за негови стандарди, точно е дека освои ЛШ, ама и таму не беа нешто преубедливи и сјајни. ЛШ е натпреварување со елиминации, не е како првенство 38 кола и чао, ваму се може да се деси. Се дешавало екипи да освојат а притоа да имаат лоша сезона општо, Челзи со Ди Матео одма ми текнува како прв пример.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.076
Поени од реакции
2.366
Ама како може да ги мотивира дома да ги растурат 3:0, а на гости не може? Да не треба тренерот да влезе да игра.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ама како може да ги мотивира дома да ги растурат 3:0, а на гости не може? Да не треба тренерот да влезе да игра.
И ова не е фер, ако победат тоа е ради маестралноста на Меси а ако изгубат, ради днотивацијата на Валверде.
Нејсе, во две години, 120 утакмици он има 10тина порази.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.169
Поени од реакции
21.162
Ама како може да ги мотивира дома да ги растурат 3:0, а на гости не може? Да не треба тренерот да влезе да игра.
Ако ја гледаше првата утакмица ќе знаеше.
И ова не е фер, ако победат тоа е ради маестралноста на Меси а ако изгубат, ради днотивацијата на Валверде.
Нејсе, во две години, 120 утакмици он има 10тина порази.
Да, ама тие порази му се во најбитните моменти. Пораз од Рома 3-0, откако си победил дома 4-1. Или пораз од Ливерпул 4-0, откако дома си победил 3-0.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ако ја гледаше првата утакмица ќе знаеше.

Да, ама тие порази му се во најбитните моменти. Пораз од Рома 3-0, откако си победил дома 4-1. Или пораз од Ливерпул 4-0, откако дома си победил 3-0.
Се слагам. Пораз и во КДР еве да го додадеме. Сепак, тимот е константен во цела сезона, газат се' пред себе. Не може да ги мотивира на гости у секоја утакмица, да ги ташлате Реал цело време пример и за тоа да не биде „виновен“.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
И ова не е фер, ако победат тоа е ради маестралноста на Меси а ако изгубат, ради днотивацијата на Валверде.
Нејсе, во две години, 120 утакмици он има 10тина порази.
Днотивацијата на валверде е константна, тој се моли Меси да ја заврши работата, но не може стално Меси да има свој ден, како што немаше тогаш. Две години Барселона нема никаква игра, никаква акција воиграна, Меси што ќе направи тоа. Да не зборувам дека секоја утакмица замените му се како по шаблон, ги знаеме и во која минута ќе се случат и кој ќе излезе и кој ќе влезе.

Знаеме дека пола состав е за во аут, но ние не ги биравме играчите, туку тој, ние не сакаме секоја утакмица да го гледаме Ракитиќ, туку негово милениче е, и Бускетс и Суарез и Роберто исто. Кој е сега крив, кој ќе беше крив да се случеше обратно, Клоп логично прв ќе јадеше метла.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.243
Поени од реакции
108.161
Се слагам. Пораз и во КДР еве да го додадеме. Сепак, тимот е константен во цела сезона, газат се' пред себе. Не може да ги мотивира на гости у секоја утакмица, да ги ташлате Реал цело време пример и за тоа да не биде „виновен“.
Па проблемот е што не газат, него само така е привидно. Најавував неколку пати сезонава дека Барса игра климаво, неубедливо, ама мислев дека ќе фатат јака форма од март навака, таман за завршницата на сезоната. Премногу се шлепаат на Меси, без него изгледаат како просечен тим, а тоа е поради немањето лидер во негово отсуство, океј Суарез е класа играч ама зависи од екипата и чека топки, Кутињо и Дембеле тешки 100+ милионски фејлови, итн итн.

Барса можда освои титула годинава, ама далеку од убедлива им беше играта, барем според мене колку што ги гледав. Рецимо Барса под Енрике играше ептен јак фудбал, офанзивен и напаѓачки, никад не бранеа резултат во ЛШ, не играа како пички.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom