Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска Коста Манев ги реметеше играчите на Работинички, човекот го имаше секаде на нашата половина, скоро сите дуели ги доби, браво!
 
На овој состав уште 2-3 играчи да му се додадат, пред се офанзивци, има да газиме све пред себе!
 
Едино ме загрижува клупата колку е тенка, види денес кои беа резервисти. Се надевам Тошевски и Битанг брзо ќе се вратат.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Матеј дал гол :confused: ??
Сумљиво е тоа нешто, мора да се работи за некоја грешка во извештајот или па зимал некои допинг супстанци хахаха

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Даде гол, иако беше очобол.
Брдаровски убаво се проби, нафрли од десно, а овој клизна и само ја протна во гол. Во прва имавме уште две добти шанси. Мицевски мавна еден добар волеј и за малку не даде еврогол, а Лира излезе сам пред гол, ама биеше крај стативата. Во второ ја умртвивме играта и вредеше само соло акцијата на Фелипе за голот. Се на се, не му дозволивме многу игра на Работнички кои мавнаа една добра пречка, ама повторно бевме очајни и безодејни во нападот.
 
Работнички е очај од тим со сите оние промашени појачувања зимоска и не треба сега да паѓаме во некаков делириум, али битно со оваа победа им се одалечивме на оние екипи што ни дишеа во врат и сме на сигурна оддалеченост за местата кои водат во Европа...
 
Иначе во врска со Херанц што некои од вас се бунеа зашто од Вардар така лесно го шутнале, испадна не го шутнале Вардар туку он си побарал раскин на договорот преку ФИФА поради неисплатени плати.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Иначе во врска со Херанц што некои од вас се бунеа зашто од Вардар така лесно го шутнале, испадна не го шутнале Вардар туку он си побарал раскин на договорот преку ФИФА поради неисплатени плати.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
А ако го шутнат, не смее да си бара парите?! Не разбирам на што алудираш. Како ти заклучи дека не бил шутнат поради тоа што си ги барал парите преку ФИФА?! Парите кога тогаш мора да ги добие, а дали бил шутнат или не е тотално ирелевантно во случајов.
 
Колку сме стерилни во нападот, тоа е чудо невидено.
Среќа што ја стегнавме одбраната, па немаме примено гол во последните 5 натпревари (скор 4-0).
Титулата официјално е загубено, а добро е што во овие неколку кола направивме предност во однос на конкурентите за Европа.
На 4 бода сме од Академија Пандев кои имаат натпревар помалку, но од четвртата позиција на Ренова бегаме 13 бодови.
Со други зборови, ако нема проблем со финансии и апликацијата за Европа, тогаш обезбедување на една од позициите 2 и 3 ни е загарантирана.
 
Очајни крила што не можат да создадат вишок играч, за очајниот напаѓач веќе е многу пати зборено и ефектот е тој. Во офанзивата се е засновано на моментот на инспирација на Фелипе, но сега соиграчи не му се оние од пред 2-3 години.
П.С. Повторно ми е нејасен Тетовка со одлуката да го остави Жунињо на клупа, а без него сме како хендикепирани на левата страна.
 
Цела оваа ротација на играчи ме тера да размислувам дека имаат наредба да некои играчи достигнат некој лимит на натпревари, односно дека им го билдаме cv-то.
За крилата нема потреба да се трошат зборови, одамна се' е кажано. Дури и во сезоната кога отпаѓавме, ми се чини дека Вардар беше поопасен во нападот.
 
Кире Маркоски мачка во Словачка штета што не го зедовме.
 
Кире Маркоски мачка во Словачка штета што не го зедовме.
vo ni eden moment vardar ne bese blisku do angazman, toa bese samo od mediumite. i igracot i negoviot klub ne sakaa on da se vrati da igra vo 1. MFL, prioritet bese da odi vo pozajmica vo kolku tolku asalna liga (ne deka taja na slovacka e za klasi podobri, imam gledano natprevari i ne e mnogu pokvalitetna od 1. MFL, no daleku poorganizirana i so pomalku padovi vo kvalitetot).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom