Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Тие што летале за Берлин, колку време отприлика треба од слетување на авионот до почеток на „слободно движење“ низ аеродромот, сосе пасошка, сосе чекање багаж?

Авионот слетува 15:15, а има Фликсбус што трга од аеродром во 16:25, па дали има шанси да не го фатам навреме?
 
Ако слета на време, верувам дека го фаќаш, дури и ќе чекаш 10тина минути. Јас немам слетано у Берлин. Ама слетав у Франкфурт, и цела процедура не траеше повеќе од 30 минути. Секако на излез од авион ќе се ушуњаш малце меѓу првите. Нека ти каже уште некој лично искуство за Берлин, ама мислам дека саат и 10 минути се многу.

За каде фаќаш Фликс?
 
За Прага.
Има премногу во текот на денот, но оние што поминуваат низ Шонефелд се ретки, па сакам да го фатам тој, да не се траскам до автобуска.
 
Не би ти кажал со сигурност дека ќе го фатиш, нека ти каже и некој друг. Ама ете на пример Франкфурт аеродромот мислам дека е најголем у германија, па немав повеќе од 30 минути задржување. Како што ти пишав, на искачање од авион ќе се бутнеш малце од страна, ако ти е битна секоја минута. :) Aко ти касни авионот тогаш не знам. Али мислам дека 50 минути би било преку сила, дури тоа е премногу. :)
 
Дечки како се рачуна големинава на куферот кој е дозволен како рачен багаж( оној без доплата)
По големина или некако на друг начин?
Треба да патувам до Швајцарија и незнам како оди баш начинот?
 
Димензии тие што ги пишува на визз, 40x30x20 cm и до 10 кила.
Ако е со друга компанија, не знам.
 
Ако имаш wizz priority и слета на време ќе фатиш на време затоа што багажот е со тебе и нема да го чекаш, во принцип за излез најмногу за куферите можемда се чека.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 
Тие што летале за Берлин, колку време отприлика треба од слетување на авионот до почеток на „слободно движење“ низ аеродромот, сосе пасошка, сосе чекање багаж?

Авионот слетува 15:15, а има Фликсбус што трга од аеродром во 16:25, па дали има шанси да не го фатам навреме?
Јас пред некој ден во Дортмунд од излегвење од авион со чекање на пасошка контрола и чекање на куфер ме фати 1 сат и 40тина минути, а други пати го имам истово поминато за само пола сат. Така да се зависит од среќата.
 
Не сум летал со Виз до сега, сигурно многу прашале пред мене.

Иам ранец 50х40х20 а дозволено е 40х30х20.

Има шанси да го протнам ако не е препунет?
 
Постои некоја посебна причина зошто повратните летови до Бремен се редовно значително поефтини отколку летовите до останатите градови во Германија или онака го издвоиле за поефтин град?
 
прва и основна причина е тоа шо е нов лет... секогаш таа е политиката на Виз Ер, додека го "разработат" ќе идат со пониски цени, а и веројатно и побарувачката на карти е помала, односно нема многу наши во тој дел на Германија.. плус релативно блиску до Бремен се и Хамбург и Хановер, а Виз Ер веќе лета од овие две места.... цените мислам дека сите компании ги формираат врз основа на атрактивноста на локацијата, побарувачката на карти и кој дел од денот е летот (претпладне, попладне, вечер)...

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Постои некоја посебна причина зошто повратните летови до Бремен се редовно значително поефтини отколку летовите до останатите градови во Германија или онака го издвоиле за поефтин град?
Тоа што ти го напиша @DimceY плус како што знам нашата влада дава субвенции за нови дестинации на виз (дава на сите виз летови ако не се лажам ама за нови линии е поголема сумата)
 
При резервација за лет ( платен ) нели требало некој код да ти стигне на мобилен ? Каков е тој код одма стига и што потоа со тој код? Што ако не ти е стигнат на мобилен? Го ома негде на страната/апликацијата? Фала позз

Шифра за потврда да е тој код или ?
 
Последно уредено:

Не се сеќавам дека некогаш ми стигнал код на мобилен?
Од каде купуваше карта?
Со која авио компанија леташ? Секоја авио компанија или страна за резервирање си имаат различен систем, најчесто се слични ама не нора да значи дека се исти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom