@Dranigon23 , германецот сака да ја ебе, а ти сакаш само да ја галиш, нели?

Неам совет за тебе, не ги разбирам многу средношколските играчки, освен нели, да си бараш понекомплицирани девојки.
Најдобро и ти и таа да му се тргнете од животот на другаров, не му требаат вакви особи во живот.
Мене ми е јасно, се надевам и вам ко машки пол, дека девојките се тие што ставаат граница во еден однос машко-женско, бар најчесто. Али кога гледаш дека истата девојка нема граница, ако дотолку имаш фини чувства кон другар ти ко другар, требало ти да ја поставиш таа граница. Не знам како упорно викаш дека не ти е криво за тоа, кога баш треба да ти е, ти си потфрлил ко другар.
И нема флерт од шала, зашто ете, нема што друго муабет да правиме, туку сигурно ти годело вниманието, зашто да бидеме реални, на сите ни годи, па макар и од некој ко Квазимодо што изгледа. Ништо страшно, хранење на его, кај сите го има. Али признај си дека е така, не мора да глумиш невинашче.
Е сега, бидејќи и на двајцата не ви е гајле за третиов во причава, не мора да се мачите да му кажувате. Бидејќи логично е на двајцата да ви даде шут карта, па види ти колку ти одговара тоа.