Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Да не ги исмеваме.
Мислам дека овој спорт е многу благороден и има многу врска со карактерот и општото однесување. Ако тие се однесувале некоректно некогаш, не треба да се возвраќа на ист низок начин.
Девојкава истрчала 6 минути побрзо од нашиов со PB.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Прв пат 21 километар. Меѓу најјаки чувства што ги имам почувствувано.
При крај гладот највеќе ми сметаше, гел е сепак задолжителен. За плускавците не ми се прави муабет, недела дена ќе имам проблеми со нормално одење.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499

Имаш во Спортвижн чорапи Champion три пара за 400 денари, трчај само со нив. Задебелени се кај петицата и прстите, нема веќе да имаш :)
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Имаш во Спортвижн чорапи Champion три пара за 400 денари, трчај само со нив. Задебелени се кај петицата и прстите, нема веќе да имаш :)
Со Капа спортски чорапи трчам, не верувам да е до нив.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Со Капа спортски чорапи трчам, не верувам да е до нив.
Тогаш можеби е до патиките.
Дома имам 10тина пара патики за различни намени и од старките и од адидас нео ми се појавуваат плускавци и при обично пешањече ако направам 5-6-7 км...
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
za Kiradjievi, sekoja cest za rezultatot, Ace e neprikosnoven vekje povekje godini vo MK maratonite. Soprugata negova e istotaka neverojatno dobra so vtor rezultat na site vreminja vo MK, a e majka na dve deca i gospogja dosta preku 40god (malku e nekulturno za dami i za godini) i ova nejziniot rezultat go pravi stvarno za sekoja pocit. Vesna Kiradjieva e von forma vekje nekolku godini, a svoevremeno bese opasna, postavi nekolkupati rekord na 10k,HM,Marathon. Sekako vo megjuvreme dojdoa 1-2 pobrzi devojki, no toa e normalen proces, kako sto kje dojdat za nekoe vreme i pobrzi od ovie sto sega sega se na vrvot.[DOUBLEPOST=1554840874][/DOUBLEPOST]za corapite, individualno e kolku nekoj e otporen na pluskavci, znam lugje koi trcaat vo najnekvalitetni corapi i falsh patiki, trcaat brzi vremanja i pritoa nemaat pluskavci. Vo mojot slucaj, sekogas imav pluskavci se dodeka ne pocnav da nosam dobri patiki za trcanje. Koga nosev poevtini (cena 2000-3000den) adidas, rebook, new balance, iako site bea modeli za trcanje, sekogas mi pravea pluskavci koga trcav nad 10km. Koga konecni kupiv dobri patiki pocnav da dobivav pluskavci sekogas koga trcav nad 17-18 km, pa onda kupuvav specijalni dryfit nike carapi za trcanje(izgor cena, kupiv 2 modela), koi nemaa bash efekt. Potoa kupiv celosno poliester od Aliexpress, specijalizirani za trcanje, nekoi 200den par, no sepak kadekade poeftini od najkot, i prv pat mozev da udram 21km bez pogolemi iritacii.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.265
Поени од реакции
18.226
Пред 1 месец сакав да се пријавам за 5км трката, и решив да идам на кеј да видам до кај сум. Истрчав 3 км и осекјав како оштра болка во гради. После некое време пробав пак и се откажав овој пат :D . Дали имал сличен проблем некој, пример од интензитетот на трчањето? Неам осет баш кое темпо го трчам ниту мерам пулс.Чудно ми е дека при други физички активности како точак, фудбал немам никаков проблем.
Во меѓувреме бев на спортска медицина и тие ми рекоа дека е се е океј.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258

Друже интензитетот од фудбал и точак не е приближно ист со тој при трчање. При фудбал ако малку се умориш почнуваш да каскаш или да одиш по теренот, точак исто намалуваш, трчање нема одмор, дури и да трчаш најспоро што можеш, пак интензитетот е голем и напорот е присутен, особено ако си со вишок килажа, оптеретуваш зглобови колена целото трчање, најверојатно и heart rate ти е повеќе од што треба, затоа и чувствуваш болка, срцето не е навикнато на толкав напор, позајми часовник од другар за трчање и види колку ти се движи heart rate, срце е сепак, нема заебанции тука. И немој да трчаш 3 километра ако чувствуваш дека ти се напорни, направи 3 чекори наназад за да одиш 5 нанапред, прво трчај малку па оди па трчај па оди, направи така 5км, потоа соодносот на трчање и одење нека ти биде повеќе на страна на трчање, па уште повеќе, па после дури пробај да истрчаш одеднаш.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Таа болка најчесто е поради зголемената потреба за кислород :) постепено накачувај километража и ќе ја снема
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Се пријавив за мојот прв полумаратон, се надевам дента нема да се погоди коленово да ме зеза. Сега уште да одлучам какви патики да купам. :D

P.S. Ќе има годинава пејсери?
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Се пријавив за мојот прв полумаратон, се надевам дента нема да се погоди коленово да ме зеза. Сега уште да одлучам какви патики да купам. :D

P.S. Ќе има годинава пејсери?
Ќе има, за 1:30, 1:45, 2:00, 2:15, 2:30.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Како подржувач на сите трки во Македонија да ве информирам за некои нови трки на радарот во престојниот период.

Трчај бе (Битола): трка на 15 септември 2019, 5 и 10км дисциплини, за 10км има добри награди, а и финишерско медалче + маичка драј фит, што за 400 денари мислам е одлична понуда. 5км е 250 денари.

Струмички ноќен полумаратон - 9 јуни 2019, трки на 5,10 и 21км, 400 е котизација за 5км, 500 за 10км, 600 за полу, вклучено маичка драј фит и медал во секој од пакетите + ваучер Гармин 1200 денари.

Кавадаречки ноќен полумаратон - 16 јуни 2019, трки на 5,10 и 21км, 600 денари старнина. За секој учесник ќе има медал.

6-та трка во Најк лигата - на велики петок, 26 април, 5км трка. Бесплатна трка што се одржува на секој две недели во месецот, во 8ипол часот почеток кај скејт паркот кај Жабарот.

Додавајте слободни ако има и други.
 
Последно уредено:
Член од
13 март 2010
Мислења
378
Поени од реакции
480
Многу набрзина овие трките ние обичните смртници не можиме да ги истрчаме сите :unsure:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom