Не знам зошто се пишува од ракав. Ако мислеше на мене, јас не работам во администрација.
Зборуваш за неуспешниот референдум? Кој не доби поддршка за имплементација на поставеното прашање? И кое сега незаконски (неуставно) се спроведува понатаму?
На референдум излегоа генерално 2 групи на граѓани, Македонци (со некои малцинства) и Албанци (плус останати малцинства). На втората група не и е гајле за македонските национални интереси, односно, други интереси и се поважни. Првата група гласаше по партиска директива. Ова се груби констатации.[DOUBLEPOST=1543591007][/DOUBLEPOST]
Проблемот е што на дисперзираните се зема(ше) диплома како што се зема диплома за учество на некој семинар.
Но, мислам дека ушто многу поголемо зло направија и прават приватните факултети кои „изнаштанцаа“ платени дипломи на тони. И тоа продолжува. Генерално, сем „Св. Кирил и Методиј“ (и тоа со спуштени критериуми), другите универзитети ја урнисуваат универзитетската мисла и наука. Можеби има по некој исклучок.[DOUBLEPOST=1543591528][/DOUBLEPOST]
Интересите? Грујо погреши.. треба тоа да се поправи. Гледам, за Украина се постапува принципиелно... неповредливост на суверенитетот и интегритетот. Лично, јас за тоа се залагам, пред се заради принципиелност. Затоа и за Косово (Србија) би требало исто да постапуваме. Иако, блиски на СДСМ јавно на ТВ го коментираа признавањето на Косово (мислам беше 2008 г.) како добар потег, добра одлука на тогашното државно раководство.[DOUBLEPOST=1543592463][/DOUBLEPOST]
Анкета: Граѓаните се против промена на Уставот, ветувањата за ослободување од обвиненија и закани доведоа до уставни промени