http://prizma.mk/drzhavnata-tajna-za-rudnikot-ilovitsa-see-strav-od-teshki-otrovi/?fbclid=IwAR3MwJIQmegUJxtrbX0qTtG1GyHqf0dvUOzl3yorY0GZel632N_qnFSPig0
.....Еколошката студија, сепак, не е јавна
Од Министерството за животна средина побаравме да ни ја достави целосната еколошка студија, но оттаму нè информираа дека по барање на „Фелпс доџ Вардар“ објавиле само нетехничко резиме и затоа не можат да ни помогнат.
Објаснувањето што го добивме во дописот од Управата за животна средина, потпишано од директорот Игор Трајковски, е дека студијата нема да ја објават за да ги заштитат доверливите податоци во интегралниот текст.
„Досега не се случило Министерството за животна средина да објави само нетехничко резиме за проект кој подлежи на оцена за влијание врз животната средина. Ова е прв случај инвеститор да побара да се објави само резимето“, коментира Бујароска од еколошкото друштво „Фронт 21/24“.
Таа вели дека информациите за животната средина не смеат да бидат доверливи и доколку постојат такви податоци, тие треба да се извадат од студијата и таа да се објави......