Две ноќни трки истрчав викендов, првпат за мене да трчам две трки еден ден после друг, но кога ти се трча зошто да не.
Ноќна трка Куманово вчера
Слушнавте ли за неа? Како би слушнале, кога резултатите од трката не може никаде да се најдат освен во пишанките на листот на организаторот, слики од трката нема никакви, воопшто не се направени. Води на финиш и такви работи мисловна именка. Но, за мене надепримирачко беше тоа што требаше бројчето да го вратам, па за две години, ќе треба да мислам пет саати зошто јас не сум трчал оваа година во Куманово, бидејќи ништо ќе немам во спомен од трката. Загадувањето и воздухот што нема врска со организацијата, беше на очајно ниво, доаѓам во Скопје си велам уф малку чист воздух
Секако, има и добри страни оваа трка, имаше обезбеден превоз бесплатен Скопје - Куманово и назад, возила беа пропуштани, но добро беа регулирани да нема газење на тркачи. За следна година може да се подобрат, не мора да ставаат бројчиња со чип и следење време на Таг Тајминг, ама барем нека објават некаде резултатите, и нека обезбедат вода на крај, два три пакети треба и така триесет души бевме. Резултатот 16:52 на 4600 метри, доволно за 8 место.
Ноќна трка Скопје денес
Оваа има повеќе шанси да сте чуле, бидејќи резултати има на Таг Тајминг и помасовна беше за некое пиле. Тркава беше во 3ипол што нормално нема логика за ноќна трка, ама кога ќе размислиме подобро, бидејќи колку толку помалку загадено беше во споредба кога ќе падне мракот. Околу котизацијата, иако лани беше бесплатно + даваа маичка бесплатно, оваа година освен тоа што не даваа маичка, котизацијата беше 150. Па мислам дека би било добро од следна година да се врати бесплатна котизација, нормално не мора маичка, не е голема пара, но како што слушнав било тоа само за Смарт Рејс да се платело пријавата таму, што мислам дека нема никаква потреба. Исто учесници се генерираа лани кога беше со пријави по гугл докс или како и да беа. Резултатот 21:53 на 6150 метри, освоено 10 место.
Следни трки на кои би можеле да учествувате:
- Следна сабота на кеј, трка во организација на Најк Лигата за Трчање на 5км, стандардно со почеток во 8:30, секако бесплатно.
- Струмина треил, трка во Штип планинска, ќе се одржи во недела, котизација симболично 100 денари.
- Прилеп полумаратон или трка на 5км на 25ти овој месец. Стартнина триста за 5км, 350 денари за полумаратон.
- Ќе има некоја трка во касарна Илинден организирана од АРМ, мислам 28ми ноември ко да слушнав, ама за ова ќе споделам накнадно ако добијам повеќе информации
За сите трки има евенти на фб, таму има и упатство за плаќање ако сакате да се пријавите и подетални информации околу трките. Ако некој нешто не може да најде, нека пише пп ќе му пратам