Вака-така склопивме солиден тим, овај тим да го имавме од старт ќе му бегавме 10 бода најмалку на Струга
а сега е обратна ситуацијата.....
Единствено можи нападот остана моментално на хартија како најслаба точка, ама и без засилувањата Бале туркаше голој, така да сега очекувам повеќе шанси да имаме и нормално БалеГол да решети во противничките мрежи. Ете сега и овој Шопоски е мачка во вреќа, ако се погоди можи да е од корист, некни му дал гол на сограЏаните нивни
На почетокот имав блиско инфо од првиот чоек во клубот, дека приоритет му била оваа сезона да се игра претежно со битолчани и МЛАДИ деца од школата, под услов за понатаму да излези некој асолен играч од клубот и дека оваа сезона не се надевале за брз кам-бек во елитата.
Сега можи се предомислија на полусезона, па зедоја доста искусни играчи и предноста до прво место не значи ништо, достижна е, само проблем ќе бидат гостувањата кај белокапците како и секогаш, покрај стадион чекаат и се закануваат кај судиите со зоља
Па судењето кај планинците е 99-1 за домаќинот......
Со оваа екипа очекувам барем дома да сме сигурни без кикс и во гости колку е можно да собериме повеќе бодови, ама пак ќе речам кога ќе се видат какви екипи има во Запад, тука улога игра и друг фактор....
Ако не успејме ништо оваа сезона, следната со овај тим треба преку 20 бода да бегаме на вториот, сега колку се можностите и колку е силата за да бркаме оваа сезона влез ќе видиме, а дека тимот доби на квалитет-доби.