- Член од
- 27 јануари 2018
- Мислења
- 375
- Поени од реакции
- 1.231
Не сакам за ова да пишуваам тука, но не можам на никој да прашам за совет. Мој многу добар другар уште од основно е во врска со девојката веќе 2 години. Уште од почетокот се гледаше дека девојчето не е на место, сите му укажувавме на тоа, али се затреска ептен овој и што да му правиме. Првата година додека беа заедно не ја гледав многу често, обично не излегуваше со нас. Потоа почна почесто да ја носи и се збилиживме. Од летото навака почнав да ја приметувам дека флертува со мене. На почетокот не бев сигурен, потоа тоа стана се почесто и по очигледно. И јас бидејки по природа сум глупак почнав да и враќам на флертовите, но секако на шала. Никогаш не сум ни помислил да направам нешто. Е сега настана проблемот. Кога славевме нова година, бевме заедно и излеговме на цигара. Двајцата бевме под дејство, се смеевме се глупиравме, се гушкавме и типката ме залапа. Траеше тоа некој 5-10 секунди додека се свестив што се дешава. Ја тргнав на страна и само и реков да не се глупира. Сега сум во огромна дилема дали да му кажам на другарот или не. Слепо е затрескан, не знам како би реагирал. Да ја видев со друг немаше воопшто да се мислам, одма ќе му кажев. Вака го редам нашето пријателство на раб, а и односот со другите во друштвото. А и да не му кажам, ја знам каква кучка е, утре ако се скараат нешо, таа може да му каже. Ставрно не знам што да правам. Многу сакам да му ја објаснам ситуацијата, ама не знам на кој начин. Некој совети како би постапиле вие во ваква ситуација?
Врти сучи, на крајот секако ти ќе бидеш виновен.
Подобро кажи му, да си на чисто, тој како ќе одлучи е негово.