Отидов во HR во компанијата во која работам и ми рекоа дека политика на компанијата било да им де исплаќа минат друд на работниците само за времето кое работеле во неа. Мене не ми е јасно како политиката на една компанија може да биде над законот?
Токму тие "ПОЛИТИКИ" кои ги водат нашите фирми не доведоа до ова дереџе
.( за жал таквите политики се покажаа како погубни, во однос на правата на работниците ).
Должни се според Закон за работни односи и Колективен Договор од приватен сектор да ти го исплаќаат додатокот за минат труд, непочитување на таквата законската одредба предвидена е глоба во износ од 3.000,оо евра.
Укажи им, најдобро писмено обрати се до работодавачот, до човечки ресурси, со напомена, односно писмен допис ОПОМЕНА, дека ако не ти исплатат додаток на плата ќе заведеш судска постапка за да си го оствариш твоето право на парично побарување од работен однос.
Имаш и други оружја на располагање, како работник имаш право да го пријавиш случајот телефонски или лично во надлежниот трудов инспекторат, кој има должност да постапи согласно Законот за инспекциски надзор, Законот за работни односи и останатите Закони, Подзаконски акти и Колективни договори кои се однесуваат на ваквиот прекршок и да спроведе инспекциски надзор во фирмата, нека им изречат глоби од по неколку илјади евра, па нека размислуваат работодавачите дали вреди и понатаму да се придржуваат кон своите политики.
( нормално, под услов инспекторатот да си ја заврши својата обврска професионално ):...