Не е за минарето, уствари не е ни за џамијата оти таа си постои таму долго време и си е дел од охридската архитектура. Толку врева крена оти минарињата кај нас станаа симбол за бележење на територија. Да го тргнеме на страна фактот што е дивоградба. Од тој аспект можеме да ги гледаме и дивоградбите на Матка што ги гради таму внук, роднина на реисот кој што не нарекува "диво племе"
Ова со минарето е брцање прст во око и тие што го градат се свесни за тоа. .....Тоа не е практицирање вера, тоа веќе спаѓа во домен на провокација.
....Градежната мафија и во Скопје и во Охрид зема голем замав, тоа е проблем, да не се сфатиме погрешно. Ова со минарето завзема други димензии кои што не ги засегаат само законите за градба и културната заштита на градот ами оди уште подалеку.
Јас сум сега загрижен како да проблемот се реши без ескалација во ситуација на одсуство на држава. Државникот Таљеран, дипломатот на Франција во 4 децении на најбурните можни времиња, рекол, отприлика, ... „Ако сакаш да го постигнеш возможното, треба да невозможното ти биде цел.“
Цел: Минарето да се сруши, и да провокаторите тоа го прифатат во комплетна кроткост, без да било кој зуцне, и како јагниња.
И во најпосакуван систем на право и правда, рушење на тоа минаре би значело предавање на топката на подарок на провокаторите: ... Тие ќе си добијат медијски спектакл : „Гледај, свету! Муслиманската заедница го гради, државата го руши!“
Оттаму, на чело на акција по ова прашање е потребен
мразокршач.
Мразот се однесува на состојба во градите и умовите на луѓето.
Треба ... да личност со извонреден усет за човечка психологија и прашања за култура ... намине во посета на поглаварот на исламската заедница во Македонија.
Истиот, или некој друг исламски поглавар, излегува со јавно соопштение со кое бара да новото минаре се изгради на неговата стара, традиционална локација, од материјал кој ќе ја следи исламската традиција ...
Тоа ми се чини НЕопходен дел на солуцијата, -
АКО проблемот се санира саглам.
Во друг сценарио, повторувам: топката ќе е кај противникот.
Што се однесува до другите делови-елементи-алки во синџирот на решението, оние политичко-правни, како и извршни органи, ... тоа е домен за кој мојата маленкост е останата без збор.