Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Меси стартува
Еве го составот: Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Роберто, Ракитиќ, Бускетс, Видал, Меси, Кутињо Суарез.
Тоа е тоа со составот со оглед на повредата на Артур и суспензијата на Алба. Може требаше Малком место Кутињо, ќе видиме како ќе тераат, доста битна утакмица.
 
Џабе расправаме овде, пресликана е минатата сезона. Со таа разлика што годинава ни куп ни лига ќе земат.
 
Тежок е овој дуел со Атлетик, недостасува една од главните алки во тимов Алба. Видал е ужас на средина, Суарез не е за трчање туку за реализација на готови акции, инаку е неупотреблив.
 
Овој Суарез упропасти едно 10акции најмалце.
Кутињо не знам што пробува да му подаде на Суарез , боље му е да шутира кога може.
Ракитич место да продолжи напред (имаш празна лева страна) он пребацува за да смени страна.
 
И сеа смрдените весници ќе го критикуваат Кутињо, а ни збор за свињата Суарез. Денес Кутињо супер игра со Семедо, ама свињата се заебува. Се разбира и за кретенот Роберто не смеат да писнат.

Меси е спремен 50% денес. Дембеле, Боатенг ин, само што тоа неѓа да се случи. Бод е премија со ваква игра.
 
Паднаа во играта Атлетик. мора да запнат сега.
 
Ако го извади Кутињо наместо некој од Суарез/Видал/Ракитич стварно е ретардиран тренеров.
ПС: Суарез сам со топката пред да тргне напред, се сопнува...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom