Унија на Слабите (кг) кајганџии! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zbratko
  • Време на започнување Време на започнување
Минимум кило леб (една векна=600грама) дневно и гарант ќе се поправите.
 
Примате уште еден член ? :)
Колку за инфо, висока сум 174/5, а имам 55 кг.

Сакам барем 3-4 килца плусс :(.. ама џабе ми е. Јадам многу и пак.. тоа е :)
 
Ајде и јас да ви се придружам во друштвото - висок 176-178 цм и маса 56-58 кг.
 
За сите слаби: најдете си роднина/пријател во Србија (Војводина по можност) и на гости месец дена. Успех загарантиран. :smir:
 
188\189 cm
65 kg
Сите ве Шијам :vozbud::pos2:
 
Денес(до сега):

Бурек со сирење(1/4 + 1/8) и јогурт од 0,5 л за појадок

Печено свинско со печурки, пире (шознам колку, ама не малку) и сок од портокал(0,5 л). Со тоа 4 парчиња леб. - Ручек

1 млечно чоколадо со Струмка (моментално јадам)

Постов од пред трипол години... ама ако. :)

Епа како бе сине со ваква исхрана да станеш дебел?
Ако не јадеш чипс, павлака, кикирики, кока кола, смоки, пак чипс, ресана, хамбургер со повеќе мајонез, помфрит за ужинка, пилешки прсти, поховани кромидчиња, тост со сланина... зејтин бато си бара тоа.

Печено свинско, со печурки... ти уствари за слабеење си нашол рецептн :pos:

Лебот помага за дебелеење, дефинитвно, посебно оној класика жито лукс.
santelli напиша:
За сите слаби: најдете си роднина/пријател во Србија (Војводина по можност) и на гости месец дена. Успех загарантиран.
Дигам две раце. :) Потврдено.
 
Имам 176(7,8,9) цм и 55/56 кила.
Се приклучувам на унијата ама би сакал да останам во него пошто порано бев во Унија на дебели кајганџии... :)
 
Кои се границите?
Јас сум 172 со 60...

Ај погодете кое од овие е килажа...:)
 
Најдобар начин да се здебелиш е да имаш обемен ручок, а после него да легнеш да спиеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom