Има држави каде трошоците за живот се многу високи, но има и каде не се. Скандинавските држави се прескапи, ама Германија не е.
Не сум јас поборник за одење во странство, јас имам пристојна плата за македонски (балкански) услови, но истата на запад би била неколку пати поголема. Па, ако во семејството има 2 добри плати (мислам на запад), има можност за убав, богат живот. Секако дека не е секаде розово, дека има луѓе кои не можат да го постигнат тоа таму. Но, овде сигурно нема да го постигнат, а таму има голема можност убаво „да се снајдат“. Овде и да 2 родители имаат пристојни македонски (балкански) плати, ќе можат само да го поминат месецот полагодно. Пак ќе бараат кола „на старо“, а за нова ќе земат кредит кој ќе го отплаќаат неколку години. Пак ќе одат на Халкидики, можеби на Черно Море или во блиската евтина околина. Па и ќе земат нешто храна од дома, да не се трошат на одмор многу. Крстосувањата, посети на Кариби и слично се само сон. ОК, има случаи кои „начекале“ нешто поволно, па... Но, пишувам општо, секако дека поединци можат да го имаат тоа.
На крај, треба да си признаеме дека ние како народи на балканов, еманципациски и ментално сме многу далеку од стандардите на оној дел на ЕУ кој истата ја формирал (старата ЕУ), не сметајќи ги Грците, тие не се различни од нас. По нашите улици луѓето сеуште плукаат мрсули, низ прозори се фрла ѓубре, во лифт ќе влезе некој со запалена цигара, в кафана, ресторан, барови... простачки се пуши без обзир дека има други луѓе на кои им пречи тоа... итн...