Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Некој што држи часови C++?
Ако си труп, тогаш туторијали пиши на Јутуб, ќе ти се најдат. Ако имаш веќе некои познавања, а ти треба за ООП предметот, мислам ако седнеш од code задачите да учиш, без проблем би го положил, јас вежби и предавања немав отворено тој предмет, само од код и од часови го средив во прва испитна. Ако веќе имаш некои основи, а сакаш само испитни задачи, батко Сале во групата на Финки држи часови, најчесто се бесплатни, некогаш се сто денари хуманитарни, за основни работи и решавање испити ќе ти се најде. Имаш групи за тотални почетници тековно објавува кога ќе се кол, испити, појди, имаш и други ама поскапи се, а не сум најсигурен дека би имала потреба да фрлаш пари, пак велам зависи дали си студент и за што ти треба.

Не знам дали си студент на факултетот, ако си, објектно е еден од полесните предмети за положување од тие со програмирање, не би имал проблеми само ако седнеш лабараториските решени да ги гледаш, шаблонски предмет е. Ако случајно си возрасен и сакаш да почнеш да се запознаваш со јазикот, најдобро е од јутуб туторијали, најбрзо, најефективно би научил, па понатаму види дали би имал потреба од часови.
 
Некој случајно да не има најдено дополнителни задачи за hash-ови/графови online? Да пушти некое линкче ако може.
 
Некој случајно да не има најдено дополнителни задачи за hash-ови/графови online? Да пушти некое линкче ако може.
Еве ти една со hаsh:
Во табелата се чуваат N ученици (ime, visina, tezina).Табелата нека има hаsh кој работи вака: Ако првата буква од името почнува на Ч,Ш,Ѓ,Ж,Ќ,Џ,Ц,Ѕ, нив смести ги во еден бакет, додека останатите имиња распореди ги во бакети според почетната буква од името.
Откако ќе се внесат учениците во табелата, да се најде ученикот кој има најголема висина. Ако има повеќе деца со таа висина, да се најде детето кое има поголема тежина, Ако и по тежина и по висина има повеќе деца , програмот да испринта „комплицирано е“, ако не нека го испинта името на ученикот
Со среќа

:cuc:
 
Дали си обврзан да го платиш вториот семестар ако не планираш да одиш?
 
Дали си обврзан да го платиш вториот семестар ако не планираш да одиш?
Запиши празен семестар или отпиши се. Ако планираш да се отпишеш у третиот семестар а немаш платено втор, ќе треба прво втор семестар да платиш па да се отпишеш. Празен семестар знам дека е многу поевтино од обично.
 
Здраво колеги, ме интересира дали предметот Веб Дизајн за изборен предмет е добар избор за некој што нема некакво искуство со HTML? Ако некој го има запишано предметов ќе може да ми даде некои поконкретни информации?
 
Од основите на хтмл се оди колку што се сеќавам, нема да имаш проблем.
 
Здраво колеги, ме интересира дали предметот Веб Дизајн за изборен предмет е добар избор за некој што нема некакво искуство со HTML? Ако некој го има запишано предметов ќе може да ми даде некои поконкретни информации?
Се учи HTML и CSS од параграфи. Мислам дека е доста корисен предмет како вовед во други предмети од втора година и понатаму.
 
За 4 семестар некој да каже кои се корисни/интересни изборни предмети?
 
Дали некој знае како оди полагање на предметот Структурно програмирање на испит? (Колку задачи се, колку треба да биди решено за да се положи итн .. )
 
Дали некој знае како оди полагање на предметот Структурно програмирање на испит? (Колку задачи се, колку треба да биди решено за да се положи итн .. )
Најверојатно ќе има три задачи, од кои 2 би носеле 30 бода и една 40 (или некаков сличен стандард). За да положиш ќе ти требаат 50 бода доколку поените кои ги имаш на лабораториски вежби и тестовите ти се од или повеќе од 50% (во случај да се помалце може процентуално да ти се намалат вкупните бодови. Значи во случај да го положиш испитот со 50 бода колку што си освоил, процентуално би ти се намалиле на да кажеме 48 што резултира во не положување на предметот). Безразлика, за земање на услов за положување мислам дека мора да се има 50% од самиот испит, а поените од тестови и лабораториски се само додатни (или одземни) бодови.
Првата задача би била комбинација од користеќе на низа и рекурзија, втората матрица, и третата стрингови и датотеки. Бодовите ѓи даваат од зависност на тежината на самата задача, не од тоа кое знаење за предавање се наменети да го проверат.
Задачите и всушност не мора да ти даваат точен излез за секој даден влез, најчесто проверуваат професорите за суштината позади твојот код и логиката на зошто ти е таков. Убаво е после испитот да отидеш на увид за да објасниш што бар си се обидел да направиш. Од мое искуство, професорите убаво ја прифаќаат твојата заинтересираност за испитите и желбата да им го објасниш тоа што го правиш со што подобро те разбираат и ти даваат некаков совет, заедно со плус неколку бодови.
Со среќа и ум на испитнава!:ojeaa:
 
За 4 семестар некој да каже кои се корисни/интересни изборни предмети?
Зависи колку сакаш да ти биде тешко/лесно во семестарот. Ако ти иде добро програмирањето тогаш земи си "Алгоритми и сложеност" и "Визуелно програмирање"/"Интернет технологии". Алгоритми се учи тоа шо се учеше во АПС само посложено, имаш лабораториски по 3 саата шо траат и треба доста да се посветиш. Визуелно се учат Windows forms, ќе ти помогне доста да го сфатиш концептот на кој ООП работи бидејќи тука имаш комбинација на објекти кои треба меѓусебе да комуницираат, па дури и визуелно ќе ги прикажуваш објектите за втор колоквиум (пр. имаш класа круг и од неа правиш 3 објекти, секој од нив има различна боја. Имаш друга класа квадрат и правиш задача во која се губи квадратот кога ќе се удри со некој круг итн.). Интернет технологии е поделен на два дела, првиот дел е Web forms, нешто слично ко Визуелно за прв и не е многу тешко, додека пак за втор дел се става акцент на ASP.NET MVC, технологија што е доста барана на пазарот и корисна, според мене. Ако не земаш Алгоритми и сложеност, моја препорака е да си земеш Визуелно и ИТ. Исто и Визуелно имаш лабораториски во лабораторија додека пак по ИТ лабораториските се изработуваат од дома.
 
Здраво јас сум иден студент на ФИНКИ и ваш колега. Па ве замолувам ако може одговор на неколку прашања
1. Дали има учебници. Од каде се набавуваат. На кој јазик се?
2.Дали постои некој калкулатор со кој ќе можам да пресметам поени за упис.
3. Во кои програмски јазици се работи односно се изучува
4. Замолувам да ми испратите материјали или книги(ако има) за смерот Софтверско инженерство и информациски системи односно овие предмети
Бизнис и менаџмент
Вовед во компјутерските науки
Калкулус
Професионални вештини
Структурно програмирање

ОДНАПРЕД ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ
 
Структурно - C
Објектно ориентирано - C++
Алгоритми - Java

Ова ти се од задолжителните

https://www.mediafire.com/folder/wzdaa8g18f7rw/ФИНКИ

Тука имаш за повеќето предмети

Вовед во компјутерски науки - вовед во информатика
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom