Па, кога се бројат, тие се Бугари. Јас знам зошто се изјасниле така, ама бројот си е број, никој не прашува дали лажирале бугарство. Така, не се глупави паралелите. Едно да дискутираме дека земаат државјанства за економски бенефит, а друго е кога се гледаат официјални статистики. Тоа е тоа. И ти реков, престани да изигруваш најпаметен. Дискутирај културно.
Лаицизам е дека
националноста е фиксна работа... може да се менува, тоа е релативна работа а не е ниту прецизна.. има ДРУГО, некој држави бараат да имаш одредено
потекло за да бидеш во одредена државна служба...На пример во УК за да бидеш во Кралската авијација треба не само таткоти туку и дедоти да живеел во УК. Братучедми, иако мајкаму е од УК, бидејќи таткому е хрват не го примија во кралска авијација, ако е полноправен англичанец и роден таму итн...
Друга глупост се грците... тие не ги признаваа егејците за грци по род, дури и тие што ги прифатија грчките презимиња, пак се бележени како
грци од втор ред... е сега тие што не ги прифатија грчките презимиња ги протераа и осудија во отсаство затоа што емигрирале... арно, ама кога дојде некоја ситуација , Грција јавно изјави
дека во СФРЈ има грци кој не ги пуштаат да се вратат во Грција

Всушност во еден момен, 1968 некој и можеа да се вратат, ( н.пр. таткоми) ама не им одговараше бидејќи тука во СФРЈ имале добра позиција; некој пак што биле на важни места, н.пр. во ЈНА може и навистина не ги пуштале, но имаше мнозина кој сакаа да се вратат ама не ги примаа бидејќи биле евидентирани како пријатели на Блгарија( н.пр. чичкоми)..
По некое време, Грција пак ги прогласи протераните егејци во СФРЈ, а и подоцна и во РМ
за блгари...
Кога од Блгрија ќе се покрене некоја пропаганда, за блгарски јазик во северна Грција, веднаш од таму ќе рипнат дека тоа се
грци славофони кој зборуваат локален
славомакедонски диалект...
Така националното изјаснување е многу релативна и променлива работа, не само кај нас, па и во БиХ ги имаа проблемите уште од СФРЈ, имаше отпор кон
босанска националност, ги пишуваа
национално неопределен, а исто и тие што се изјаснуваа како
југословен по националност !!
Многу лесно,
сега со Преспанскиот, сите што во некоја графа ќе се изјаснуваат македонец по националност, да биде запишано
македонски државјанин - граѓанин на Северна Македонија .. особено ако во таа установа е албански раководен кадар...