Кладилници, казина подалеку од населени места ?

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?


  • Вкупно гласачи
    230

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.913
Поени од реакции
7.833
Верувај има врска. Не дека во богатите земји не се коцкаат, далеку од тоа, ама обичниот човек во држава каде што има сосема солидни примања не се ни замара со коцка и такви срања, едноставно си уживаат, одат на викенди на планина или езеро, си купуваат одредени работи итн итн..., додека кај нас сиромавиот гледа шанса во тоа да ќари нешто на игрите на среќа, односно таканаречената брза пара. Не за џабе е таа поговорка, што посиромашен народ толку повеќе коцкари.
не вреди да се убедуваме, не дека твоето не држи муабет, ама бадијала да зборуваме за викенди, езера и долини, кога овие се коцкааат секој ден, тоа социалните клубови се затка секој ден, дури можам да кажам дека се коцкаат поглупо него кај нас, без мозок, не на спортска, туку на коњи, кучина, за апарати да не зборвам, од млади до пензионери сите обесени се на тоа апаратите.
Да додадам, не секогаш се работи за она што ти го викаш дека сиромавиот гледа шанса да ќари, некогаш се работи за култура, традицја, навика.
 
Последно уредено:
I

INFECTED

Гостин
Деновиве актуелни беа протестите во Тетово против кладилниците и казината, каде што оние што протестираат (подржани пред се од верските лидери) побараа поголема контрола при отварањето и работата на кладилниците и казината како и промени во законот за игри на среќа

Накратко барањата им беа
- Објектите за игри на среќа да бидат 3км надвор од населено место
- 5% од профитот на овие објекти да одат за лечење на зависниците од овие игри на среќа

Свесни сме дека се повеќе луѓе пробувајки да избегаат од сиромаштијата посегнуваат по вакви начини за „брза заработка“ па така само во последната година приходот на кладилниците се зголемил за 20% или скоро 200 милиони евра приходи на годишно ниво. Чисто статистички трите најголеми кладилници имаа нешто помал приход од двата најголеми ланци маркети во Македонија што е лудост, но од друга страна евентуална забрани и рестрикции какви што се воведоа во Албанија би било ограничување на слободата на граѓаните и секако би го намалил бројот на вработувања кои ги носи оваа гранка која секако не е за „потценување“.



Баш ме интересира што мислат обичните луѓе, без разлика дали посетуваат вакви објекти или не.
Господинот Хан е сопственик на сите тие казина. Во повеќе земји. Постојат за перење на пари првенствено, но покрај тоа и за затупување на граѓанинот. Прогрес на интелект-нула.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Може и верските објекти да ги преместат на 3км надвор од градот, таман.
Зошто само 3 км, подобро би било 30 км надвор од градовите да ги градат џамиите и црквите !
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.891
Поени од реакции
17.503
Зошто само 3 км, подобро би било 30 км надвор од градовите да ги градат џамиите и црквите !
Во црквите повеќе народ имало кога римјаните го забранувале христијанството од сега а вие ќе ги преместувате.Глупости на квадрат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Човек, порано додека работеше моја роднина во кладилна, цело време го преместуваа низ Чаир... Мавровка е катастрофа, Бит-Пазар исто, Чаир кај Пласет Донер и кај Слога стадионот се троа помирни дека имаат обезбедување, па нема проблеми, Топанско поле е пекол.

И ај да не испаднам дека ептен ги ругам албанциве, сум бил еден период и во Лептокарија, и таму врие покондурена сељачаана. Одкако ги ставија апаративе за коцкање, со крст и лук неможеш да ги избркаш од локал.
Едино Ѓорче кај семафорите на главна улица сум видел понормален народ, седнуваат, пишуваат уплаќаат и чао, пријатно.
Шики, колку што гледав јас кој дреме по кладилниците во Ѓорче кога поминував од таму, 90% од клиентелата се со распаднати или несреќни бракови. Идат по кладилница зошто не можат да се справат со мизеријата која си ја создале дома, нормално обострано со животните сопатнички.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Овие повозрасните зимно време кога ги бркаат од дома барем има каде да идат на топло. Никој ни ги замара, а ни ги бара. :cool:
Него овие младите што дремат по кладилниците и не само таму туку и по бензинските. :tapp: Кафе пијат, си има кафичи за такви работи.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Овие повозрасните зимно време кога ги бркаат од дома барем има каде да идат на топло. Никој ни ги замара, а ни ги бара. :cool:
Него овие младите што дремат по кладилниците и не само таму туку и по бензинските. :tapp: Кафе пијат, си има кафичи за такви работи.
Shto fali da piesh kafe na benziska?
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
Сељачко е. Си има места за пиење кафе.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
Зошто би било сељачко? Негледам причина да е сељачко пошо мене ми е многу помирно и поубаво да направам муабет на бензинска отколку в кафич кај што има секакви идиоти кој незнаат да се понашаат и се дерат итн.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
До пред да ги стават апаратите играв спортска на 200 до 500 уплата, од време на време ќе фатев некој тикет , некогаш ке промашев и така ... Од коа ги ставија апаративе друга прича е ..
Прошла недела 4 пати тргнав да уплатам и 4 пати ги оставив на апаратите во моцарт. Друг пример.
Сега пред 3 дена отидов на автобуска да купам карта во мене имав 2к негде и после пола сат игра и без никава добивка видов дека имам точно уште 500 денари(толку ми требаа за карта).
Муабетов ми е дека не им е место на апаратите во кладилница, никогаш не играв на апарати пред да се појават во кладилница ..
 
I

INFECTED

Гостин
Во животов имам ставено само 100 денари на апарат, нормално, изгубив. Целта беше љубопитност и доказ на еден другар коцкар дека еден мочан апарат не може да ме натера да станам зависен од него. Пари се заработуваат со работа и штедење.
За казината може да се најдат безброј причини да не постојат и безброј да постојат.
За да ги снема треба да се направи психијатриска студија, од реномирани доктори, да се достави до МАНУ и до собрание, со една цел: казината да ги снема поради создавање зависност, непромисленост (кражби, продажба на цели соби и домови итн) и траен интелектуален хендикеп на граѓанинот, по што излегуваат бројни проблеми...

За ова да стане реалност треба да имаме упорни и високо образовани психијатри, социолози, како и луѓе од МВР, луѓе од општински совети и луѓе кои би го поддржале тоа, демократски, т.е. ние.

Единствен начин да се спасиме од казината е преку собрание и на уставен или она потешкото и невозможно, преку референдум.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.891
Поени од реакции
17.503
Членот погоре ме потсети на една случка исто за пари за карта.Пред неколку месеци играв на апарати и ја ставив и предпоследната 100 без размислување иако картата беше над 100 денари.(Сега се чудам кој кретен сум бил ако ја ебев и таа ќе требаше да зимам од некого пари за да можам да си купам карта.Инаку денот ми беше планиран да се видам со другари да си пијам пиво и да си шетнам во Велес за на крај да морам одма да си идам назад зошто ми беше глупо да ме частат цел ден они).За среќа не ја изгубив па после вртење едно 15 минути ја извадив зошто ќе ми тргнеше автобусот а инаку ќе требаше да дремам уште еден саат за да чекам да дојде друг па ќе дојдеа они и ќе требаше да им објаснувам колку сум глуп.И типката на шалтер ми вика дечко апаратите ги исплаќаме после 11(овоа не го знае до тогаш ова ми се случи во Велес во СЛ кај Сармале) па среќа се погоди фино девојчето и ја замолив да ми даде 100 а јас да и го дадам ливчето па она да си ги извади после 11 :D
Кретенизам.Сум пропуштил убав пролетен ден во кој можеби ќе сум си поминал прекрасен ден полн со сеќавања а вака го завршив уште во до пладне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom