Ќе скапе у зандана...
Мијалков секој ден добива топол оброк подготвен во кујната на Мериот
Мијалков не е единствениот чии гастрономски желби се исполнуваат за време на притворот. Според нашите извори во Шутка, и желбите на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков биле почитувани. Во периодот кога јавноста мислеше дека Чавков штрајкува со глад, за него се носело маслиново масло и здрава храна во хашкото одделение. Претходно, сличен третман имаше и Љубе Бошковски кој добиваше оброци од ресторанот Рагуза.
[DOUBLEPOST=1543567926][/DOUBLEPOST]
Претпоставувам дека имплицираш дека не треба во ЕУ да влеземе. Јас како непознавач на економија, мислам дека прескокнуваш многу битни работи во целава анализа.
Еве, јас не тврдам дека МОРА да влеземе, ама што не ми влегуе у твојава логика:
Прво - економски раст, како показател е дека нешто позитивно се случува во економијата. По проста логика да, има повеќе пари. Треба прво да расчистиме - имањето повеќе пари, не значи дека подобро ќе се живее, затоа што доволно е тие повеќе пари да одат во џебови на газди и аутоматски, стандардот не расте, дури и може да се влошува. Значи, набави го тој податок каков е во Словенија, па каков е во Северна.
Второ, историскиот контекст, географскиот контекст - НЕ Е ИСТ, па макар и што сме живееле заедно 45-50 години. Османлиската империја на наша територија какви економски параметри оставила, а какви оставила Австро-Унгарија во Словенија. Што останало во смисол на технолошки развој, инфраструктура, градежништво. Во последните 100 години и нешто повеќе, ние сме имале и две војни плус од Словенија - двете Балкански. Значи, тоа што Словенија го има создадено како вредност претходно е многу, многу поголемо од ова овде. Војната на Словенија со ЈНА траеше саати, не денови. Нашиот конфликт со УЧК се чини дека не е завршен од 92-ра наваму, еден малиген тумор константно буцкан од Вашингтон.
Трета работа е нашето економско лутање, со индустријализација, уништување на селските средини, немање концепт во кој правец да се цели развојот, резигнираноста и неспособноста во барањето на нови пазари за нашите производи, па и околниот контекст - војните во Југославија, кои значеа загуба и за нас и за Словенија.
Четврто, многу битно е тоа што кај нас цифрите често и се лажирани, не често, туку секогаш. Во периодот на владеењето на паторот имаше економски раст базиран на инвестиции во градежништвото од страна на државата - еднократен, непродуктивен раст, кој води во ќорсокак и е неодржлив. Дури, има една работа од која можевме да имаме фајде, а тоа беше - да создадеше паторот некој градежен гигант, па истиот да гради и во странство, патишта, згради - ама к***ц, тој му напука пари на Кочан лоповон и ене го сеа, со распадната фирма, а тој у затвор (или којзнае, у Мериот е ваљда и тој).....значи куп говна од тој раст.
Стабилен раст е тој што се базира на извоз и тоа на производи од висока технологија, со голема додадена вредност, како што се германските автомобили на пример или висококомплицирани машини. На економија од 10 трилиони - 1% e поголем од тој на економија од 100 милиони, па макар и бил 20%.
Пострашните работи според мене се тоа што нема кадар за ништо. Сите се диџеи, инфлуенсери, завршуваат менаџмент, маркетинг....сериозна економија бара работа, бара производство. Ние немаме најдено правец у кој ќе се усмериме. Овие од сдс, нити се замараат, нити знаат кај тераат. Лесно е да кажеш раст од 5%, ама тој со корнишони и ајвар не се постигнуе.
Овие споредби треба многу внимателно да се праат. Гледај ја репортажата на Горан Милич за Ал Џазира за Словенија и види колку од младите се на пат да ја напуштат, па спореди со истата кај нас. Словенија се расправаше со централната влада на СФРЈ за нерамномерната распределба на парите од даноците, согласно учеството на поединечните републики во федерацијата. Пак ќе кажам, еве и овој показател оди во тој правец - Словенија изгуби од ослабувањето на пазарите на бившата СФРЈ, ама пак работи на тоа да ги врати. Нешто од нешто, Словенците разбираат...
Ок е да се имаат контра-ставови, ама уште по-ок е и да се нудат решенија. Еве, не мора во ЕУ да се влезе, ама што да се работи овде?