Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Paa i Sela e ist kako Milenko samo albanska verzija, e tie dvajca zboruvat gluposti edniot za Anticki Makedonci drugiot za iLiri i kako sme bile jaki pred 2000 godini.... a najtragicno e deka tie dvajca decata gi imaat so Americki pasos i drugiot so Svajcarski pasos i tuka vo MK zboruvaat gluposti na siromasniot narod sto ne mozeme mesec so mesec da izvadime od tolkava siromastija... za toa sme ostanale kako opstestvo 2000 godini nazad.... Sela i Milenko ti se isto go*mno samo drugo pakuvanje...
:bravobe:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Не знам колку е точна оваа информација Албанци се собрале пред куќата на Миленко Недељкович
https://www.facebook.com/1320984254/posts/10218361656335691/

Комунизмот иако не постои веќе 3 децении сеуште опстојува преку овие луѓе и преку луѓе како Али Ахмети.

Барем во овие моменти да немаше инциденти.Се надевам дека МВР нема да дозволи некоја поголем инцидент.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.070
Поени од реакции
4.117
Ех, по потрага за вести околу несреќава повторно сум на форумов по 2012.... Жално за семејствата :(
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Нема промени, да се надеваме дека нема да се накачува бројката на загинати... а во критична остануваат тие неколку пациенти, 2ца се на апарати за дишење во 8ми септември.

Кога тоа?

Знам се направи забуна затоа што излезе дека еден од загинатите си го сменил презимето неодамна, па го имаше на листата два пати, и со старото и со новото презиме.
Na na nejzinata emisija - problem so Milena
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.070
Поени од реакции
4.117
Еве што кажа нашиот пријател Хан, кој исто така го искористи овој момент да спомне Северна Македонија, многу безобразно од докажаниот ни пријател. Во ваков момент, едноставно требало да каже „вашата земја“, или „нивната земја“...
СОЧУВСТВО ОД ХАН ПО ПОВОД ТРАГИЧНАТА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА
Комесарот за проширување и соседска политика
-Длабоко жалам за тргичната сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Скопје-Тетово во Северна Македонија. Нашите мисли се со семејствата и пријателите на загинатите и на повредените, стои во твитот еврокомесарот Хан.
Значи според тебе Хан е крив што ние се викаме Северна Македонија?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Не е убаво да се пие, поготово не е убаво да се меша водка и ред бул. 100 пати сум кажал...
Screenshot_20190215-020914_Facebook.jpg [DOUBLEPOST=1550193562][/DOUBLEPOST]Го направив лом и резил Миленко на сите денешни и вчерашни постови на фб бидејќи ми дојде преку глава. Земал ми забранил да не можам да му лајкнувам него и на тие што му пишуваат, а и не можам да му пишувам веќе на постовите во коментари.
Исто така ги избришал и сите постови каде што го напаѓаат него, а ги оставил постовите на Албанците каде што го вреѓаат и на Македонците што го бранат.
Гнаса скапана.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.792
Поени од реакции
17.015
.. Карма било, господ гледал итн. И нормално албанциве се навредени и они почнуваат со националистички пристап да пишуваат. Ужас.
Еве сега гледам покренати биле 5 постапки за говор на омраза, фала курцу редно беше.
зошто само албанците се навредени ?? има жртви од автобусот и од македонска национална припадност...
.. друго, МВР поднесе ли пријави кога имаше говор за омраза при смртта на Саздо?? ( за Смилковско и Дивље да не зборувам...), дивеење на играчите и навивачите на Шкендија, полошо од било каков говор ???
А каков е тој говор на омраза што 18 години не може да опстане споменик на Карпалак, па мораа да го преселат во Прилеп ??? Ако сакаме единство, тој споменик мора да се врати таму....
Што ќе ни се гаранците од Рама и Тачи за границите на Северна Македонија ако во неа сме граѓани од втор ред ???
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Пред две години секој ден патував од Гостивар за Скопје и обратно со „Дурмо Турс“. За враќање секогаш го користев терминот од 16:15, односно баш истава линија во која што се случи несреќата. Со оглед на тоа што веќе со години, секогаш се возам со „Дурмо Турс“, би сакал вака од лична перспектива да дадам коментар.

Не сум експерт од таа област, не знам што се случило со автобусот, не знам колку редовно биле сервисирани. Од User Experience можам да гарантирам за професионалноста на возачите, за хигиената, за точноста на автобусите.

Автобусите ги возат Македонци и Албанци (Компаниајта е на Албанец). Сите се добри луѓе и сите се, барем за наши стандарди, професионалци. Иако не ги познавам лично, сите шофери ги почитувам многу. Цел Гостивар праќа разни писма, торби за студенти преку нив, шоферите и компанијата не бараат ниту денар за таа услуга. Неколку пати дури и точакот го имам пренесувано со нивните автобуси, без никој да ми каже збор.

Многу долго се возам со нив, знам дека никогаш не се пречекорува брзина. Никогаш не се дозволува претовар со патници и секогаш во најфреквентните линии се пушта + уште еден автобус. Автобусите нормално, со текот на времето им застареа, иако далеку од тоа дека автобусите се канти. Сум се возел со многу компании, ама „Дурмо Турс“ увек сум ја сметал за одлична компанија кога станува збор за македонските стандарди на јавен превоз. Тука подвлекувам линија за компанијата.

Засега 14 познаници, братучеди на најдобри другари и соседи ги загубив лично јас, ама трагедијата го погоди и цел Гостивар, сепак за мал град станува збор. Во автобусите се возат сите националности, односно сите гостиварци, па затоа од старт крајно примитивен ми е самиот муабет кога некој ќе рече загинале толку Македонци и толку Албанци. Како и да е, знам дека трагедијава нема да му ги отвори очиве на еден така примитивен народ, заслепен од простотилук и омраза, иако цела Македонија и цел Балкан виде дека сите во автобусот крвареа исто, сите солзи имаат иста тежина.

Јас сум пораснал меѓу Албанци и фино ги знам што народ се. Народ со ненормално голема емпатија. Се дешавале разни глупости меѓу двата народи, сме се тепале, мразеле, навредувале, ама во лош момент, Албанецот ти излага во пресрет со цело срце. Не треба јас да кажам, има илјада видеа на кои се гледа како луѓето се убија за да ги спасат жртвите, викнаа приватни багери и со приватни коли ги носеа жртвите.

Искрено сочувство до сите семејства на загинатите, ова е премногу голема трагедија. Премногу голема за да ги спомнам Миленко и Ванковска, ама и сите други кои се ситеа на хороров. Сите што ги браните монструмиве или што во најмала рака сакате да ги оправдате, дали сте се запрашале како е да ви кажат дека вашиот син доживеал сообраќајка. 5 саати да го барате од болница во болница и на крај да ви кажат дека е во судска медицина? Да се тресеш дали другарот завршил со факултетот и се качил во автобусот во 15:15 или 16:15? Се надевам дека кармата ќе проработи.
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191

Се убаво си напишал, и со последната реченица се си покакал.
Кармата си работи, баш вакви дешавки се карма, и посетник за тоа колку лош и „затровен“ народ живее тука. Џабе се сите маски дека се сакаат и поштуват „различните луѓе“(по вера, националност и сл.), кога само ваквите дела ни дават шанса да се докаже тоа.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Комунизмот иако не постои веќе 3 децении сеуште опстојува преку овие луѓе и преку луѓе како Али Ахмети.
Што има комунизмот врска со ова бре бот?
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.799
Поени од реакции
3.887
Вчера околу 16 часот попладнето, баш кај што работам во центар помина автобус на Дурмо Турс потполно идентичен како тој што се преврте. Во него се возеше само 1 патник.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.984
Се убаво си напишал, и со последната реченица се си покакал.
Кармата си работи, баш вакви дешавки се карма, и посетник за тоа колку лош и „затровен“ народ живее тука. Џабе се сите маски дека се сакаат и поштуват „различните луѓе“(по вера, националност и сл.), кога само ваквите дела ни дават шанса да се докаже тоа.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
Уште се дрзна да му каже дека све '' покакал ''.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
зошто само албанците се навредени ?? има жртви од автобусот и од македонска национална припадност...
.. друго, МВР поднесе ли пријави кога имаше говор за омраза при смртта на Саздо?? ( за Смилковско и Дивље да не зборувам...), дивеење на играчите и навивачите на Шкендија, полошо од било каков говор ???
А каков е тој говор на омраза што 18 години не може да опстане споменик на Карпалак, па мораа да го преселат во Прилеп ??? Ако сакаме единство, тој споменик мора да се врати таму....
Што ќе ни се гаранците од Рама и Тачи за границите на Северна Македонија ако во неа сме граѓани од втор ред ???
Биди попрецизен; македонците се граѓани од втор ред, во држава која им е преименувана и која практично веќе не е нивна/македонска, туку новокомпонирана.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom