Едноставно е, портланд е далеку послаба екипа од ГСВ и беа преморени од гејм 7 со денвер. НЕ е мала работа да избориш конференциско финале после тешки сезони, психичкиот и физички замор не можеа да го надминат за 2 дена. Така да, јас воопшто не би ги критикувал. Напротив, СУПЕР освежување се во годинашниот плејоф.
Од друга страна се судруваш со шампион кој веќе поминал низ сето тоа, се судруваш со системска одбрана (како што кажаа погоре) и се судруваш со едни од најдобрите тројкаши на сите времиња (кари и клеј)...
РЕТКО која екипа може да се носи со сето тоа.
Многу ќе ми биди мило, ако ништо друго, потрланд да земи 2 натпревари против ГСВ, чисто онака БАШ ради Лилиард пошто дечкото е ѕвер. АКО сакаше можеше да размислува да замини во било која посолидна екипа и да се бори за прстен со надеж дека ќе го освои, но емоционално е приврзан за екипата и остана да си го ебава векот со полуспособни играчи, за негова жал.
Ако она на дјурант не е некоја посериозна повреда, тогаш може да ги ротира со кари и еден од нив да одмара до крајот на серијата (ќе им ја намали минутажата едноставно).
Во вака поставена НБА и овој систем на игра повеќе од изненадување ќе биди да видиме годинава некој друг шампион освен ГСВ. Тоа се знаеше уште пред почетокот на сезоната и натаму одат работите. Добро е што видовме добри утакмици, барем некои од нив досега беа супер.
Кога сме кај Зион и цела прича со АД, мислам дека АД можно е да остани уште една година до крај на договор, да си го испочитува и потоа да оди кај му душа сака. Вака и екипата ќе учествува во неговиот трејд, а во таа година барем ќе види кон каде тежнеат работите со Зион и дали ќе може да се очекува нешто во иднина, сепак добар е и детето се најавува како наследник на Леброн.
Околу АД, ако евентуално размислува кон тоа да освои титула треба во најмала рака да оди во тим каде што е Леброн или КД, се' oстанато ќе биди експеримент и не се знае кон што ќе се сведи. Самиот тој е веќе склон на повреди, така да може да остани да изигра една цела сезона од почеток до крај, исто и леброн ќе има уште една сезона да им посвети на лејкерс и на крај нема да ме чуди да завршат некаде заедно.
АД само со него можам да го смислам во комбинација или со КД.
Доколку го ставиш во екипа со Кајри, со Каваи или со Џими мислам дека таквата екипа ќе има далеку послаби резултати во плејоф.