- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.125
- Поени од реакции
- 13.227
Баш го гледав интервјуто на Васко со Гордана Силјановска и ми се допадна интензитетот на спротиставност и директни обиди да се деградира соговорникот, во споредба со Канал5 каде што дебелата на Заев му вика "ајде сега премиере да им појасниме на гледачите да не се во заблуда", тука Силјановска цело време беше напаѓана до ниво на ароганција, кое патем на моменти беше достигнато, но жената во никој момент не се фати во јамка, напротив изјасни мошне истрајни и доследни ставови. Би сакал да видам емисија каде што и Заев ќе биде вака напаѓан, а не пред емисија да се договараат кои прашања може да се постават, кои не, за како прваче да си научи убаво што да каже. После тоа, баш ми текна да се консултирам со едно другарче што трча по штабови за Сдсм, а го сметам за човек со малку поквалитетни ставови од обичните испрани партиски мозоци, и ми вика дека е свесен дека Силјановска е каде каде поквалитетен кандидат од Стево, и дека ако било обратно сценарио Силјановска да била кандидат за Сдсм, победата би била најубедлива досега, но и секако уверен бил дека Сдсм ќе победел. И со ова уште еднаш вака со искрени муабети на кои не можам ништо да замерам, бидејќи пред се ценам искреност, ми се разјаснува тоа дека луѓето ги заболе стапот кој е кандидат, ниту што тој има во својата агенда ниту каков профил на човек е, и Амди Бајрам да го кандидираа Сдсм, тие пак ќе гласаат за нив, секако во потполност важи и обратното сценарио.
Друга работа, постојано низ годинтие и со една и со друга влада, гледам сечат црвени ленти, се фалат насекаде, како донеле вода/струја до некое населено место, како гасовод направиле, како канализација средиле. Алоооооо господа 2019 сме, наместо да се пикнете во глувчова дупка од срам дека досега ништо не е превземено, и безчујно да им овозможите на луѓето основни услови за живот и егзистенција на толку даноци и украдени пари,вие правите спектакал како кујзнае што да сте направиле.