Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Бев бруцош на факултет кога излезе првата епизода, седев во еден стан во Тафталиџе со тројца цимери. Еднаш поминував од пред Рамстор и имаше билборд со ГоТ и Нед Старк на него, т.е. мислам дека тогаш насекаде имаше реклами за серијава. Спуштив торент од тазе излезената прва епизода, па еве после 8 години многу срања ми се десија и мене и серијата, со таа разлика што серијата доживеа еден трагично недостоен завршеток. За мене ќе видиме, господ здравје да ми дајт, имат време.[DOUBLEPOST=1558379903][/DOUBLEPOST]
Елективна монархија е одлична идеја, во историски контекст, револуционерна за едно апсолутистичко кралство. Не е дека остава простор за да се роди којзнае каква демократија, се уште е рано за тоа, меѓутоа идејата дека еден човек е пратен од Господ да владее станува бесмислена кога луѓето, како група на интелектуалци, сами за себе си одлучуваат кој да ги води.

Е сеа, зашто е битно уствари ова што се деси. Small council добива многу полиберална функција и повеќе ингеренции во поглед на управување со кралството. На почетокот (Нед, Варис, Бејлиш, Ренли, Станис, Баристан) беа советници без никакви законодавни функции, они се едноставно советници на кралот. Сега на крајот е евидентно дека новата багра има многу повеќе ингеренции, и small council почнува да наликува на група на министри кои всушност ќе одлучуваат за некои работи во кралството. Управата на кралот како decision maker е ограничена. Нормално, министериве нема да имаат краен збор, исто како што немаат ни денес во најсовремените републики (сепак ги следат политиките на премиерот/претседателот).

Битно е дека општеството се либерализира и се остварува социјален прогрес. Идејата за демократија беше сосема доволно спомната, и исмевањето на истата беше перфектно прикажана, бидејќи реално истата таква не била прифатена веднаш. Треба време да помине за таа идеја да се вроди во умот на луѓето. А како ќе се роди? Кога постепено за „министерски“ функции ќе се назначуваат луѓе базирани на труд и интелект, а не на наследно право од имот. И за ова ќе треба време, ама тоа што Тирион навести коа Брен рече дека фалат членови, односно дека ќе му донесат "suitable prospects", значи дека ќе бараат асални, паметни луѓе кои ќе носат одлуки во кралството. На тој начин, се повеќе луѓе ќе бидат опфатени и изложени на државни функции, што ќе придонесе за развој на образование и едукација, што само по себе ќе донесе економски напредок, а од тоа ќе следи целосен социјален напредок. Процес кој го бележиме од почетокот на човековата историја, се до денес.

Целата епизода (на забрзан начин, за жал) претстави една прекрасна етапа на транзиција од конзервативно општество во полиберално, за временските услови во кои живеат. Од нив не можеме да очекуваме да „измислат“ демократија од нигде, не можеме да очекуваме да прескокнат социолошки процеси, меѓутоа забележавме сериозен чекор кон освестување. И самата Арја сака да направи некаков буквален прогрес, наместо да цупка у место и да си го гледа дворот дома, затоа отиде да истражува.

Ова за мене е многу побитно од зомбиња, змаеви, дали имало 10 или 300 Дотраки, „ти имаш кур ја неам“ досетки и слично. Верувам дека Мартин истото ќе го претстави и преку книгите, само на многу подетален и логичен начин. Цела поента е да забележиме прогрес, а не закоравеност, и тоа го видовме. Ова е буквално све што барав да видам од серијата, прогрес на општеството.

И го добив :)
Рики, ова го немаше во епизодата, ова е нешто што ти си го замислил, епизодата беше „абе да поседевте уште малку, и кафе ќе ви сваревме“
 
.Јеби га, серијата си пати од успехот што го постигна предходните сезони. И оваа сезона мислам дека ќе беше исто успешна, бар како предходната, ако имаа повеќе епизоди. Вака, премногу битни настани се случија, а немаат толку простор да ги опфатат сите и да ги претстават детално. Многу битни сцени беа скратени, разработени до пола, како таа кога Џон им кажа на Санса и Арја кој е. Има доста, да не ги набројувам кои се, ги знаете. Нелогичностите, иако ги имаше доста, не ми сметаат толку. Во споредба со другите сезони, би ја оценил со 5 или дарежлива 6/10 (до сезонава оцена ми беше 9/10 просек). Имаше и епизоди кои ми беа стварно добри. Првата, втората поготово, третата исто ми се допадна. После нив епизодиве, секоја следна, се послаба. У последнава епизода крајот усвари ми беше и најдобар. Ама буквално крајот, кога Џон се врати меѓу дивите, Арја од убиец се претвори у Кристофер Колумбо, а Санса го доби тоа за што се бореше уште од 6 сезона, после битката на Џон и Ремзи.
 
Како што пишав, финалево само потврди, ГоТ не може да биде во рангот на ББ и СФУ.[DOUBLEPOST=1558382573][/DOUBLEPOST]
tumblr_prs83nebk31qz72sno1_500.gif
Само ова вредеше, единствена сцена која ме наежи, другото ни чувствува, ни солзи, ништо. Страшно.
 
Знаете само шо ми е криво? Зашто не уплатив во Моцарт кога излегло тоа за коцкање.. Месец дена знам како ќе заврши и тек петокот ми излезе реклама дека можеш да се коцкаш на ГОТ, кој ќе преживее, кој ќе умре, кој ќе биде на тронот.. Отидов да пишам, ми вика само сингл, неможе тикет веќе и неможе да бираш кој ќе биде на трон.. Малер бреееј..
 
Сигурен сум дека во првата сезона сакавте сите да има вков завршеток каде Старкови ќе успеат но нон стоп им се случуваше тоа што им се случи. Едини проблем е брзината со која тоа се случи и ништо друго. Крајот си е онаков какокв сите сакате па ако сакате глумете као не е така ама вратете ги чуствата кога гледавте првата сезона и ќе ви стане јасно дека сите посакуваа ваков крај. Мене само ми е жал што мораше да завршат со серијава и во енколку епизоди напикаја најмалку добри 3 сезони. Колку само ги билдаа ликовите преку Болтони преку, тајвини, преку змиите, преку олена, џофри итн за уствари крајот беше она што сите го сакавме на почетокот но измеѓу вметнаа уше 10 други приказни и тоа беше она што ги маѓепса сите уште повеќе. И не кукајте за крајот туку кукајте зошто ни ги вметнаа сите тие приказни за сега да осеќаме празнина за многу не доискажани приказни само со цел да се заврши серијата. Мислам дека им беше страв дека ако ја развлечат дека ќе ја изгубат популарноста и дека е подобро да завршат додека се најдобри и тоа им е најголемата грешка и критика од мене.
 
Grey worm излезе носејќи го окован Тирион со намера да го егзекутира за после 3 минути Тирион практично да избере крал и да стане hand of the king и Џон Сноу да преживее после убивањето на нивната кралица за која го поминаа морето спремни да умрат за неа. Тридимензионален шах јеботе.

Не можам да се решам која сцена е подебилна. Оваа со “советот на старешини” или таа кога Џон Сноу и презентираше зомби на Серси како продавач на кирби правосмукалки.


Огромниот потенцијал кој лежеше во фактот дека Џон Сноу е пола Таргеријан и пола Старк наместо да биде клучен елемент при разврската го искористија за квасење муда.
 
@RickyLFC9

Која средновековна елективна монархија станала успешна демократија, тие држави со феудален систем или пропаднале или станале апсолутистички монархии со силен централизам во 17-18 век, па после се трансформирале во демократии преку народни револуции (Франција) или во парламентарлни монархии преку благороднички револуции (Англија).

Да формираа некаков парламент со што ќе ја ограничеа улогата на монархот ќе имаше повеќе смисла. Како сега овој систем гарантира стабилност на Вестерос? По смртта на Бран, би почнале еден куп сплетки, заговори и преговори за нов монарх за на крај пак да доведат до вистинска граѓанска војна.

И која е логиката според тебе освојувачите (Ансалид и Дотраки) едноставно да се повлечат откако изгинаа за својата кралица. Кога умре Александар, генералите не се вратија во Македонија и да има ја вратат Персија на персииците, туку си ја поделија империјата меѓу себе.
 
Bran: “I’m not the Lord of Winterfell.”
Tyrion: “You don’t want it?”
Bran: “I don’t really ‘want’ anymore.”

Fast forward...

Tyrion: “If we choose you, will you wear the crown?”
Bran: “Why do you think I came all this way?”

Fanboys ја бранат сезонава како запослени у администрација што го бранат премиерот.
 
Требаше и мораше крајот да се врти околу Дени и Џон. Или еден од нив или двајцата заедно. Можеа добри комбинации да се направат. Можеше Џон да им откаже љубов на Старкови и да ги скине Санса и Арја да воведе ред во the North и заедно со Дени да владеат. Можеше Џон да полуди и покаже лидерство после горењето на Кингс Лендинг па цел Вестерос да добие абер дека Џон е rightful heir to the throne и да се телепортира војска од цел Вестерос (како што правеа порано во серијата со брзи патувања) пред Кинг Лендинг па змејот да нејќе да се бори против Џон. Можеше Дени да консолидира позиции сеа и да ги скине сите пред да си воведе свој поредок.
Требаше да заврши така кралски, rising from the ashes со знамиња со трубачи со крунисувања, или можеби мега свадба со сите срања како што е редот.

Вака избраа премиер од ЛДП ебате.
 
Bran: “I’m not the Lord of Winterfell.”
Tyrion: “You don’t want it?”
Bran: “I don’t really ‘want’ anymore.”

Fast forward...

Tyrion: “If we choose you, will you wear the crown?”
Bran: “Why do you think I came all this way?”

Fanboys ја бранат сезонава како запослени у администрација што го бранат премиерот.
Дали тоа значи дека го сака тронот? Или па смета дека тоа е единственото решение?
 
Требаше и мораше крајот да се врти околу Дени и Џон. Или еден од нив или двајцата заедно. Можеа добри комбинации да се направат. Можеше Џон да им откаже љубов на Старкови и да ги скине Санса и Арја да воведе ред во the North и заедно со Дени да владеат. Можеше Џон да полуди и покаже лидерство после горењето на Кингс Лендинг па цел Вестерос да добие абер дека Џон е rightful heir to the throne и да се телепортира војска од цел Вестерос (како што правеа порано во серијата со брзи патувања) пред Кинг Лендинг па змејот да нејќе да се бори против Џон. Можеше Дени да консолидира позиции сеа и да ги скине сите пред да си воведе свој поредок.
Требаше да заврши така кралски, rising from the ashes со знамиња со трубачи со крунисувања, или можеби мега свадба со сите срања како што е редот.

Вака избраа премиер од ЛДП ебате.

На било кој начаин од ова набројаново да завршеше пак ќе имаше некој што ќе мрчеше за таков крај.[DOUBLEPOST=1558385290][/DOUBLEPOST]
Дали тоа значи дека го сака тронот? Или па смета дека тоа е единственото решение?

Смта дека е најдобро но не единствено
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom