Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Не сакам да ви се мешам во "дискусијата" со Bafra, но ме интересира каква врска има статијата за некоја малоумна американка и нејзината супер дебилна идеја за лечење комплекси и рекетирање фирми со 70% данок, со темава овде, која, патем, се нарекува Случувања во Македонија?
Онака, да се види трендот во светот по која патека се движи.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Што се глуми дека нема уште двајца од вмро вољни да помогнат, не разбирам
Не знам и јас.
Можеби се „билда“ патриотизам, и кај Беса (Касами), и кај 8-мина уценети пратеници од ВМРО ДПМНЕ (коалиција). Касами мислам дека ќе „попушти“, ама ќе испадне албански патриот, а уценетите ќе бидат „бранители“ на македонскиот идентитет на медиуми и слично. Демек, успеале да го сочуваат истиот, дрн, дрн... Да не бидат сосем „предавници“.
Не верувам дека има проблем за менување на името (уставот).
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.082
Поени од реакции
19.922
Онака, да се види трендот во светот по која патека се движи.
Желбата на некоја random исфрустрирана идиотка и бивша конобарка да си ги лечи комплексите со рекетирање фирми со 70% данок, е тренд во светот?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ против барањата на БЕСА: Со Грција се договоривме, а не можеме меѓу нас

Еве, демек, нема да гласаат... Очекувам овие да испаднат „победници“ во случајов и да се патриотите, бранители на македончето.
(Секако, ќе гласаат за промена на името)
 
B

Bafra

Гостин
Желбата на некоја random исфрустрирана идиотка и бивша конобарка да си ги лечи комплексите со рекетирање фирми со 70% данок, е тренд во светот?
Секако дека е тренд во светот. ЕУ, Канада, Австралија и добар дел од државите во САД.
Само што за Макарон, тој тренд е позитивен и сака да каже, ете во САД повикуваат на 70%, треба и на сдс тоа да му се дозволи, да не се противиме.
Тоа што народ не сака да сфати дека тој тренд носи негативни резултати, тоа некој друг нека мисли, некој друг ќе ја плати сметката, некој друг ќе ги враќа долговите, некој друг се ќе направи за нас, ние само рашири дупе.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Желбата на некоја random исфрустрирана идиотка и бивша конобарка да си ги лечи комплексите со рекетирање фирми со 70% данок, е тренд во светот?
Според мене е позитивна работа и тоа е тоа, си го искажав ставот претходно.

Мислам дека е во ред високиот данок за богатите, ако можеш предомисли ме со факти.
 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
шиптариве глумат лудило и овие северно-античките као нема да гласаме, ако се гласа тој амадман. Ќе стигне брзо заушката од калето.

Или па се знае дека нема да пројде договорот во грција па одат на тоа да пропадне гласањето.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Мислам дека е во ред високиот данок за богатите, ако можеш предомисли ме со факти.
Еко немаш против, јас би „фактирал“:
Нека некој данок (или слично) е 10%.
„Небогатиот“ треба да го плати на износ од 10,000 денари. 10% е 1,000 денари.
„Богатиот“ треба да го плати на износ од 100,000 денари. 10% е 10,000 денари.

Дали 10,000 е еднакво со 1,000 денари? И дали исто плаќаат и едниот, и другиот?
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Голем број луѓе во Македонија особено закоравените „КОМУЊАРИ“ Зајко го сметаат за хуманитарец и донатор во добротворни цели за операции и социјално ранливи категории...

Тоа тој го прави да...!!!

Но со чии пари???

Со пари од вработените во ГЛОБАЛ маркети, Тргопродукт, и од тие што работат во плантажите, пластениците, оранжериите...

Пример Зајко има 6 фирми со вкупно 1500 вработени. И од секој работник ќе запре 10 евра од платата. Помножено со 1.500 тоа ти се 15.000 евра.

И кога ќе видиш тоа го донираат сите негови вработени а не Зајко.

Ама Струмичани „ГЛУПИ“ добро тој ги дупи...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.991
Еко немаш против, јас би „фактирал“:
Нека некој данок (или слично) е 10%.
„Небогатиот“ треба да го плати на износ од 10,000 денари. 10% е 1,000 денари.
„Богатиот“ треба да го плати на износ од 100,000 денари. 10% е 10,000 денари.

Дали 10,000 е еднакво со 1,000 денари? И дали исто плаќаат и едниот, и другиот?
Распределбата на светското богатсво не ја отсликува објективно размерно способноста на тие што имаат и тие што немаат, ниту тоа богатство е распределено така заради праведните закони и норми. Немам ништо против богатите да се оданочуваат со 70%. И кај нас исто, особено затоа што начинот на кој е стекнат тој капитал или од каде потекнува, е целосно надвор од сите законски прописи или морално-етички норми, во огромен процент. Не сум левичар, али начинот на кој е распределено светското богатство ми дава за право.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.082
Поени од реакции
19.922
Распределбата на светското богатсво не ја отсликува објективно размерно способноста на тие што имаат и тие што немаат, ниту тоа богатство е распределено така заради праведните закони и норми. Немам ништо против богатите да се оданочуваат со 70%. И кај нас исто, особено затоа што начинот на кој е стекнат тој капитал или од каде потекнува, е целосно надвор од сите законски прописи или морално-етички норми, во огромен процент. Не сум левичар, али начинот на кој е распределено светското богатство ми дава за право.
Тоа дека капиталот бил стекнат надвор од сите законски прописи, е само твоја претпоставка, која можеби е точна, можеби и не е точна.

Затоа постои судски систем и правна држава. Доколку некој се стекнал со противправна имотна корист, потребно е да се изведе пред лицето на правдата и да одговара за тоа што го сторил.

Не може заради нечии претпоставки и коперациски трач муабети, некој ни крив ни должен да биде рекетиран со 70% данок. Покрај сувото и суровото да гори. Тоа е многу наивен пристап и спаѓа во категорија како мали Џокица замишља економија и правна држава.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Абе прогресивен данок и поголеми останати давачки имате во сите западни земји, колку повеќе заработуваш, толку ти е поголем процентот на данокот кој го плаќаш кон државата, само што се поделени во повеќе категории.
Еве ви калкулатори за Австралија, Канада, Германија, поиграјте си со сумите и ќе ги видите разликите.
https://salary.calculatorsaustralia.com.au/
https://neuvoo.ca/tax-calculator/?iam=&salary=100000&from=year&region=Ontario (овие имаат два различни даноци, едниот федерален на цела територија, а вториот провинциски кој е најмал во Алберта).
https://www.brutto-netto-rechner.info/gehalt/gross_net_calculator_germany.php
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Тоа дека капиталот бил стекнат надвор од сите законски прописи, е само твоја претпоставка, која можеби е точна, можеби и не е точна.

Затоа постои судски систем и правна држава. Доколку некој се стекнал со противправна имотна корист, потребно е да се изведе пред лицето на правдата и да одговара за тоа што го сторил.

Не може заради нечии претпоставки и коперациски трач муабети, некој ни крив ни должен да биде рекетиран со 70% данок. Покрај сувото и суровото да гори. Тоа е многу наивен пристап и спаѓа во категорија како мали Џокица замишља економија и правна држава.
има и ДРУГО... ех министерот, врвниот хирург Димов, беше осуден 08,2006 за прикривање данок и незаконски вработувања во државна болница... беше во бекство, се бараше и екстрадикција, дури беше и кратко притворен во Варшава па осллободен бидејќи имал и БГ државјанство... тој 2017 се врати, на некој за нас непозанат начин сега мува не го лазе... Немам ништо лично против него, ама ако биле лажни обвинувања треба РЕВИЗИЈА на судската постапка и ако е монтирана работа треба да одговараат и обвинители и судии..
А инаку во свет Данок се плаќа, секој го гонат, па и Меси, Роналдо и најново Модрич беа осудени
( условно) ама како попчиња се што следува си платија...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom