Епа вака.
Дедоми купи нов Телевизор, Filips.
Го земал од сетек за она 20 години шо им беше, и топ си е.
Арно ама он претходно си рокаше CRT телевизори со катодна цевки, обете у боја, но само едниот (Quartz) поддржуваше дигитален Input/Output и тој кога беше у дневна си беше на Gospel апаратот врзан преку тие трите (црвено, жолто, бело) и си работеше топ, а другиот (Imperial мислам дека се викаше) доста постар, само преку коаксијален кабел беше врзан.
Сега кога купи нов тој стариот го тргна на страна и на негово место го ставк тој Quartz. Тој со апаратот си вадеше превод на странските канали без проблем, ама арно кога го зема новиот Filips го стави апаратот на него, оваа пат преку HDMI, а тој другиот само преку коаксијален кабел, но бидејки и тој поддржуваше апарат, кога отидовме да плаќаме сметки, кажавме таму, и они кажаа дека ќе пратат тим да намести и за другиот телевизор апарат исто така.
Арно ама кога дошле (ја спиев), наместо втор апарат да наместат, на Filips - от ставиле картица, и сега така работи, ама нема превод.
Телевизорот е нов, не е смарт, нема интернет, нишо од такви ствари. Но кога ќе кликнам за превод не ми дава ништо.
Канали ги има сите, и HD работат, сигнал си е топ. Тој апаратот е пак кај тој другиот телевизор во другата соба.
Решение?
Еве слики:
Прегледај го приврзокот 203335 Прегледај го приврзокот 203337
И, иначе телевизорот у опции си има FOTA, ама за тоа мора USB и firmware ако има нов од сајтот на Filips, ама пошто не сум у Скопје,овде немам USB па неможам тоа да проверам (ако тоа може да го реши овој проблем).