Кладилници, казина подалеку од населени места ?

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?


  • Вкупно гласачи
    239
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.463
Поени од реакции
5.881
Замени го зборот коцкарница со алкохол/марихуана/ЛСД/порно/мастурбирање/цигари/вонбрачен и предбрачен секс/видео игри/џанк фуд/певаљки/што сакаш и горе-долу твоето мислење ќе биде исто (со тоа што нормално, некои од нив се духовни, некои телесни, а некои материјални „фамилијарни уништувачи“).
колку деца се оставени без родителска грижа поради алкохол и дрога,дај да ја забраниме продажбата на алкохолот, за дрогата да не правиме муабет, зошто не се скинат сите канали на дистрибуција, да не не можат, па секој просечен тип кој е поактивен во чаршиските кругој ги знае кој се сите нарко-дистрибутори, ама само полицијата не знае.Се фатил некој оџа да сере за кладилниците а онаму со пушки се шета, ми е смачено од лицемерие а не дека сум аларгичен на албанија.
Треба да се стремиме кон подобро општество, а тоа не се прави со давање на слобода на индивидот да промовира се и сешто или да конзумира се и сешто.

За жал моментално све се дозволува, не трујат на секој можен начин.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Види ги па овие Косово, затвориле кладилници а у секое село организираат борби со кучиња на кои се кладат на велико...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.137
Иначе во Албанија се забранија казината и игрине на среќа во исклучок на тие што се наоѓаат во повеќе ѕвездени хотели.
паметно

газдите се вадат демек запослувале стотици вработени, а индиректно уништуваат илјадници фамилии

јес да ништо не е со сила, но во глобала кладилниците се ПОРОК и мал дел од популацијата се офајдиле
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Треба да се стремиме кон подобро општество, а тоа не се прави со давање на слобода на индивидот да промовира се и сешто или да конзумира се и сешто.
Кажи си слободно, треба шеријатско право да се воведе. Зошто се стегаш, наши сме...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Тоа е покерско размислување за казино каде во една вечер “некој-некаде-изгубил-куќа/кола/се останато“. Казината денес се сосем друга ствар од типичното народно покерско размислување.Во една вечер не се губи цел имот. Нешто налик на хероинот, никој не зема смртоносна доза но е роб на истото. Повремено ќе фрли 100ка,200, 500, 1000ки на апаратите, се навлекува наоѓа финти шеми еднаш ќе потфати 5/10 000 денари после назад истите ги носат. Тоа е безизлезен круг на зависност, не го коцкаат тоа што го спечалиле преку ноќ во овие автомат клубови туку редовно им носат приходи. Како рата за кредит во банка.
Хм не би рекол, јас со свои очи имам видено еден пациент како изгуби речиси 7000 евра на рулет во Сенатор до Беверли и тоа во неполни 2 часови, па на крај почна да го крши екранот со боксови што гарант за поправка го имаат одрано уште некоја илјадарка.
Мал е процентот на луѓе кои знаат што прават и што со употреба на математика и знаење заработуваат од ваквите работи, а голем дел се пациенти кои почнуваат на заебанција по некоја стотка и на крај завршуваат како пропалици кои губат цели плати на едно седнување.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Сум за релокација и сум за инвестирање процент од профитите во центри за рехабилитација и едукација. Слично како што има луѓе кои проблемите ги решаваат со алкохол и дрога има и такви кои спас гледаат во коцката така да доколку идење на психолог не стане меинстрим коцкањето ќе си остане проблем. Коцкање ради немаштија е веќе трет проблем.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.626
Поени од реакции
5.266
колку деца се оставени без родителска грижа поради алкохол и дрога,дај да ја забраниме продажбата на алкохолот, за дрогата да не правиме муабет, зошто не се скинат сите канали на дистрибуција, да не не можат, па секој просечен тип кој е поактивен во чаршиските кругој ги знае кој се сите нарко-дистрибутори, ама само полицијата не знае.Се фатил некој оџа да сере за кладилниците а онаму со пушки се шета, ми е смачено од лицемерие а не дека сум аларгичен на албанија.
Кај гледаш лицемерие жив ти све?
Не ми треба оџа да ми каже што не чини, сите овде имаме најмалку по еден заразен коцкар во поширокото семејство и знаеме како е. И не мислам на милионери.

Лично не ги сакам по населени места, нека ги има по хотели.[DOUBLEPOST=1553419094][/DOUBLEPOST]
Кажи си слободно, треба шеријатско право да се воведе. Зошто се стегаш, наши сме...
Не верувам дека постои албанец кој сака да се воведе ако му објасниш што е шериатскиот закон.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Кога више почнале у Албанија да ги преземаат правилата од Саудиска Арабија и Исламска Држава, кај и да е, забрана за цркви би требало да следи.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.984
Поени од реакции
23.943
Хм не би рекол, јас со свои очи имам видено еден пациент како изгуби речиси 7000 евра на рулет во Сенатор до Беверли и тоа во неполни 2 часови, па на крај почна да го крши екранот со боксови што гарант за поправка го имаат одрано уште некоја илјадарка.
Мал е процентот на луѓе кои знаат што прават и што со употреба на математика и знаење заработуваат од ваквите работи, а голем дел се пациенти кои почнуваат на заебанција по некоја стотка и на крај завршуваат како пропалици кои губат цели плати на едно седнување.
Да, само што тоа не постои на автоматскиот рулет.
Тешко дека со математика ќе успееш и на оној класичниот рулет кој е управуван од крупие.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Споени двете теми за затварање/релокација на казина и кладилници.

Ама ако муабетот продолжи да се фокусира на Албанија и креаторот на втората тема, ќе биде бришено.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Да, само што тоа не постои на автоматскиот рулет.
Тешко дека со математика ќе успееш и на оној класичниот рулет кој е управуван од крупие.
Не ми се однесуваше таа реченица за рулетот, општо за игрите на среќа, кладилниците и казината.
Во казино не постои ниту еден апарат што може да го победиш, евентуално на маси со карти покер или блекџек ако успееш да заработиш нешто со знаење што е пак под знак прашалник.
Во кладилници можеби со добри анализи и информации, паметно вложување на сингл натпревари и ќе извадеш некој денар, али според мене стресот и нервозите се преголеми за да на човек тоа да му биде главен извор на средства.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.984
Поени од реакции
23.943
Не ми се однесуваше таа реченица за рулетот, општо за игрите на среќа, кладилниците и казината.
Во казино не постои ниту еден апарат што може да го победиш, евентуално на маси со карти покер или блекџек ако успееш да заработиш нешто со знаење што е пак под знак прашалник.
Во кладилници можеби со добри анализи и информации, паметно вложување на сингл натпревари и ќе извадеш некој денар, али според мене стресот и нервозите се преголеми за да на човек тоа да му биде главен извор на средства.
Да, во право си.
Кладилницата е најдобриот избор од овие сите игри на среќа.

Конкретно за блекџекот, има можност за броење на картите, ама пак се сечат 2.5 шпила од вкупно 6 (или 8, зависи од казиното) и шансите да ги знаеш картите кои следат се намалуваат. Иако има многу филмови и видеа за броењето карти, тврдам дека е премногу тешко да станете богат и да ја измамите куќата.
Знам дека блекџекот не е многу популарен во Македонија, а и меѓу постарите има друго име. Го викаат “Ајнц“.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Zaso da se zatvorat? Od kazina poubavo ima li? Razubavija ni go gradot so svetilkite <3
 

Kajgana Shop

На врв Bottom