Очекувано е да не е истиот комфорт, бидејќи патикиве не се во иста категорија за споредба. Како што ти пишав Zoom Elite 9 како ептен лесна патика, повеќе се препорачува само за трки, на петата воопшто нема zoom како што има напред кај прстите, ако буцнеш со прст кај петата ќе осетиш доста потврдо во споредба со Асиксот. Доста е помека Кумулус 18 и ти треба време на стапалото да се навикне на Zoom Elite 9. Следно од Најк пробај Пегасус моделите, ако начекаш на попуст секако, мислам погодени би ти биле.