Мослење некој кој е најдобар проф. објектно? Го презапишав и има ли некој проф/асистент каде што подобро ќе поминам и полесно?
Зависи на кое ниво си запознаен со програмирањето, до кој степен ти е развиена логиката и ги сфаќаш работата.
Ана МБ - можеби единствен професор кој користи методи како во средно, основно, односно испрашува рендом луѓе, и колку и да го мразев тоа на почетокот кога бев труба, подоцна сфатив дека е нешто најдобро и дека сакал нејќел од 100% неразбирање на часот, ќе разбереш нешто, бидејќи ќе ти го објасни директно тебе и нема да те остави дур не се осигура дека си го сфатил. Исто така, имаше моменти кога требаше на лист сите да напишеме како би требало да изгледа кодот, и поминуваше покрај секој да види (50 души) да види дали има некој што не знае да му објасни. За ова и нема рамен, и ако сакаш пристап што највеќе личи на средно/основно оди кај Ана, супер е.
Маџаров - како што кажа Гард, програмира кодот секој час, и доста често не ни поминува по слајдови, туку суштината преку примери ја објаснува во директен код на практични задачи или пак задачи што се паѓаат на испит, ако учиш редовно, и не ти е шпанско село тоа што се работи, Маџаров ти е убедливо најдобра опција.
Ивица - најдобар за тапчовци, ако не учиш редовно, и ти треба некој соџвакано да ти ги претстави работите, Ивица ти е најдобар за тоа, за најпристапен начин ќе ти предаде, е сега лошото е што тоа што ќе ти предаде ќе го сфатиш, ама нема нешто многу да ти се најде при полагањето испит, ќе мораш дома да седнеш убаво и да видиш како што би се променило, според слајодив оди се педантно.
Невена - не ми се допадна начинот, многу ми брзаше, исто по предавања оди, ако ги сфаќаш работите и тековно учиш, би немал проблем и кај неа мислам.