Вкус, лично убедување, мислење..истата работа е.
Не е секогаш меродавен параметар статистиката, особено не за голмани.
Ти напишав и во претходниот пост, голманот е таква позиција која воглавно зависи од играта на целиот тим. Со квалитетна одбрана пред него, среден ред што ќе знае да задржи топка и нема да биде изложен на толку напади, дури и просечен голман ќе изгледа добро.
Ако толку сакаш статистики, Шчесни има најдобар процент на одбранети удари ( најверодостојна статистика за голман) околу 71 %, а Ханда и Џиџи имаат по 67% двајцата. Колку може да лаже статистиката, Алесио Крањо (веројатно вака се пишува) од Каљари има 68 %, па никој не ни помислува да го спомне во тој муабет за најдобар голман.
Според овој параметар Војо е најдобар голман во лигата, ама размисли малце за моќта на Јувентус како колектив, најдобар тим во Италија со страшна одбрана пред него.
Друг факт, Шчесни има 8 натпревари помалце изиграно од Донарума и Ханданович, па овој процент на одбранети удари негов може лесно да варира.
И последен факт, однос меѓу удари во гол и одбрани:
Донарума 92-137
Ханда 82-121
Шчесни 55-77
Или со зборови да ти протолкувам, Донарума е многу повеќе изложен на удари во рамки на гол во споредба со другите двајца.
Заклучок- Неможеш слепо да веруваш на статистиката кога зависи од многу променливи фактори, особено за позицијата голман.