Знаеме ли што јадеме и зошто не? (Декларациите во Македонија)

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Тоа да не го видите кога го купувате.... :cenzura:
Не ми е јасно не ја гледате паковката дали има примено воздух, да не е мувлосано, колкава е грамажата, рокот, дали повторно е ставано на вага и залепена друга лепенка врз старата и на кој датум е мерено и пакувано? На вакумирани работи и на се што е во фрижидер се гледаат овие работи.
Не ти е прв пат да купиш вакумирани производи со мувла и мерено 100 пати и на него еден куп лепенки. :)

Пакувано 7 месец минатата година, ова милион посто е било ставено понапред, а знаеме напред какви производи редат, за да го купат оние што земаат набрзина, не гледаат и право ставаат во количка.

Во врска со рокот иако има уште неколку месеци може пакувањето било оштетено при отварање на кутијата или при редење и има навлезено воздух или е заборавено и чувано надвор од фрижидер.
Колку пати низ маркет наоѓате производи оставени од некој купувач кој откако ќе го стави во количката се предомислува и не го купува. Го остава било каде, само не назад на местото.

Ова е за казна на вработените на фрижидерите а нема врска ништо со производителот. Не може никој од магацин и оној што реди и проверува рокови на фрижидер да не го примети и да дозволи да се прими вакво нешто и да дојде до купувачот.

Порано во еден маркет кога работеше еден другар имаа казни за рокови и секој вработен требаше секој ден да проверува рок и ако случајно се продаде производ со изминат рок и го купи некој и им го врати назад, тогаш вработениот ги плаќаше и тој и сите останати што се на рафт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom