Кладилници, казина подалеку од населени места ?

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?


  • Вкупно гласачи
    230
Член од
23 август 2010
Мислења
38.177
Поени од реакции
107.739
Каква глупост е тоа да се наоѓаат кладилниците и казината надвор од населените места, како и каде тоа надвор од населени места, значи да бидат некаде во пустелии како што е Мариово на пр. и каде што нема жители ... ма тоа си е лично демократско граѓанско право дали некој со своите пари ќе се коцка или не, јас на пр. можам да влезам во кладилница само да испијам кафе и толку, никогаш не уплаќам ливчиња т.е. не се обложувам, едноставно немам верба во игрите на среќа, а во моја средина има на секои 5 метра кладилници иако е густо населено место, па сеа демократија е бе дечки никој никого со сила не тера да влегува по кладилници и казина и да си фрла пари од свој џеб односно да се обложува !
Во цел демократски свет игрите на среќа се легални/дозволени од каде оваа глупост за забрана на истите, па ова не е ниту Христијанска ниту Исламско-шеријатска држава туку е секуларна држава по устав, кому му е гајле за мислењето на поповите и оџите дали нешто според нивните таму верски книги чинело или нечинело, вот да фак из дис !
Секако дека ќе влезеш во кладилница кафе да пиеш кога до тебе има 5 кафичи. Мислам дај те молам, да не се лажеме. :D А ова за надвор од градовите е добра идеја, затоа што некому не се исплати да запали кола и да оди да одигра спортска до Бунарџик или до Сарај. Вака колку повеќе ги трупаат во населените места толку повеќе поттик даваат на народот да се коцка. Преголем е колачот кај нас за да направат онлајн уплаќање и лека полека да ги исфрлат постоечките кладилници. 80% од народов не знае депозит да направи на интернет и да се логира на одредена страница, така да не за џабе им даваат да отвараат се повеќе и повеќе објекти.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
По која логика се дозволени коцкарници, а е забранета марихуаната и борделите?
Исто зло се сите три работи, па дури и би рекол коцкарниците се најголемо.
Ама што е битно тоа кога истите се убер исплатливи за државата да бере арач. Тоа е јеб*м ти капитализмот и ,,западните вредности,,
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Секако дека ќе влезеш во кладилница кафе да пиеш кога до тебе има 5 кафичи. Мислам дај те молам, да не се лажеме. :D А ова за надвор од градовите е добра идеја, затоа што некому не се исплати да запали кола и да оди да одигра спортска до Бунарџик или до Сарај. Вака колку повеќе ги трупаат во населените места толку повеќе поттик даваат на народот да се коцка. Преголем е колачот кај нас за да направат онлајн уплаќање и лека полека да ги исфрлат постоечките кладилници. 80% од народов не знае депозит да направи на интернет и да се логира на одредена страница, така да не за џабе им даваат да отвараат се повеќе и повеќе објекти.
Па добро ако идеме неколку другари во кладилница, јас им правам само друштво и пијам само кафе, како што кажав не верувам во игри на среќа, они уплаќаат и ливчиња бидејќи се убедени дека ќе им се трефне среќата, инаку секако дека никој не се збогатил од коцка, освен секако само газдите на тие кладилници и казина !
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.980
Каква глупост е тоа да се наоѓаат кладилниците и казината надвор од населените места, како и каде тоа надвор од населени места, значи да бидат некаде во пустелии како што е Мариово на пр. и каде што нема жители ... ма тоа си е лично демократско граѓанско право дали некој со своите пари ќе се коцка или не, јас на пр. можам да влезам во кладилница само да испијам кафе и толку, никогаш не уплаќам ливчиња т.е. не се обложувам, едноставно немам верба во игрите на среќа, а во моја средина има на секои 5 метра кладилници иако е густо населено место, па сеа демократија е бе дечки никој никого со сила не тера да влегува по кладилници и казина и да си фрла пари од свој џеб односно да се обложува !
Во цел демократски свет игрите на среќа се легални/дозволени од каде оваа глупост за забрана на истите, па ова не е ниту Христијанска ниту Исламско-шеријатска држава туку е секуларна држава по устав, кому му е гајле за мислењето на поповите и оџите дали нешто според нивните таму верски книги чинело или нечинело, вот да фак из дис !
Подобро разработена стратегија за психолошка манипулација од кладилниците и казината има само фејсбук :)
Само се лаже било кој дека во 2018 година прави нешто по своја волја, скоро се е потсвесно психолошки поттикнато од некој кој сака да те натера тоа да го направиш, медиуми, реклами, дизајн на простор и тн.
Кога ќе влезеш во казино, едноставно губиш осет за време, простор и рационално размислување, целата атмосфера им е прилагодена за психолошка манипулација.
Сигурно дека помалку луѓе ќе влегуваат ако кладилниците им се далеку од дома, како прво голем дел од тие што играат повеќе ќе ги кошта времето и превозот да отидат до кладилницата од она што уплаќаат.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Коцката си е коцка без разлика дали станува збор за кладилници т.е. обложување на спортски натпревари, трки на кучиња, трки на коњи, па дури и берзата со акции е еден вид на коцка, денес ви вредат акциите толку, а утре ич т.е. многу помалце ... се е тоа лага и превара и само ментално лабилните луѓе веруваат дека ете можеби баш денес ќе им се трефне среќата и ќе добијат пари коцкајќи се !
Додуша се е во животот коцка, денес отвараш бизнис ти оди добро некое време и после едноставно се ти тргнува надоле и бизнисот е еден вид на коцка, слично како и берзата со акции, спортските кладилници, казината и.т.н. !
П.С. Ако некој е толку многу загреан за коцка ќе запали колата или ќе си плати автобус или такси и ќе отиде таму каде што има кладилници/казина за да си ја проба среќата, географската дистанца од Х метри или километри неможе и нема да ги спречи луѓето да си ја остварат својата моментална цел и желба, тука секако мислам на мераклиите за коцкање !
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.177
Поени од реакции
107.739
П.С. Ако некој е толку многу загреан за коцка ќе запали колата или ќе си плати автобус или такси и ќе отиде таму каде што има кладилници/казина за да си ја проба среќата, географската дистанца од Х метри или километри неможе и нема да ги спречи луѓето да си ја остварат својата моментална цел и желба, тука секако мислам на мераклиите за коцкање !
Ама ти не сфаќаш изгледа некои работи. 90% од народот се коцка без да знаат жените/домашните, ќе искочи до пазар а у меѓувреме за пола саат ќе искоцка 5000 денари. Вака за да оди вон градот ќе треба да пали кола, да троши гориво, да каже на жена му каде ќе оди, па ќе сумњаат зошто толку време го нема дома итн итн. Убаво ти пишал Кеплер погоре дека психолошки се влијае на народот со тоа што ги трупаат кладилниците и казината во населените места.

