Две епизоди од по саат време ги истрошија за да ни покажат 80 посто глупости и 20 посто вредни сцени, а само шест епизоди има сезонава. Некој и погоре спомна, се собрале сите во круг Брен им кажува дека е Three eyed raven и никој ништо не го праша, у стил океј е дечко сѐ знаеме. Подобро да беше подолг делот кога Тирион го прашува да му раскаже за своето патување. Сцената со Џејми и Брен пред дрвото исто се одвиваше вака:
-Жал ми е што те турнав од прозор.
-Ок, немаш гајле сеа јас не сум Брен Старк.
-Кој си?
-Three eyed raven.
-Ок ме боли кур.
Наместо дејството да се случува околу (најверојатно) најважниот лик во оваа сезона, тој е на страна цело време како 13то прасе.
Денерис не можам да ја сварам како карактер па затоа може имам набиено некаква одбивност, ама стварно има глупи сцени со неа. Имаше и добри елементи епизодата, како сцената кога беа кај огнот (освен тоа со Тормунд, ама добро навикнати сме да биде таков лик, не е толку проблем) и после на крајот со песната тоа беше одлично. Исто и Сем кога му го предаде мечот на Џора и муабетот на бившите членови на Night's watch беа добри делови од епизодата. Како и да е, сите добри елементи од двете епизоди да ги сместеа во една епизода која би била прва во сезоната ќе имавме многу подобар старт, вака чекавме уште една недела за минимум случувања.