Горан Пандев

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.393
Поени од реакции
85.338
Ако не се лажам, на Пандев му фалат 15 гола за да стигне до бројката од 100 гола во Серија А...

Ќе биде зезнато, ама се надевам дека некако ќе успее да стигне до стотката ...
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Ако не се лажам, на Пандев му фалат 15 гола за да стигне до бројката од 100 гола во Серија А...

Ќе биде зезнато, ама се надевам дека некако ќе успее да стигне до стотката ...
Нема теоретска шанса. :D
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.868
Поени од реакции
6.380
Ако некој има време и желба, да стави една компарација/статистика на достигнувања Горан Пандев vs Дарко Панчев ? Не ми е многу позната кариерата на Панчев и баш ме интересира колку се блиску/далеку... нели ова на залез на кариера на Пандев па мислам дека може еден осврт да се направи и да се даде една констатација. Благодарим.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.632
Поени од реакции
4.220

Сите тие споредби кој е подобар од нив двајца доаѓаат само поради тоа што кариерата на Панчев пропаѓа на 27 години, до тогаш Дарко има без дискусија подобра кариера и има достигнато индивидуални достигнувања кои се мисловна именка за Горан.
- Уефа (не сум сигурен дали и ФИФА) рекорд за најмлад најдобар стрелец на едно национално првенство на 18 години со Вардар во сезоната 1983/1984. Овој рекорд сеуште е несоборен.
- Златна копачка на Европа.
- Сребрена топка на Франс Фудбал за втор најдобар фудбалер во свет истата сезона.
- Трет најскап трансфер во историја на фудбал е неговиот премин од Ѕвезда во Интер летото 1992 год. (Милан со истата сума се обидува да го доведе кај нив како прв избор за напаѓач, откако не успева, го купува Папен од Марсеј кој ја добива Златната топка на Франс Фудбал за најдобар играч во свет таа година).
Едноставно, своевремено најдобра фудбалска деветка во Европа после Ван Бастен. Пандев не верувам дека некогаш бил и во топ-10 во свет на својата позиција.
Тука треба да се додаде и карактерот. Горан е многу поголем човек од Дарко, кој е тежок сељак и егоист. Поради тоа многу луѓе не го сакаат Дарко и го ставаат Горан на пиедестал како најдобар македонски фудбалер на сите времиња.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.170
Поени од реакции
5.821
Ако некој има време и желба, да стави една компарација/статистика на достигнувања Горан Пандев vs Дарко Панчев ? Не ми е многу позната кариерата на Панчев и баш ме интересира колку се блиску/далеку... нели ова на залез на кариера на Пандев па мислам дека може еден осврт да се направи и да се даде една констатација. Благодарим.
sporedba e malku teska bidejki imaa prilicno razlicni karieri. darko pancev e igrac koj pravese partel vo dobra no ne top liga (jugoslovenskata imase osetlivo poslab level od top 5 ligite, bese nesto nalik kako deneska sto e portugalskata ili ukrainskata). koga ja napusti jugoslovenskata liga na 26/27 godisna vozrast nigde ne se naigra, ustvari segde krajno razocara, taka sto na edna strana gi ima golemite uspesi vo jugoslovenskata liga krunisani so evropska i svetska titula so crvena zvezda, a na druga strana ne bese sposoben da se probie ni vo italija ni vo germanija iako bese vo najdobrite fudbalski godini.

za mene goran pandev e podobar vo sporedbata bidejki se probi dolgorocno vo top 5 liga i isto na klupski plan gi osvoi najdobrite tituli. vo italija na vrvot na negovata kariera ne bese tolku dominanten kolku sto bese pancev vo jugoslavija, ama IMO povise vredi so godini da si eden od podobrite ofanzivci vo top liga odkolku da si bil najdobar vo osetlivo poslaba liga i da ne se si probil vo dve top ligi iako si bil na prilicno mlada vozrast.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.868
Поени од реакции
6.380
А кој се причините според луѓето кој го прателе во тоа време, што не успеал никаде подалеку од Југословенска лига? .. Повреди предпоставувам не се во прашање.. да не добивал шанса, а трет најскап трансфер у сфет , не верувам... симптоматично малку.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.431
Поени од реакции
87.092
А кој се причините според луѓето кој го прателе во тоа време, што не успеал никаде подалеку од Југословенска лига? .. Повреди предпоставувам не се во прашање.. да не добивал шанса, а трет најскап трансфер у сфет , не верувам... симптоматично малку.
Има многу фактори, али ете едната е дека до 27 години играл само во една лига... одиш во друга земја, појака лига, подруг начин на игра, нормално поголем притисок и немање многу време да се адаптираш на тој фудбал.

Во Југославија имало правило играчите додека не наполнат 27 или 28 години, да не смеат да заминат да играат во друга лига. Шекуларац е пример кадешто е држен од властите на сила да не потпише со Јувентус.

Додади го + она македонското "кур ми е, двор ми е" и ете завршил со фудбал во 1997 година во Сион

Панчев ги има повеќето награди добиени како светски фудбалер, можеби бил и подобар фудбалер не викам не, али Пандев си направи солидна кариера и е многу почитуван во Италија ради тоа. Панчев денес го знаат само ние Македонците, оние од Црвена Ѕвезда и норално Интерашите по тоа дека испаднал најголемиот флоп некад (добро традиција е кај нив да купуваат флопови :D )
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Од тоа што имам читано се курчел малце и не сакал да работи во дефанзива во Интер и затоа дремел на клупа. У смисла идам како најдобар стрелец од Ѕвезда, треба екипата да игра за мене, а не јас за неа. :D
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.170
Поени од реакции
5.821
А кој се причините според луѓето кој го прателе во тоа време, што не успеал никаде подалеку од Југословенска лига? .. Повреди предпоставувам не се во прашање.. да не добивал шанса, а трет најскап трансфер у сфет , не верувам... симптоматично малку.
vo italija kako igral koga igral ne znam bidejki ne sum gledal negovi utakmici, no vo germanija bese katastrofa, ednostavno togas nemase kvalitet za vo bundesliga. pamtam kon kraj duri negov trener se sitese, go prasaa zosto pancev ne moze da dobie vozdusen duel i trenerot kaza nesto vo pravec "pancev e mnogu inteligenten fudbaler, on ne se trosi vleguvajki vo duel nego so strplenie ceka slucajno nekoja topka da stigne do nego"... kratko posle toa i go otkacija. sto da se kaze koga veke negovite treneri go remetea.

voobicno ne e cudno fudbaler koj od prosecna preminuva vo top liga da ima problem iako bil megu najdobrite vo poslabata liga, isto promena na stilot e problem, sepak 90ti se uste se igrase fudbal vo koj centarforite imaa prilicno mnogu sloboda vo igrata odnosno ne moraa previse da se zamaraat so defanzivni zadaci. duri vo germanija vo toa vreme imase kup centarfori koi malku rabotea vo defanzivata. pancev verojatno neigranjeto kaj inter go upropasti i do tolku padna vo forma sto posle nigde ne funkcionirase, ne mozese da se probie ni kaj klubovi koi bea megu poslabite vo ligata.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.393
Поени од реакции
85.338
И нормално Интерашите по тоа дека испаднал најголемиот флоп некад
Ама очигледно газдиве на Интер се огромни фанови на Панчев па последниве години сериозно работат на тоа да не е најголемиот флоп
 
Kajgana Shop

На врв Bottom