Не штеди на зборови. Извоз увоз, процент од вкупната надворешна размена, помош или кредити за патишта, болници, проекти за ова или она. БДП по ппп, џини индекс...Во вид на помош или кредити имаме добиено милијарди од западните држави. Од Русија немам податок. Понатаму, споредба цост ов ливинг и quality of living помеѓу овие држави. Да видиме за што збориме.
Еве пример, просечна плата им е 440 евра отприлика, нашата е 390 евра. Минималната е околу 9000 денари, нашата е 12000. Индексот на income equality им бил 42, во 2015 е 37.7. Нашиот бил 43.6 во 2015 е 35.6. Извозот со Русија ни е 0.8%, увозот 2.4% во однос на вкупниот. Невработеноста во однос на ЕУ членките каде нашите се отселуваат е тука некаде. Но, индексот на трошоци на живот последните 5 години геометриски им расте, за разлика од Македонија каде главно оди горе долу. Стапка на пораст на БДП Македонија 3.1, Русија 1.9... Ете, некои други параметри кои би биле интересни за нашата работна сила и државата? Оти овие баш и не ми се чинат поволни.