Инаку нашиве кладилници се измислени за тикети со мала уплата да земеш доста пари, односно да си ја пробаш среќата на лотариските ливчиња. Проблемот настанува што народот мисли дека ќе заработи од кладилница и уплаќа многу пари... И јас бев еден од тие нарочито во периодот после матурата кога све ти е интересно и имаш желба да пробаш за еве сега да си играм народњаци и да ме боли кур. (Пеја стоп хумор да не ти ебам матер)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.983
Поени од реакции
17.848
Ни малку не си при свест кога играш во казино.Многу пати сум се чуствувал како дрогиран без разлика дали добивам или губам.После 2 до 3 саати игра без разлика на исходот не можев да стојам на нози и веднаш одев дома и легнував да одморам нешто што потоа не ми се случувало и кога сум работел и стоел на нога и повеќе од осум часа.Уште еднаш кога би почнал да играм мислам дека не би можел да го издржам здраствено тоа.Да не зборувам и колку пати при загубени пари ме стегнувало срцето и сум знаел да изгубам воздух на кратко.Многу е жално што деца кои се помали од мене кога излегуваат навечер прва дестинација им се апаратите во кладилница каде што најчесто ги губат парите.Сега не викам дека сите тие ќе се заразат некој при првото губење на пари веќе не продолжува.Ама најлошо е кога ќе имаш "среќа" и почнуваш да добиваш цело време.Од тука и тргнува најголемата опасност да станеш коцкар.Така беше и во мојот случај.Кога дете од 17 години кој почнал да игра со 100 до 200 денари за по некој месец веќе да направил една минимална плата за која неговите рмбаат цел месец тоа е веќе проблем.Тука гарант ќе наебеш затоа што желбата да играш и да добиваш уште повеќе нема никогаш да сопре.Се додека не изгубиш се што си заработил.Затоа нека не ве лаже тоа што добивате цело време и имате среќа.Јас и до ден денес се чудам како е можно до толку да добивав на почетокот а многу малку да губам.Сето ова траеше некаде околу година кога веќе и го заработив епитетот коцкар.Сите знаеа само моите не.Набрзо потоа изгубив се за само 20 часа.Поминав цела една смена од 8 часа во казино губејќи не само "мои" пари туку и крваво заработени пари на моите кои за среќа беа многу малку но сепак вредни за нив.Само тоа што признав пред нив дека имам проблем ме спаси од тој пат.А да и работата.Работата може да го спаси човек од секој порок но најважно од се е самиот да сфатиш дека ако уште еднаш посегнеш по порокот кој го имаш губиш се.Може не е постов за тука ама сепак е поврзана темата.Сепак можеби и се се случува со причина.Да не се случеше тоа можеби и не би размислувал толку трезно сега и не би имал никаков план во животот за понатаму.Вака сега кога животот добро ме шамарал знам како треба а како не треба.
Ако некој родител го чита ова а има деца на возраст од 13,14,15 години нека обрати внимание на ова што го пишувам зошто можеби вие мислите дека вашите деца сте мирни и паметни и дека сте ги воспитале добро но денеска тоа правило не важи.Порокот им е пред очи и тешко кој може да се воздржи од тоа.Исто внимавајте и дали користат наркотици зошто денеска и деца од седмо и осмо користат па ништо чудно и вашето дете да земе.Тоа не е ништо страшно и не е крај на светот ако се открие на време.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Идејава "надвор од град" е идиотска. Најпаметно е да се пикира еден град у кој ќе се одвиваат срањата, како Гевгелија и нека си е*** мајката таму. Во САД има два такви града: Лас Вегас и Атлантик сити.
Едно е ти да имаш милиони, па да скурцаш еден милион, а друго е пензијата на татко ти и мајка ти да ја сјебеш и да се чудите шо до крај на месец.
Кожув беше добра идеја, да му се нае**м на тоа ѓубрето паторско што го уништи заради Казандол рудникот. Идејата беше таму да се собира пара од грчките пациенти у комбинација со скијање и природа, ама тоа гомното корумпирано, побитно му беше митото од концесионерот на рудникот. Жалосно е шо, казинана у Гевгелија, ниедно нема наш сопственик, све се странци и сите пари одат надвор. Единствено фајде што за луѓето од Гевгелија има некаква, каква-таква работа.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ни малку не си при свест кога играш во казино.Многу пати сум се чуствувал како дрогиран без разлика дали добивам или губам.После 2 до 3 саати игра без разлика на исходот не можев да стојам на нози и веднаш одев дома и легнував да одморам нешто што потоа не ми се случувало и кога сум работел и стоел на нога и повеќе од осум часа.Уште еднаш кога би почнал да играм мислам дека не би можел да го издржам здраствено тоа.Да не зборувам и колку пати при загубени пари ме стегнувало срцето и сум знаел да изгубам воздух на кратко.Многу е жално што деца кои се помали од мене кога излегуваат навечер прва дестинација им се апаратите во кладилница каде што најчесто ги губат парите.Сега не викам дека сите тие ќе се заразат некој при првото губење на пари веќе не продолжува.Ама најлошо е кога ќе имаш "среќа" и почнуваш да добиваш цело време.Од тука и тргнува најголемата опасност да станеш коцкар.Така беше и во мојот случај.Кога дете од 17 години кој почнал да игра со 100 до 200 денари за по некој месец веќе да направил една минимална плата за која неговите рмбаат цел месец тоа е веќе проблем.Тука гарант ќе наебеш затоа што желбата да играш и да добиваш уште повеќе нема никогаш да сопре.Се додека не изгубиш се што си заработил.Затоа нека не ве лаже тоа што добивате цело време и имате среќа.Јас и до ден денес се чудам како е можно до толку да добивав на почетокот а многу малку да губам.Сето ова траеше некаде околу година кога веќе и го заработив епитетот коцкар.Сите знаеа само моите не.Набрзо потоа изгубив се за само 20 часа.Поминав цела една смена од 8 часа во казино губејќи не само "мои" пари туку и крваво заработени пари на моите кои за среќа беа многу малку но сепак вредни за нив.Само тоа што признав пред нив дека имам проблем ме спаси од тој пат.А да и работата.Работата може да го спаси човек од секој порок но најважно од се е самиот да сфатиш дека ако уште еднаш посегнеш по порокот кој го имаш губиш се.Може не е постов за тука ама сепак е поврзана темата.Сепак можеби и се се случува со причина.Да не се случеше тоа можеби и не би размислувал толку трезно сега и не би имал никаков план во животот за понатаму.Вака сега кога животот добро ме шамарал знам како треба а како не треба.
Ако некој родител го чита ова а има деца на возраст од 13,14,15 години нека обрати внимание на ова што го пишувам зошто можеби вие мислите дека вашите деца сте мирни и паметни и дека сте ги воспитале добро но денеска тоа правило не важи.Порокот им е пред очи и тешко кој може да се воздржи од тоа.Исто внимавајте и дали користат наркотици зошто денеска и деца од седмо и осмо користат па ништо чудно и вашето дете да земе.Тоа не е ништо страшно и не е крај на светот ако се открие на време.
Што си играл во казино?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.320
Поени од реакции
79.069
Не разбирам како може некој у земја како Македонија, да иде да игра у казина и на апарати.
Македонија е веројатно последната земја у која треба да им веруваш на тие справи и апарати дека не се наместени.
Башка што знам дека се наместени.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.280
Поени од реакции
1.728
Никој не ви е крив што одите по казина.Точно е тоа дека што поголема сиромаштија повеќе коцкање ама никој не ве тера да одите в казино и да коцкате.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.818
Поени од реакции
15.746
не мешајте коцка, казина и спортски обложувалници...
Во Грција нема коцкарници /казина ама има спортски обложувалници...
А околу коцкарниците има и други работи, на времето
( а можеби и сега ) таму цутеше и лихварство, заложување на коли , накит и друго.... башка дивите коцкарници кој датираат уште поодамна, па и играњето фанта беше една врста дива коцка... дури наводно имаше и шема, монетите што се фрлаа беа само некоја врста жетони, а тие вредеа 5 или 10 кратно повеќе ??
Спортските обложувалници имаат друг негативен ефект, посебно кај младите, не само поради губење пари, туку имаме целосно посветување на обложувањето и занемарување на училиштето, факултетот... итн...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.711
Поени од реакции
38.933
Многу порочен народ сме, знам едно типче кога правиме муабет за ова и ми вика pa ne pijam ne pusam ne se drogiram i edno livce da ne uplatam? ne biva neli? исто и оние што пијат и што пушат pa mora da se umre od neso hehe
 

Kajgana Shop

На врв Bottom