Здраво имам едно прашање можи не е за тука , ама можи па и некој ќе ме просветли во кратки црти . слушав кај што правеа муабет едни луѓе а јас никогаш не ми текнало да причитам/научам како функционира таа работа . прашањето ми е за Валута односно Курсот на парите на една држава , пример Македонија има 61.4 денари за едно евро Чешка 25 коруни зедно евро, Бугарија 2 лева за едно евро , е како настанал тој курс , рзбирам дека економијата на државата игра улога во паѓање и кревање на курсот ама пример зошто Македонија има фиксен курс а пример Чешка секој месец е различен , мислам ме разбирте шосакам да прашам, . Друг пример шо ме буни а некој спомнуваше дека курсот се определува според залихите на злато и така натаму на државата , е сега Македонија 61.5 денари неможинда биди толку многу појака во споредба со Унгарија 320 форинти , тоа ми беше прашањето , ако не е за тука слободно избришетего
Еве многу краток одговор на прост јазик зошто е тоа така, ја имаш Венецуела за пример, таму за еден шлепер пари можеш да си купеш лепче, а другиот ден ќе ти требаат 5 шлепери за тоа, причина за тоа е инфлацијата.
Инфлацијата настанува кога имаш некоја светска сила која сака да те преебе и нормално неспособна власт која не ја бива за никаква економија, Венецуела по се изглеада освен нафтата ништо друго не произведува, додека на Турција иако и падна економијата последните 2 квартали, се држи сега за сега, на Русија и се случи исто кога го лапнаа Крим, ама и она се држи.
Во одржувањето на курсот на валутата се грижи некоја банка (кај нас Народната), кога таа гледа дека и се качува вредноста штампа пари, кога гледа дека и се намалува ја зголемува каматната стапка со што сака да го стимулира штедењето во таа валута, а со тоа и побарувачката за таа валута, во корист на некоја светска валута.
Тоа е тоа во кратки црти зошто се качува и зошто паѓа вредноста, додека првичната вредност на некоја пара се одредува кога таа се издава за првпат, тој што ја издава ја цени со некоја светска валута и вели оваа парче хартија со цифра 100 вреди 1 долар, понатаму со вредноста се случува онаа погоре.