Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Покрај Берлин и Лондон.
Берлин ја има најдобрата рута и најидеалната клима за марaтон затоа и повеќе рекорди се од таму, а Лондон е интересен затоа што е низ најпознатите улици и места.

На Љубљанскиот маратон пред стартот имаше дожд . Најголема грешка е кога трчаат на маратон и има дожд пред стартот не гледаат подолго време да останат некаде на суво, не носат резерва патики и чорапи со кои ќе се загреваат. Носат памучни маици и чорапи кои повеќе впиваат вода и тешко се сушат, а некои продолжуваат и да трчаат и со она пончо за дожд со што доаѓа ептен жешко и отежнато.
За разлика од тие има некои што носат и плус уште некој пар маици и чорапи во мал ранец и по неколку километри ги менуваат. За оние со поголем буџет Brooks има добри модели на водоотпорни патики за трчање.

Иначе победникот 4 набрз оваа година 2:04:58

На Подгоричкиот со околните планини има некоја депресивна позадина, ама Подгорица е блиску до морето и според некои што имаат учествувано полесно се трча и предизвик им е тоа прилагодување на различни надморски височини.
Колку маратони имаш истрчано?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Jas bev nedelava do Ljubljana i iako bese vlazno i na maratonot isturilo, sepak imase klima za trcanje. Ne smeta dozdot, neka poliva ako saka, smeta pripekot sto go ima skopskiot maraton.

Menjanje corapi srede trka, hmm, ne znam kolku e soodvetno toa ama barem na mene ne mi smeta toa, moze i profesionalna deformacija e zosto ni cador nikogas ne nosam.
 
Член од
25 ноември 2012
Мислења
31
Поени од реакции
6
На 25ти ноември ќе има полумаратон и трка на 5км во Прилеп.
Денеска ги отвориле и регистациите, кој ќе оди можи да се пријави
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Jas bev nedelava do Ljubljana i iako bese vlazno i na maratonot isturilo, sepak imase klima za trcanje. Ne smeta dozdot, neka poliva ako saka, smeta pripekot sto go ima skopskiot maraton.

Menjanje corapi srede trka, hmm, ne znam kolku e soodvetno toa ama barem na mene ne mi smeta toa, moze i profesionalna deformacija e zosto ni cador nikogas ne nosam.
Само толку?
Дај нешто атмосфера сподели.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Само толку?
Дај нешто атмосфера сподели.
Nazalost rabotno odam vo Ljubljana veke 7 godini, firmata za koja rabotam e slovenecka, so Adria stignav, so Adria si zaminav utredenta, utre za Belgrad odam i se vrakam odma i taka. Od atmosfera edino mozam da prenesam vo Merkator nasi sto se zapcuja kaj jogurtite :))))
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Ова нема да го напишам на мојот фб профил, бидејќи и онака не пишувам многу таму, па и не сакам тоа малку пишано да се негативни коментари и критики, еве тука ќе го оставам чисто да информиран за една некоректна организација и некоректен третман кон еден учесник на трка.

Најпрво да кажам дека не сум некое квичало карактер, ама ова денес ги помина сите граници. Се работи за Велешки полумаратон, поточно за дел од организаторите на истиот, па нека им е на чест. Најпрво кога пристигнав во градот уште пред 8 часот, кога уште не беше почнато времето за делење на бројчиња и организаторите уште се сместуваа, бев пречекан со информација од организаторот дека моето бројче го дал на некој италијанец што се викал Филипо, бидејќи тој немал бројче, а мислел јас немало да дојдам да трчам. Само да нагласам дека јас ништо не сум сторил за да иницирам на таков заклучок дека нема да трча, а и не сум пристигнал со закаснување односно надвор од времето кога се делеле бројчињата, сум бил на време меѓу првите. Ова ми го направи лично само на мене, кај другите учесници од мојот тим немаше проблеми од ваков калибар. Веднаш си реков ова не е воопшто коректно, ама добро ете се случува, си побарав ново бројче на местото на уредно пријавеното за кое сум платил. Кога после 15 минути врткање напред назад отиде кај бројчињата, организаторот ми рече дека немал кое да ми даде, да сум чекал тука до кај десет саатот да се јавел некој дека нема да оди. Веќе тука почна да ме фаќа блага нервоза, но среќа имаше од мојот тим човек на кој неговиот брат бил пријавен но не можел да учествува. Јас со бројчето во рака, чекав уште 15 минути само да ме запише човекот на список, на крај доаѓаа луѓе да платат на лице место и беа услужени пред мене, а јас само чекав да го пишат на списокот моето ново бројче кое бев приморен да го носам. Кога виде другиот организатор, дека првиот нема абер да ме пише и покрај тоа што му реков дај ми јас ќе се си го допишам бројчето не е проблем, човекот зема и ме допиша на списокот. Сите од моите другари мораа мене да ме чекаат, а не по моја вина, уште од старт непријатно доживување.

За жал ова не беше ни најмал процент од тоа што допрва се случуваше. Нема да ја коментирам трката и патеката која е крајно небезбедна за тркачите и за сите на неа, бидејќи имаше случаи каде тркачите се судираа со кучиња, со мали дечиња, со обични луѓе кои дошле во паркот на патеката во неделното поплаедно, бидејќи можеби ете толку можеле да обезбедат и да организираат, не сум замерувал, сум трчал и ќе трчам секаде каде што можам. Но, вистинскиот циркус следеше после трката. Веднаш кога погледнав на страната таг тајминг, видов дека моето презиме е згрешено, и наместо да завршува на -ски, завршуваше на -ов, отидов со телефонот во рака веднаш кај организаторите кои ме дочекаа со ваков одговор "Е добро де што ти мења тебе како ќе се презиваш", јас веќе тука крајно изнервиран кажав дека ми менува и дека сакам веднаш да биде корегирано. Иако рекоа дека е сменето, на официјалното читање на прво пласираните, моето презиме беше промашено. Иако бев 3то место, не отидов на читањето директно на бината, туку отидов да кажам дека лошо ми беше прочитано презимето и да корегираат, ми вратија дека они корегирале на таг тајминг ама не и на списокот, иако ми рекоа дека корегирале на двете места на почетокот. Се симнав од бина земав телефонот во рака, да видам, и гледам дека и на таг тајминг не е корегирано, не се почувствував убаво бидејќи не сакам кога некој ме гледа во очи и лаже. На крај, таму кога бев, ме прашаа што ми дадоа во ќесето за 3то место, па дури тогаш заприметив ќесето, гледам нешто тешко мислев книга па се зачудив. Кога гледам во ќесето немаше ништо друго освен 150 флаери за ЕУРОФАРМ, со ливче дека се толку на број. Тука веќе им покажав на сите да се посмееме заедно, не дека наградите за другите беа некои големи, пак ќе речам каков бил буџетот таков живи здрави, имаа некои награди масла за масирање и уште нешто ситно. Отидов да им кажам дека ми дале флаери и рекламен материјал, дека измешале ќесиња при делењето, на тоа ми вратија "епа добро де", постојав во место од неверување 1 минута, бидејќи очекував некоја реакција "леле жити се аххаха збунка извини хаос сме", но не добив никаков одговор, им реков дали може да ви го вратам ова бидејќи настанала збунка очигледно, веќе видно изнервиран бев бидејќи ми скурчи целиот однос, на крај рекоа само "остави добро". Во неверување , си заминав од местото. Претходно следеа на секое мое реагирање, неколку мајтапења во стилот "ее не ти ги врачив ја наградите кај другиот дечко кажи му", "не ти го згрешив ја името на оној кажи му".

Како и да е, ова е прва и последна година јас да учвествувам на оваа манифестација, нека им е на чест. Им посакувам среќа во организирањето следната година, бидејќи со ваков однос кон луѓето за кои постојат, богами ќе им треба.
П.С. Корегирањето на таг тајминг, што ми рекоа уште во 1 час дека било завршено, се случи кај 7 часот вечерта
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Северњачка работа.
Не котира нешто посебно тркава меѓу луѓево што ги знам што трчаат.
Треба да се збори јавно за овие работи. Од многу пријатели е бојкотиран настанот "Прв до врв" заради ваков непрофесионален пристап.
 
Алал ти вера на трпение, ја у станица ќе завршев.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Две ноќни трки истрчав викендов, првпат за мене да трчам две трки еден ден после друг, но кога ти се трча зошто да не.

Ноќна трка Куманово вчера

Слушнавте ли за неа? Како би слушнале, кога резултатите од трката не може никаде да се најдат освен во пишанките на листот на организаторот, слики од трката нема никакви, воопшто не се направени. Води на финиш и такви работи мисловна именка. Но, за мене надепримирачко беше тоа што требаше бројчето да го вратам, па за две години, ќе треба да мислам пет саати зошто јас не сум трчал оваа година во Куманово, бидејќи ништо ќе немам во спомен од трката. Загадувањето и воздухот што нема врска со организацијата, беше на очајно ниво, доаѓам во Скопје си велам уф малку чист воздух :icon_mrgr: Секако, има и добри страни оваа трка, имаше обезбеден превоз бесплатен Скопје - Куманово и назад, возила беа пропуштани, но добро беа регулирани да нема газење на тркачи. За следна година може да се подобрат, не мора да ставаат бројчиња со чип и следење време на Таг Тајминг, ама барем нека објават некаде резултатите, и нека обезбедат вода на крај, два три пакети треба и така триесет души бевме. Резултатот 16:52 на 4600 метри, доволно за 8 место.

Ноќна трка Скопје денес

Оваа има повеќе шанси да сте чуле, бидејќи резултати има на Таг Тајминг и помасовна беше за некое пиле. Тркава беше во 3ипол што нормално нема логика за ноќна трка, ама кога ќе размислиме подобро, бидејќи колку толку помалку загадено беше во споредба кога ќе падне мракот. Околу котизацијата, иако лани беше бесплатно + даваа маичка бесплатно, оваа година освен тоа што не даваа маичка, котизацијата беше 150. Па мислам дека би било добро од следна година да се врати бесплатна котизација, нормално не мора маичка, не е голема пара, но како што слушнав било тоа само за Смарт Рејс да се платело пријавата таму, што мислам дека нема никаква потреба. Исто учесници се генерираа лани кога беше со пријави по гугл докс или како и да беа. Резултатот 21:53 на 6150 метри, освоено 10 место.

Следни трки на кои би можеле да учествувате:

- Следна сабота на кеј, трка во организација на Најк Лигата за Трчање на 5км, стандардно со почеток во 8:30, секако бесплатно.
- Струмина треил, трка во Штип планинска, ќе се одржи во недела, котизација симболично 100 денари.
- Прилеп полумаратон или трка на 5км на 25ти овој месец. Стартнина триста за 5км, 350 денари за полумаратон.
- Ќе има некоја трка во касарна Илинден организирана од АРМ, мислам 28ми ноември ко да слушнав, ама за ова ќе споделам накнадно ако добијам повеќе информации

За сите трки има евенти на фб, таму има и упатство за плаќање ако сакате да се пријавите и подетални информации околу трките. Ако некој нешто не може да најде, нека пише пп ќе му пратам
 
Член од
20 август 2018
Мислења
170
Поени од реакции
299

Секоја ти чест брату за упорноста и за резултатите шо ги постигнуваш.
Него, да те прашам. Шо облека имаш на себе, вака ко че е поладно време? Мене тренерки долу ми сметаат ко че трчам.
Се думам дали да се пријавам на прилепскиот полумаратон. Максимум километри шо имам истрчано се 10.5 за 1сат и 5 мин. Има шанси да истрчам дупло?
Времето во недела ок че биди.
https://www.meteoblue.com/en/weather/forecast/week/prilep_macedonia_786735?day=5
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Секоја ти чест брату за упорноста и за резултатите шо ги постигнуваш.
Него, да те прашам. Шо облека имаш на себе, вака ко че е поладно време? Мене тренерки долу ми сметаат ко че трчам.
Се думам дали да се пријавам на прилепскиот полумаратон. Максимум километри шо имам истрчано се 10.5 за 1сат и 5 мин. Има шанси да истрчам дупло?
Времето во недела ок че биди.
https://www.meteoblue.com/en/weather/forecast/week/prilep_macedonia_786735?day=5
Земи си хеланки или слим фит тренерки некои, ич не сметаат
 
Има хеланки за машки? Јас во хеланки? Хихи. Нооооооу.
Too much gay for me.
Немам таков стил и башка има да јадам ремет од другарите дури сум жив. :icon_mrgr:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Секоја ти чест брату за упорноста и за резултатите шо ги постигнуваш.
Него, да те прашам. Шо облека имаш на себе, вака ко че е поладно време? Мене тренерки долу ми сметаат ко че трчам.
Се думам дали да се пријавам на прилепскиот полумаратон. Максимум километри шо имам истрчано се 10.5 за 1сат и 5 мин. Има шанси да истрчам дупло?
Времето во недела ок че биди.
https://www.meteoblue.com/en/weather/forecast/week/prilep_macedonia_786735?day=5
Вака за зимно време најдобро е: хеланки надоле за трчање + нагоре маичка со долги ракави исто за трчање уз тело, ова е за температури под десет степени. На таков начин ќе се заштитиш од студот, но и од ветрот кој знае да биде прилично студен и да прави голем проблем, особено ако дува во спротивен правец на твоето трчање. Е сега можеш и ракавици нешто, капа не би ти советувал, бидејќи ќе ти се свари главата, има специјално едно само за уши, но за тоа мислам немаш потреба, тоа ептен кога е минус температури. Ракавичките можеш за трчање, можеш обични. Значи овие две работи најгоре ти се Must, додека не ги набавиш можеш за нагоре да си земеш маица со долги некоја полесна, а за надоле ќе требаш со шорцеви - ладно или пак тренерки - ти претаат лево десно, што не се баш добри опции. Е сега, во нашите продавници цените се оган и пламен, би те советувал да одиш во Декатлон во Бугарија и од таму да си набавиш ова се, јас така направив, се што купив беше до десет евра, или било кој Декатлон секако.

Те охрабрувам да го истрчаш полумаратонот, знам луѓе на скопски што трчаа полумаратон и тоа им беше прво трчање во животот ВООПШТО. Значи без ниеден тренинг, оп на полу. Не кажувам дека тоа е во ред, и дека така треба да прават луѓето, но сепак ти колку толку имаш тестирано километри и нозе. За информација, и јас кога го истрчав мојот прв полумаратон имав толку максимум км на тренинг трчано, а богами и вториот, до кај дванаесет км одам и веќе немам желба за повеќе на тренинг. Добро е ако си тргнеш со некој твој пејс што оди, и да си правиш муабет со него дур трчаш чат пат, километрите нема да ги осетиш така, или пак музиче на слушалки/звучник и цепај, уживај без форсирање никакво, секундата кога ќе осетиш напор, дишење многу преку уста, или болка од страната кај стомакот, веднаш намали, ако треба и подзастани, но не се откажувај вреди на крај. Со среќа
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Има хеланки за машки? Јас во хеланки? Хихи. Нооооооу.
Too much gay for me.
Немам таков стил и башка има да јадам ремет од другарите дури сум жив. :icon_mrgr:
Де бе што се замарате, глејте вас да ви е убаво. Знаеш јас што носев над профи купачите додека чекав да ми дојде другата трка? Дуксер и шорцеви доле, плус апостолки. Модна комбинација левел с. Порој, Тетовско :D

Има на алиекспрес сигурна сум дека ќе најдеш и по твој вкус, пиши во срч men's compression gear по цел сет за 15-20 долари се продава.

И остај ги што викаат другарите твои, кога трчам на стаза и ќе ме помине машко во хеланки срцето ми застанува а знам дека не сум само јас со таква реакција, батали ги салестите другари твои :D
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Има хеланки за машки? Јас во хеланки? Хихи. Нооооооу.
Too much gay for me.
Немам таков стил и башка има да јадам ремет од другарите дури сум жив. :icon_mrgr:
Сите сме поминале низ ова размислување. Ама гледај од хеланки до хеланки има голема разлика. Има луѓе воопшто не им се приметуваат дека им се хеланки, туку како некој тренерки уз тело. Такви ти се тие подебелите, може нешто поскапи да се, ама не многу. И нема што глупо да ти биде, одиш да тренираш да трчаш, не одиш на кафе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom