wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 20.655
- Поени од реакции
- 36.535
Не можам ништо да ти доловам ако не си го гледал на кино. Јас кога го гледав цело време си повторував колку ќе се зезнев да не отидев. Одма ми беше јасно дека овој филм гледан дома ќе биде големо разочарување. Не само на лаптоп, туку и со добра опрема и добра снимка. Затоа и побрзав да пишам на форум, да спасам кој може да се спаси.
Точно е дека секој филм на кино е подобар од дома, во онаа смисла во која дискутираме. Иначе ако сме попрецизни, добар филм е подобар на кино, а лош филм може да е и подобар дома затоа што на кино полесно му се забележуваат недостатоците, пред се аудио/визуелни и од аспект на глума. Ама да се вратиме на нашето.
Постои разлика помеѓу гледање на кино и дома ама таа разлика варира од филм до филм. Во конкретниов случај разликата е небо и земја. Ако со нешто би можел да доловам тоа е ова: за да го доживееш концертот треба да си помал од екранот. Само така можеш да се почувствуваш како да си на Вембли. А без тоа чувство во последните 20-на минути, џабе е се. @Syn можеби има нешто да додаде околу ова.
Инаку не спорам дека филмот како филм без музиката не е којзнае што. Мислам дека Малик треба да си го земе оскарот и освен тоа можеби нешто околу костимографија и аудио и тоа е максимум што се однесува до наградите.
Те молам изгледај го повторно оригиналниот настап и кажи дали навистина филмот повеќе те натера да се осетиш на Вембли одошто јутуб видеово со 18 пиксели. Погледни го движењето и енергијата на публиката, енормноста. Во филм ова треба драматично да е амплифицирано, за ефект, ако не друго. Да те вози звукот и камерата, да те транспортира таму, а не да е полошо од actual footage oд концертот. Видеото има поквалитетна работа со камерата побогу...
Сум гледал филмови на тв и сум се осетил милион пати: ова на платно сигурно е спектакуларно. Меѓутоа за време на филмот ниту еднаш, на ниту една сцена не посакав да го гледам на платно. Поготово концертот, не знам зошто си фасциниран кога беше премногу обично и аматерско направено, имаат 50 луѓе шо ги снимат од блиску и другово од стадионот е лош cgi. Star is Born го гледаше? Запази настапите... Не можам да прифатам дека тоа што го гледав на кино би изгледало магично и повеќе имерсивно (да, без п е зборов...) Цел филм беше тоа што беше и самиот начин на кој го прикажаа концертот, линеарно, бледо и без трошка креативност. Јас кога одам од соба до вц имам повеќе отскокнувања од шаблонот, возбуда и различност. Ако некогаш снимам филм и ми кажат ќе учествуваш на фестивал за медиокритет, ќе го ископирам Бохемиан Рапсоди.
Да не беше Queen настап и тие песни, а со исти технички аспект ипак, ако добиеше повеќе од 2ка од тебе филмот, еве...

саундтракот екстра.
