со таа разлика што Ilumious 10 години го дрви истиот муабет а никако да си оди од Северна. Инаку се сложвам, зависи кој со каква мисла оди, али едно е сигурно, терање живот во странција и пари не одат заедно, барем кога се работи за првата генерација која треба да плаќа кирија или да отплаќа стан. Втора трета генерација е друга сторија, што не е никаква гаранција, зависи што наследила од првата генерација. Кога станува збор за првата генерација за да направи нешто треба да живее бедно, мизерно за да стигне до нешто, ако тера живот и живее нормално во свој стан без да го дели со уште некој, тешка работа, освен обично крпарање од од недела до недела или месец до месец ништо друго нема да направи, може не ќе може и да крпари, единствена предност во однос на животот во Северна ќе му биде сигурнота дека ќе земе плата ако работи, и ќе ги нема политичките неизвесности, дали утре ќе се распадни државата, дали ќе има протести, блокади по улици и слични срања.Посебно овие што одат да работат во МК Доналдс и слични борании не знам со какви очекувања одат, знам еден замина да работи на такви посрани места и тоа на 40+ години, кога се соочи со реалноста среќа што не заврши во институција ментално болни, остави тука работа, фамилија и средена куќа, за таму да живее ко последна стока со незнам колку луѓе во иста соба, човекот скроз се изгуби, да не можеш да го препознаеш.