Значи 12ката и 18ката Тундра се со ЕЕВ?
Не.
Тундра 12 - капилара, еднореден изменувач, 0.78 кг фреон, 10.2 цм2 компресор.
Тундра 18 - ЕЕВ, двореден изменувач, 1.2 кг фреон, 13 цм компресор.
Малата тундра може да биде одлично решение за добро изолиран стан, никако за куќа...
еве aко нешто ти значи ова
Прегледај го приврзокот 199884
... толку за 22,000 Денари! Мене не ми значи, ми значи што добро си врши работа, што квалитетно, топло тивко и економично грее... толку!
Прегледај го приврзокот 199880
ја бива ли за греење 20-30квадрати по табелата и графикот?
Прегледај го приврзокот 199881
Прегледај го приврзокот 199882
Според овие табели и графикони, малата тундра е небаре FH35VE.

За жал и во овој случај важи правилото: колку пари, толку музика. За тоа колку е тивка не би спорел, има слаба моќност, мал издув, некако логички му доаѓа да биде тивка.
Да се потсетиме на тоа фамозно бекап грејно тело што треба да им помогне на климите да го исполнат имагинарниот П-дизајн со кој се чаталат на Еуровент:
Дааа, им требаат додатни грејни тела за да ја исполнат Европската енергетска налепница (легално е).
Значи Тундра 12 реално во пракса е со П-дизајн 2.1 кв, а 18-ката со 3.9 кв! Ништо страшно, повеќето јапанци исто бараат помошни грејни тела за да си ја оправдаат спецификацијата.
Останувам на мислењето дека Тундра 12 може да биде добро решение само за во стан, никако во куќа (освен ако не зборуваме за пасивна куќа со минимални губитоци).
Тундра 18 е малку поспецифичен случај.
Има сирова снага, ама како за се во животот, нема бесплатен ручек...
Ако одреден (голем) простор има потреба од многу топлинска енергија, со релативно помала ефикасност, тогаш големава Тундра е доста добар избор. Кога ќе се земе во предвид цената, станува скоро и одличен избор.
Но, сето ова би се добило со лоша модулација и уште помал комодитет како што реално го опишал
еден наш колега на ИТ форумот.
Имаме и еден колега фанатик во чиј
пост може да се откријат многу информации за Тундра 18 (со слики!). Благодарност до него што можеме да ѕирнеме во внатрешноста на оваа клима и да дознаеме нешто повеќе...