...си реков ај да помогнеме, ама гледам и ти дека како мене на сличен начин, ем ги повикуваш духовите т.е. изразуваш желба да ги видиш и сега кога може се случи тоа бараш објаснување што било тоа, некогаш треба да се внимава што посакуваш дека може и да се исполни!
..треба да правиш разлика, духови и демони не е исто, кога јавно се изјаснуваш дека си посилна од тие што се силни и лоши, демони, нормално дека ќе те совладат, а ти се уште се чудиш зошто „те посети“ машката особа кај старата жена!
...чудно како влегуваш во стан/ куќа кога и на старата жена и било многу лошо, ама и овде двајцата биле пијани на под, едниот целиот крв, прашање од двата случаеви - Кој ти отвори врата?
... убаво кажано, што би рекла за момент на „претрпена огромна траума“ кај тебе? да речеме си се преплашила од влошената состоба на старата особа и при самото трчање кон нејзиниот стан да речеме за секунд си изгубила контакт со реалноста посакувајќи машка личност да ти помогне и да во дел од секунда навистина „го гледаш“ како претрчува пред тебе?
... да и самата признаш дека не можеш да совладаш такви моменти, кога покрај тие секојдневни трауми си одалечена од твојот роден крај и твоите најблиски? што мислиш тоа така ќе помине без последици?
... со тоа би рекла, нормално што ти се причинило да некоја машка фигура во тој претрпен страв кон блиска стара особа со која си контктирала, далеку од својот роден крај, претрчал пред тебе како проекција некоја за желба од машка особа да ти помогне во дадена ситуација!
ете ако предходното детективско објаснување не ти се допадна, што мислиш за вакво паранормално размислување?