Ништо нема да им направат од агенцијата. Одиш да го вратиш и ќе те убедат со враќање на парите.
Газдите на големите маркети се заштитени, освен ако не е некоја маалска продавница и да го јаде за сите останати. Од пријател што работи во магацин на голем маркет порано ми има кажано дека намерно земаат производи со рок уште 2-3 месеци поради ниската цена по која им го продаваат, а на нивните купувачи го препродаваат како да има рок уште две години.
Тогаш нов маркет кој се отвори мислам средина на ноември и производи со рок до март.
Рок на употреба на вакви работи се проверува на лице место и уште помалку се купува од маалска продавница каде помалку се трошат и нова роба се носи поретко. Или од позади пребарај сигурно имаат понови.
Најголеми превари прават со оние производи што ги мерат и по сто пати им лепат нови лепенки врз датумот.
После тоа со кроасани, јогурти и пудинзи.
Пред 5 години за малиот требаше да купам овошен јогурт и гледам останале уште две и тие со поминат рок. И одам на каса да им кажам на тие да веќе два дена е поминат рокот и да го повлечат од продажба, ок дечко веднаш. Аха веднаш.
Наредниот ден отидов да проверам дали имаат донесено нови и повторно тие истите со поминат рок ставени во фрижидерот.
Се погоди три дена по ред да влегувам во тој маркет и три пати ги видов истите.
Мислев да ги купам и да ги фрлам, ама се ќе беше џабе тоа не може да ги спречи и нареден пат да го направат истото.
На крај ќе купи некој што не внимава и на децата ќе им даде такво.