Па, не мислам на буквално распарчување, иако и тоа не е неможно. Јас ги кажувам фактите: Грците не даваат да си ги исполнуваме нашите определби. Имаме држава, сме одбрале име од 1944 година, во 1991-92 е осамостоена, никому не му правиме проблеми... По сите меѓународни права, немаме вина. На Грција ѝ текнало да не дава да се викаме Македонија. И уште да не можеме да сме член на ОН, што не е „приватна“ дружина како ЕУ и НАТО. Бугарија си бара ние да сме Бугари. Белки треба ние да одлучиме за тоа. И тоа да било услов за влез во НАТО и ЕУ. Па со тоа Бугарија само покажува и докажува дека не е дорасната за членство таму. Како мали деца. Пак, не е тоа наша вина, туку на Бугарија.
Антиквизацијата е проблем? Кој го измисли тоа? Можеби е проблем што Вардар тече низ Скопје, па да го промениме и тоа. Како прво, сите ние, а особено територијата на Македонија (целата) има премногу историски остатоци од минатото. Македонија од времето на Александар и Филип е светски најпозната историја, а ние сме на дел од нејзината територија. И не смееме да го одбележиме тоа? Не е проблем ако има споменик на Александар во Африка или САД, проблем е ако е кај нас? Тоа е наша работа, дали и што ќе поставиме. Не кршиме никакво меѓународно право, а Грција си поставува споменици и си именува што сака и како си сака и никој не и зема за зло. Оставштината на нејзината територија слободно ја истакнуваат. Посте 23 века, сé е изменето, колку сме ние антички македонци, толку се тие такви. Илузорно е да се поистоветува некој со нето од пред 2300 години. Но, факт е дека потекнуваат и живееле на овие простори. Треба ли да ја урнеме Хераклеа Линкестид кај Битола? Веројатно Филип II ја создал. Глупости. Какови се тие глупости заради „антиквизација“ да имаме проблеми. Ако се другите ненормални па за тоа да прават проблеми, нека е така, ама тогаш треба да си побараат психијатриска дијагноза, а не да изигруваат „европејски граждани“. Тоа треба да е наш проблем, евентуално, а не на другите. Да, ако од кај нас има иредентистички појави, повик на територијални претензии и слично, тоа е веќе друго нешто. Иако, и територијалните претензии за некого не се проблем, како во случајот Косово-Србија.
И вие имате митови дека сте Бугари, слободно си го користите тоа име, а реално Бугарите (прабугарите) се азијатски племиња кои се населиле овде. Ама, вашата карактеристика е словенска, а не бугарска. Но, тоа е ваше право како ќе се викате и чувствувате.