Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 27.903
- Поени од реакции
- 89.859
Ако ги избришеме од колективната меморија Липи и Трапатони, можеби и ќе биде. Убаво си велиш, две финалиња во ЛШ. Не две победи. И ќе бидат три финалиња(ако стигнеме до таму) во случај да продолжиме да негуваме само резултати, а да не обраќаме 8 од 9 месеци внимание на играта. Тоа што велиш дека Јуве е пред се фокусиран на Серија А може да држеше вода до пред некоја година. Сега (иако ретко кој ќе признае) од фанови до управа за титула во ЛШ, голи ќе шетаат по улица.
@Scirea ај вака сега. Ние двете финалиња во ЛШ не ги изгубивме заради сплет на околности или немање среќа. Во двете финалиња бевме прегазени, особено во второто каде што тимот изигра 45 минути на ниво на Леванте. Така да не ми спонемувај среќа.
И не ми е тоа поентата, ај да баталиме финалињата. Многу ме нервира пристапот во твоето прашање ( Епа човек чим веќе викаш дека резултатите ги имаме исполнето во Серија А, која е причината да бараш нешто повеќе во лигата? ). Има милион причини. Најважна од се е тоа што барајќи нешто повеќе во лигата, јас барам од тимот подобри изданија во перспектива, независно од натпреварувањето во кое настапуваме. Затоа што колку и да се обидуваме да ставиме линија меѓу ЛШ и домашното првенство, во суштина поквалитетна игра во едното, придонесува за поквалитетна игра и во другото натпреварување. Ако ги анализираш ноември и декември ќе видиш дека во ЛШ имавме очајни изданија, со два порази и една килава победа. Или и играта против Валенсија и Јанг Бојс беше планирана да биде таква, особено онаа против Валенсија на домашен терен, Алегри на клупата испланира Шчежни со одбрана на колото и Роналдо со еден дриблинг да не доведат до победа?
Дај да му ебам мајката да не бараме оправдувања за ваквите игри. Да ни е тоа максимумот ќе прифатам, ама со ваков офанзивен потенцијал ние се мачиме гол да дадеме и шанса да створиме. Знаеш и ти самиот изминатите сезони кога немавме особен квалитет во нападот јас бев презадоволен со стабилна игра, победа без примен гол и слично. Ама со Роналдо, Дибала и Коста во тимот срамота е да го барам истото. Што кур ни се тогаш, да се вратиме со Матри и Кваљарела и со нив го освојувавме домашното првенство.
Прво земи си Диазепамче, или Сникерс... зависи што те смирува побрзо

Второ двете ЛШ ги изгубивме од страва екипи, првата со Барселона знаеме дека уште во екипа ги имаа Иниеста, Чави, Меси, Пике, Бускетс итн... значи играчи со страшно искуство, и многу титули позади себе во ова натпреварување. Реал пак е трипати по ред шампион на Европа... доволно говори тоа за нив што екипа се/беа.
Понекогаш не ти е судено да тепаш, и тоа е тоа. Можеш до полуфинале да играш курташак, а во финале да доживееш блекаут и да го изедеш курот за сите пари... е тоа ни се деси против Реал пред 2 години, затоа изгледавме како Леванте.
Трето, во групата во ЛШ бевме фаворити, до дуелот со Манчестер дома веќе имавме 9 бодови, и немаше потреба веќе да се напрегаат. Всушност првиот меч против Валенсија кога играа со црвен картон од 10 минута, покажаа дека се зрели да направат нешто повеќе
Четврто, и јас сакам да ги гледам Берна и Коста во напад, да добие шаренило малце нападната линија.... али оди извади го Роналдо од прв тим. Него Господ не го вади од први 11... Манџукиќ колку и да игра тромаво сезонава, колку и да ги кочи нападите, колку и да е бавен во контра нападите, сепак има 7 гола и 5 асистенции досега, тоа е факт кој јас и ти неможеме да го побиеме. Дибала едно е непретпознатлив, али сигурно има причина зошто Макс го чува на терен.
Премногу е голема конкуренцијата во нападот, Берна и Коста одлично ја почнаа сезоната, еве првиов незнам која е причината што го седнаа на клупа, за вториов дефинитивно е тоа затоа што го плукна противничкиот играч, а повторувам двајцата газеа во Септември.
Јас викам останува во Февруари да видиме што знаат играчите, Атлетико е прав и достоен противник за да ги измерат силите.