Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Абе, едини сум што останува на страна на Денерис до крај? :icon_lol:

п.с пошто серијава ја изгледав "маратонски", а после секоја епизода читав и стари мислења на темава, можам да заклучам дека истата врие од плачипутки од членови, 90% се такви, кој не верува, бујрум, нека прочита одново 1102 страни да видите што се нема пишано.
Не уживате во најдобрата серија на сите времиња :rolleyes:
 
57h7o6p6f4z21.png
 
Знае ли некој со сигурност дали епизодата ја има во 3 часот на HBO Go или во 4.30 после прикажувањето на редовниот канал.
Osven edna (za koja najavija deka ke bide vo 4:00), vo 3:00 gi pustaat.
 
Osven edna (za koja najavija deka ke bide vo 4:00), vo 3:00 gi pustaat.
Фала за инфо.

Се мислам во колку да станам за да ја гледам. Во 3 или пак во 6 пред работа. Како и да е утре ќе бидам waking dead ама нема друго решение зошто се ќе биде преплавено од спојлери.
 
Последно уредено:
Osven edna (za koja najavija deka ke bide vo 4:00), vo 3:00 gi pustaat.

Мислам си грешка, на Хбо Го ги пуштаат покасно заради некој да не лупа спојлери ке земе ке ја убрза серијата и ке го дознае крајот пред сите нас,затоа и на страната на хбо мкд и 4 и 5 епизода достапна пишува од 05часот на ХБО ГО.
 
Мислам си грешка, на Хбо Го ги пуштаат покасно заради некој да не лупа спојлери ке земе ке ја убрза серијата и ке го дознае крајот пред сите нас,затоа и на страната на хбо мкд и 4 и 5 епизода достапна пишува од 05часот на ХБО ГО.
Јас ги гледав во 03:05 едната и другата во 03:30 заради НБА.
Мислам третата во 04:00 ја пуштија. Ама претходно најавија.
 
Последно уредено:
А кога од прилика испаѓа торент,ако знае да пише некој ?
 
Мислам си грешка, на Хбо Го ги пуштаат покасно заради некој да не лупа спојлери ке земе ке ја убрза серијата и ке го дознае крајот пред сите нас,затоа и на страната на хбо мкд и 4 и 5 епизода достапна пишува од 05часот на ХБО ГО.

кај го пишува тоа? дај скриншот?

јас петта епизода ја пуштив у 3:05 на hbogo. за третата објавија дека ќе ја пуштат саат време покасно, ја пуштија во 3:50. инаку муабетот со спојлерите, тој шо ја глеа лајв на тв на hbo, верувам не пали ни форум ни фејсбук за да види спојлери :) тој шо пали, ако му е, реално :)
 

Жими се овака ќе изгледа ако ја режираа сезонава од Кајгана форумот па уште Најт Кингор и збори:pos:. Мислам дека Дарлинг или Берик го побара тоа, не сум сигурен, демек барем да прозборел со Бран. Како и да е слика и прилика се што бараа го имаат тука, плус CGI на завидно ниво.
 
Барем тоа е реално тука за разлика од спартак.
Тука Theon додека беше во бродот дур ја плескаше таа курвата, апла се гледаше дека е грдосија, има фаца за улично испуцано курвиште.
Во спартак, улични курви, слугинки, секакви помии јадат, од рудник ги изнесуваат, од прв до последен заб сите наредени бели, светат. Или па дополнително, што никој нема екстра влакно на него, или сите се перфектно исчупкани и средени.

налет, да не зборуваме за спартак, втора омилена серија ми е после GoT.

Вторава сезона добро тргна, интересни работи се случуваат. За разлика од други филмови каде што се прават сојузи па после настануваат меѓусебни војни, овде сите од старт знаат кој што сака и како. Сцената со Волкот и Џејми е добра, а овој се брадосал онака врзан за стубот, грев ме фаќа за него :)
Калиси ми е моментално досадна, само шета по пустињето и се жали и ги теши тие нејзините.
Најдобар момент, кога Theon ја грабна сестра му да ја пофаќа на коњот, после кога разбра дека му е сестра. изразот на фацата, priceless :D

Одма сум се пуштил во муабет, од 2011 си ја гледам серијава макар да, прво мислење ми е 2012. Ги проврткав страниве додека го најдам првото мое мислење на темава, и ја гледам радоста низ другиве постови на сите тука кога објавуваа дека сепак ќе се снима и наредна сезона(тогаш 3та).

Споредено со тогаш, гледам дека кај повеќето тука преовладува истото мислење, генерално поради лошава сезона 8,
„Дај нека заврши“ „Stop it, it's already dead“.
Кога најавија дека ќе продолжат без книгите(на почеток спојуваа ликови) очекував дека ќе застранат по нивна страна креирана во нивната имагинација, (посебно за сезоните каде што немаат книги од каде да црпат материјал), ама не очекував дека немаат воопшто имагинација.

Да замолам да не ме напаѓате со коментари дека не треба да ја гледам серијата ако барам да биде иста како книгите, генерално повеќе сакам добри сцени, добра приказна, добар дијалог, во претходни сезони исто викав дека е ефтино да се снима серијата, затоа што ако имаат добри дијалози спремни, нема да им треба многу за да ги седнат двајца актери во соба на замок и да слушнеме повеќе за ликовите и за вестерос дури и ако не го следеа веќе текстот од книгите.

Големи средства исфрлаа по CGI и единствен успех им е Интересни снимки на змејови. Години гледање на серијава уназад го уништија со оваа сезона. 7 сезони ја гледаме Санса како од мало девојче стана политичарка и главен носител на политики за нејзиниот крај да биде сведен на тоа дека е кодош и тоа лош. Џејми комплетно уништен лик, од негативец до херој и наеднаш во една епизода, ај умри доста ти е.
Впрочем сите ликови така завршија или ќе завршат, без да имаме расплет како што заслужуваме и ние и тие ликови од серијава што ја гледаме со години. Пак да ги спомнам книгиве, Едард Старк пред да умре разговара со Варис, добиваме слика за се што се случува околу тој лик и разврска ова сега е убрзување 10x и затоа петицијата да се преснима за 1 ден стигна 1 милион потписи.
Комотно сезонава ја споредувам со новиве амерички комедии кои одат во стилот „Ја ќе прднам, вие смејте се“ - Бен Стилер стил.

Како и да е, сезоната нема да се преснимува, што ќе добиеме тоа ќе голтаме, уште 2 и нешто саати до крајот на една добра авантура, дај нека заврши веќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom