Правна помош и совети

Vargo _online

プレイステーション3
Член од
1 мај 2010
Мислења
489
Поени од реакции
58
Секоја фирма која уредно ги пријавила своите вработени има обврска да исплаќа додаток за минат труд, доколку има вработени кои ги исполнуваат условите за тоа, односно имаат најмалку 1 година работно искуство...
Минатиот труд е додаток на твојата плата кој се пресметува на основица од 0.5 % за секоја измината години работно ангажирање, од самиот почеток на твојот работен стаж, се додека си во работен однос без разлика колку работодавачи си променил во текот на твојота кариера.
Согласно Законот за работни односи, законска обврска на работодавачот е каде што работиш сега е да ти исплаќа додаток на плата на име минат труд на основица која одговара на бројот на одработени работни години, ако имаш 5 години работен стаж да ти плаќа 2.5% додаток на плата итн.
Отидов во HR во компанијата во која работам и ми рекоа дека политика на компанијата било да им де исплаќа минат друд на работниците само за времето кое работеле во неа. Мене не ми е јасно како политиката на една компанија може да биде над законот?
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
Дали УЈП би барала да се плати данок на годишно ниво ако отворам сметка во банка за да чувам пари заработени во странство? И колкава би била таа давачка во проценти? Дали ова истово би важело и за чување на пари во сеф ( ако ова е правиот назив?) во банка?

Или е можеби подобро да се орочат парите во банката за да се избегне данок?

Јас сум веќе над 10 години иселен од Македонија и немам ни сметка во банка во мкд ни пак негогаш сум работел во Македонија. Се иселив кога бев на факултет запишан.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Отидов во HR во компанијата во која работам и ми рекоа дека политика на компанијата било да им де исплаќа минат друд на работниците само за времето кое работеле во неа. Мене не ми е јасно како политиката на една компанија може да биде над законот?
Токму тие "ПОЛИТИКИ" кои ги водат нашите фирми не доведоа до ова дереџе:boksix:.( за жал таквите политики се покажаа како погубни, во однос на правата на работниците ).
Должни се според Закон за работни односи и Колективен Договор од приватен сектор да ти го исплаќаат додатокот за минат труд, непочитување на таквата законската одредба предвидена е глоба во износ од 3.000,оо евра.
Укажи им, најдобро писмено обрати се до работодавачот, до човечки ресурси, со напомена, односно писмен допис ОПОМЕНА, дека ако не ти исплатат додаток на плата ќе заведеш судска постапка за да си го оствариш твоето право на парично побарување од работен однос.
Имаш и други оружја на располагање, како работник имаш право да го пријавиш случајот телефонски или лично во надлежниот трудов инспекторат, кој има должност да постапи согласно Законот за инспекциски надзор, Законот за работни односи и останатите Закони, Подзаконски акти и Колективни договори кои се однесуваат на ваквиот прекршок и да спроведе инспекциски надзор во фирмата, нека им изречат глоби од по неколку илјади евра, па нека размислуваат работодавачите дали вреди и понатаму да се придржуваат кон своите политики.:tapp: ( нормално, под услов инспекторатот да си ја заврши својата обврска професионално ):...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Стан, родители го препишуваат на двете деца и од следната година се води на нивно име, ама од следната година добиваат решение за годишен данок на имот - дупло.
Ако станот бил секогаш со 1800 годишен данок, сега стигнува кај едното дете решение на 1800 на негово име, а и кај другото дете решение на 1800 на негово име.
Тоа е ОК или згрешиле овие у општина?
Згрешиле. Приговор во општината
Можеби и не згрешиле.
Ако родителите имале адреса на тој стан - плаќале данок од 0,05% од вредноста.
Ако децата имаат друга адреса на живеење - тогаш ќе плаќаат 0,10% од вредноста.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Можеби и не згрешиле.
Ако родителите имале адреса на тој стан - плаќале данок од 0,05% од вредноста.
Ако децата имаат друга адреса на живеење - тогаш ќе плаќаат 0,10% од вредноста.
Да, знам. Мада ми е чудно, како и двете плаќаат по 0,1%, а не вкупно 0,1%.
Сепак имало грешка, зашто едното дете живее на таа адреса, а другото не.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.038
Поени од реакции
12.459
Другари како да дознаам дали должам пари за судски трошоци?Се работи за еден сообраќаен прекршок,си ја платив казната во рок од 7 дена,си бев уредно на суд,ми пресудија 3 месеци одземање возачка.
Ми стаиа во мвр забрана и се како што треба.АМА не ми дојде никакво известување дека треба да платам судски трошкови.
Сеа на еден другар му стигна 5280 да плати судски трошоци за истата казна.1000 денари се судските,3000и нешто за извршител и плус некои си такси.
Едина разлика е во тоа што он не се ни појавил на суд,ако тоа мења нешто.
Фала ви однапред за било каков совет.
пс.Не се кузнае колку пари ама па за кој кур да им ги дадам?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467

Во пресудата на последна страница, или на првата страница од пресудата пишува сметка за уплата, на таа сметка уплати 1000 ден. и после уплатницата однеси ја во суд, на уплaтницата внеси го бројот на предметот, ако не платиш и ако те дадат на извршител ќе платиш и извршител и од 1000 ден. ќе треба да платиш 7000 - 8000 ден. зависи колку камата ќе ти пресметаат.
Мој совет до тебе уплати 1000 ден. и преку адвокат со поднесок да ја поднеси уплатницата до судот, тоа ти е доказ за цел живот дека е уплатено во случај да биде изгубена уплатницата.
Ако сакаш пиши ми во порака ќе ти објаснам.
 
Друже фала на одговорот.
На суд бев во март 2016та.Се здробив од барање поканата неможам да ја најдам,ниту па пресудата.Дури мислам дека на писмено не ми дадоа никаква пресуда.
 
Ајде пиши ми порака не можам да ти пишам, не ми ја дава опцијата за пораки, ќе ти објаснам како да се направи за да ги уплатиш парите и да завршиш работа, се додека не те дале на извршител, инаку уште не си даден затоа што ќе ти пристигнеше налог за извршување од извршител и ќе те блокираа во банка заради наплата, среќа што побавно ги пуштаат предметите, али за сето ова време требало да се уплатат тие 1000 денари и да се извести судот.
 
Ти пратив.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Да, знам. Мада ми е чудно, како и двете плаќаат по 0,1%, а не вкупно 0,1%.
Сепак имало грешка, зашто едното дете живее на таа адреса, а другото не.
тој што живее на таа адреса треба да пријави со лична карта негова деа живее и дека бара да му се корегира...
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Да прашам дали има некој искуство со нештово.
Вработениов има договор за вработување. Фино лепо бара со писмена изјава истиот да се раскини. Станува збор за работно место во конфекција. Е сега типов што е директор, на вработениов што дава отказ му кажува дека го внесол во некоја програма до 29 години од Агенција за вработување и користел бенефити за компанијата. И му вика ако дајш отказ ќе си платиш казна за тоа што си внесен во програмата, а вработениов абер нема дека е внесен во програмата, ниту дал согласност за истото.Колку е правно издржано да му активира казна, ако вработениот е решен да дај отказ и напушти работа?
Пошто колку што знам има рок колку што ео тказниот рок од 30 денар, работодавачот да си најди ново лице до 29 години што ќе влези на местото од овој кој дава отказ. И тоа си е негова работа пошто тој користи бенефити за фирмата а не работникот.

Нештово можеби изгледа како глупаво прашање, ама пошто сме прилично луда држава и ништо не ме изненадува реков ќе го пишам.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2009
Мислења
20
Поени од реакции
0
Ми треба итно помош...

Сметката ми е блокирана веќе 3 - 4 месеци.

Сега се вработив, пријавен.

Дали иако ми е блокирана сметката, фирмата ќе може да ми префрли пари на истата?

И која би била постапката за да ми одбиваат од следните плати за долгот?

Дали може да се одблокира сметката само со уплаќање на тоа што треба во банка за одблокирањето, па автоматски да си одбиваат понатаму?

Фала луѓе.
 
theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
Vcera na kredit napraviv naracka za lap top, deneska gledam deka cenata e padnata, so ista cena ima podobar lap top. Dali moze da se izvrsi zamena so poskapiot laptop. Lap topot sto go imam poracano na kredit seuste ne mi e podignat. Dali moze da se izvrsi izmena na fakturata i da go zemam podobriot so moja nadohnada.
Za neptun stanuva zbor
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
според закон имаш право во првите 14 дена да го вратиш уредот без образложение, земи го не се моли или расправај другиот ден викаш не ми одговара сакам да го вратам а они ќе ти ги вратат парите па после купи си го тој што го посакуваш.
п.с ова е во теорија а како оди враќање на уред во пракса не знам најверојатно вака :duel:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom