Многу е лесно да плукаш, да критикуваш, да шеташ по улици, да шараш објекти, се курчиш на фацебоок . . . . а што после кога треба да превземеш одговорност, кога треба да се фатиш за работа, кога треба да завршиш некоја работа/проект . . .
Дај да гледаме во иднината без разлика како ве воспитувале дома, за доброто на сите . . . Груевски е појдовна точка. Знаеме што направил. Тој е единствениот што нешто работеше. Можеби ја сроза демократијата, но економските успеси неможеш да му ги негираш.
1. Даночна реформа. Направи даночен систем кој функционира. Многу даноци намали, некој преполови, некои со години бевме ослободени да ги плаќаме (добивка). Според мене ова му беше најдобар потег . . .
2. Изгради 3 автопати . . . не 90% туку 100%.. тука е милијарда задолжување.
3. Во негово време се зголеми јавниот долг , но пораснаа и девизните резерви за 1 милијарда евра . . .
4. Изгради индустриски зони, 30 фабрики и вработи 160.000 луѓе од кои 50.000 во администрација..
5. Изгради стадион, 2 спортски сали, споменици, стиропор зданија, бродови, ограда, аеродром ....
6. Имаше поголем економски раст од сите наши соседи и еден од најголемите во Европа . . .
7. Платите пораснаа за 65%, а невработеноста ја преполови.
8. Скоро го дуплираше gdp per capita . . .
Ова е појдовна основа, досега според мене е најдобар премиер, одвај чекам да видам некој подобар бидејќи јас сум одлучил да живеам во мкд. Секој успех на било која влада е добар по мене . . . . мене не ми е битно дали е Груевски, Бранко, Љупчо или Заев, битно е да имаме поголем економски раст од соседите и да одиме напред.
Што имаме денес . . . После скоро 2 години власт . . .
1. Сите градежни проекти беа стопирани, демек биле промашени . . . за по 1-2 години да продолжат каде што застанале. Центар е целиот крш, демек поубаво било руина отколку барок . . . Демир К. Смоквица целосно беше изграден во Грујово време, само некој далновод (столб) се поместуваше година дена.
2.
Зголемување на даноци и акцизи, а РДТ се укина . . . смешки . . . најголема реформа им е РДТ што се укина . . . Се руши еден даночен систем кој супер функционираше.
3.
економскиот раст е најмал во Европа . .
4. Администрација се трупа со партиски војници, синови, ќерки . . . Исто како во Груево време . . . .
5. ништо не се работи само се дебатира, а тоа што се работи е рушење.
6. нема ниедна поголема странска инвестиција . . . .
7. фонд за иновации спичка 10+ милиони евра по роднини . . .
Сите долгогодишни плукачи на Груевски неможат ниедна значајна позитивна
економска работа да набројат за неполни две години што е дело на новата власт . . .
Изгледа срушивме една власт за да дојде друга понеспособна. Ако е целта да бидат ВАШИТЕ на власт супер. Ако омразата и малодушноста ви е движечка сила, само продолжете . . . ама не етикетирајте и дозволете да размислуваме со своја глава . . . Јас сакам проекти, работа, економија, пари, а не дебати, плукање, манипулации . . .
p.s.
@filipidi е нов Грујомрзец, он мисли дека ние Сингапур бевме, а Грујо не уназадил . . . . .
Он незнае дека пред Грујо имаше 24% персонален данок, 15% данок на добивка, 19% ДДВ . . . и затоа луѓе работеа на црно . . .
Незнае дека невработеност беше 38%, а од индустрија имавме само текстил и металургија кои во 2008/09 година секако ќе пропаднеа . . .
Во 2006 година на Скопски аеродром трансферираа 700.000 патници, а денес се над 2 милиони . . . Платите во 2006 година беа 12.000 денари, а денес се дупло . . .
И тогаш студентите од економски факултет излегуваа без да знаат што е фактура и како се смета ДДВ (процент) ама затоа сега се сите економски експерти . . . Не влегол во фабрика да види со какви машини располагаме, колку неписмени работници и инжињери имаме . . .
Као ние да сме биле Јувентус ама судијата не заебал . . .
Ама најдобро е да се плука...
Тука јас прекинувам со дебата . . . нема поента . . . секогаш ќе се најде некој нов политички инструиран лик кој ќе етикетира, а нема ниеден факт да изнесе . . .