Како да се бричиме?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
Shave1.jpg
Бричењето на влакната на нозете кај жените како и лицето кај мажите најчесто е проследено со црвенило и иритација на кожата. Сепак, кога лицето на мажот и нозете на жената се мазни љубовта побрзо се распламтува, затоа бричењето или подобро, отстранувањето на влакната е дел од секојдневната естетика поради што би требало да се почитува како феномен.

За да се намалат негативните ефекти би требало да се размисли околу тоа дали ќе се употребува електрична машинка или влажен брич и пена.

Не е лошо да се спроведе практика на помал број бричења во текот на неделата. Ова не важи за мажите кои се во војска, но останатите можат да се дозволат да се појават на работа со еднодневна брада.

Доколку се користи брич со еден нож можеби бричењето не е доволно длабинско, но предизвикува помала иритација на кожата.

За мажите кои стануваат наутро, се препорачува да не се бричат веднаш откако ќе ја напуштат постелата, туку да почекаат најмалку 20 минути со што ќе ги намалат шансите за „сечење“ на своето лице.

За отприлика толку време фацијалните мускули се затегаат.

shaving_legs.jpg
Пред бришење пожелно е да се измие лицето со жешка вода за да омекне кожата.

Секој има свој стил но она што се препорачува е ред и во бричењето. Прво би требало да се избричат образите и пределот над горната усна а потоа вратот. Освен тоа, кога еднаш ќе се помине со бричот истото место не би требало да се „оголува“ по вторпат.

Се разбира дека после употребата жилетот треба да биде оставен чист.
 
Jас сум се бричел и со машинка еден подолг период нормално се бричам со брич (Моментално користам Wilkinson).
Не знам зошто ама кога се бричам се бричам само надоле , не одам контра како што многумина прават (ко демек поостра станува брадата), ама причината еза контра е да биде местото помазно, во секој случај првите месец два кога ќе почне човек контра да се бричи многу почесто се јавуваат мали инфекции, или исфрлувања.
Истот е и со машинката на кожата и треба едно месец дена да се навикне (од сопствено искуство), по што не се создаваат проблеми од типот на иритација, ама брадата заострува појако отколкуу кога се бричи човек контра.
Јас лично после секое бричење без разлика дали со машинка или класично со брич и пена, употребувам афтершејв, моментално не како колонска вода што се туку балзам (моментално од Nivea)кој е измешан со состојки кои ја негуваат и омекнуваат кожата.
 
ја секој пат коа се бричам од многу брзање мела се праам...ко да ме колеле...:) колку и да пазам и да следам вакви совети џабе е, коа имаш 5 минутки не пазиш баш многу
 
epa Tha-BiTcH e posledna licnost od koja bi zemala sovet kako da se bricam na noze posle odmorot so nea...si znae ona zosto kako :) :)
 
Bacillus gagous напиша:
J
Не знам зошто ама кога се бричам се бричам само надоле , не одам контра како што многумина прават (ко демек поостра станува брадата), ама причината еза контра е да биде местото помазно

Тука си у право, „мавање контра„ предизвикува иритација на кожата и затнување на порите што може да предизвика инфекции. Се препорачува да се бричи само во насоката на растење на влакната. Подобро е да се бричи почесто отколку поретко но со контра.
 
Јас почнав од шесто да се бричам ама памтам еднаш како се искасапив па оттогаш повеке внимавам:toe:
 
Абе луѓе ја од 8мо оделение се бричам кога мало влакненце имав на мене па не ми излегуваше црвенило или слично нешто. Некои ми се жалат и со пени и некој гелови ама проверете и до бричот. Некои мислат дека со бричон може да цепа 6 месеци без да го смени. Јас што сум слушал од доктори што ми кажувале вика по правило една недела ако секој ден се бричиш и фрлај, не било здраво. Е сега за мене една недела ќе ми биде прескапо ама затоа секоја втора или трета недела го мењавам бричот и немам ни црвенила ни ништо. А и не напоменав имам купено цела козметика само за бричење и тоа го прави ефектот.
 
Секогаш сум се бричел контра :toe: поубаво ми е а и помазно станува...затоа да бричот треба да го менуваш почесто зашто 80% од црвенилото е од бричот не од тоа како се бричиш
 
јаз бричот ко менувам секое 2ро бриченје :toe: црвенило после бриченје имав од почетокот кога почнав ама сега не ,, контра фајкам кога ке ми текне оти многу време трошам и така
 
Eve jas se bricam dva pati vo nedelata. Bricot ne sum go smenil veke 2 meseci, i nemam nikakvi problemi, ni crvenilo ni nisto. Se bricam samo nadole, kontra nikako ne fakam. Koga bricot e nov nekako me sece na poveke mesta. Po bricenje ne stavam aftershave i ne me pece. Ne znam sto e rabotava, tolku li gruba koza imam? :)
 
Се бричам 1 во неделата, се бричам контра нормално и дека по убаво ми е така и бричот го менувам на 2 недели бидејки 2пати со 1 брич доста е мислам јас.:helou:
 
еднаш до 2 пати во неделата контра и мислам дека иритациите и инфекциите се од бричот нема врска дали контра или во насока на влакненцата се бричиш
 
Абе темава не е колку пати се бричите... Има таква тема, оваа е за совети како да избегнеме црвенило. Со црвенилото имам проблем, само ако не се бричам повеќе од недела, и многу ме чеша.
 
Црвенилото можно е да се јавува ако појќе притискаш со бричот, барем така е кај мене. Тогаш појќе се иритира кожата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom