Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
15 јануари 2015
Мислења
452
Поени од реакции
423
Прегледај го приврзокот 199267
Дали некој имал искуство со ова? Влегува вода од некаде од страната на совозачот под тепихот. Неможам да забележам од каде влегува, нема дупки или скапано никаде, изгледа како чиста вода не како антифриз. Втор пат го вадам за сушење и незнам од каде влегва вода??
https://forum.kajgana.com/threads/Совети-прашања-и-oстанато-во-врска-со-автомобили.5035/page-1474#post-8318726
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Прегледај го приврзокот 199267
Дали некој имал искуство со ова? Влегува вода од некаде од страната на совозачот под тепихот. Неможам да забележам од каде влегува, нема дупки или скапано никаде, изгледа како чиста вода не како антифриз. Втор пат го вадам за сушење и незнам од каде влегва вода??
влегува од каналите за одвод покрај шофершајбната што се, мене летоска ми се поплави возачката страна, се напунило тоа со ѓубре водата немала кај да оди и се напунило.
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
890
Поени од реакции
576
влегува од каналите за одвод покрај шофершајбната што се, мене летоска ми се поплави возачката страна, се напунило тоа со ѓубре водата немала кај да оди и се напунило.
обично ова време се случува -есен, лисја паднати од дрва влегуваат и го запушуваат каналот за одвод
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.904
Поени од реакции
1.365
IMG_20181027_171709.jpg slicen priblem imav na vectra b so bagaznikot. cim zavrnese vnatre imase vlaga i tepisonot mi se unisti i morav da zemam nov. odozdola ima edni gumeni kapacina i odniv pusta voda. kajmene napred mi pusti od to kapaceto i na kraj go fiksirav skroz kako napred taka i nazad.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Прегледај го приврзокот 199267
Дали некој имал искуство со ова? Влегува вода од некаде од страната на совозачот под тепихот. Неможам да забележам од каде влегува, нема дупки или скапано никаде, изгледа како чиста вода не како антифриз. Втор пат го вадам за сушење и незнам од каде влегва вода??
Нека се исуши убаво и дур е теписонот кренат земи црево едно полевај на шофершајбна или на кров. Ќе видиш лесно од кај иде водата. Може и од гумите на вратите да влегува вода, види добро дали се здрави, доволно е малку да се оштетени некаде за да влегува вода. Види и добро дали налегнуваат на рабовите, да не се прецвикани некако.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
241
Поени од реакции
317
Потребно ми е совет,кажано кратко коментар-забелешка за верзија мотор на Пежо 206 .

Дали се добри дизел 1.9 моторите на Пежо 206 1999година ? Дали вредат ? Или пак подобри се други верзии на мотори на пежо? Стрикно 1999 година или таа генерација околу Добри и слабости? Сестричкава сака да земе количе за работа,па ајде вака убаво количе ни се понуди 1.9 д 1999 година? Колку трошат вака иначе?:)
Ние го имавме како ново на времето во 2002 година. Тогаш беше најбарано и најпопуларно возило за кое прекупците и во 12 саат ноќе даваа пари.
И денес лесно се продава.
Потоа неколку мои пријатели купија како половно. Сосема солиден и убав избор. Барај само од 2002 година фејслифт моделите со новите проsирни фарови напред. Поубаво изгледа.
Мана им е заден трап кој на времето беше огин скап дел над 1000 евра. Денес е околу 300 евра, но не е нешто страшно и да се расипе. Колата и така може да се вози и да е безбедна.

Гледај само да не тропка позади и мирен ќе бидеш. 1.9 ХРД е одличен мотор, но мада 1.4 хди би бил уште подобар и поекономичен.
Јас би гледал некое со понова година и со посочуван ентериер.[DOUBLEPOST=1541725500][/DOUBLEPOST]
Ја видов денеска кратко на минување,неувезувана,купена од тука е,втор газда 180.000 поминато е историја,инаку колата е топ зачувана ,фамилијарна .Без клима е,иначе одма пали вака,сменет е трапот позади сеа .....Така ми спомна.
Ете си пишал веќе за трапот. Отпосле видов. И нашиот трап почна да прави проблем на 170.000км, со што многу веројатно дека е и точна километражата.
Штом е сменет, други поголеми давачки би немал. Ако е како прва кола одличен избор. Добро ќе беше да има и клима, но да имаше многу побрзо и човекот би ја продал
Мене ми смета само годината и ентериерот внатре особено ако го нема трокракиот волан. Со правиот изгледа ептен грдо
Но ако има убава цена, слободно земи ја. Колата има убава вожња[DOUBLEPOST=1541730357][/DOUBLEPOST]
seat ibiza 1.9 ti e najdobar izbor. od fiat pezo i citroen begaj. na opel ne ni pomisluvaj :)
Веројатно многу пати поставувано прашање тука, ама што кола би му препорачале на човек што појма нема за коли :D .
Имам во буџет некој 4000 евра, и сакам да земам некое мало количе од типот на фиат пунто и тн, таа класа. Али не се разбирам во тип на мотори или било што такво па добро би ми дошло помош.
Според мене е сосема обратно. Кое пежо, фиат или цитроен е полош од Ибица?

Работам со коли и слободно можам да кажам дека Ибица е едно од најлошите возила кои сум ги имал кај мене.
Имав страшно лошо искуство со 3 Seat коли. 2 ибици и една Cordoba која беше стара 4 години а веќе се распаѓаше внатре.

Ако на некоја кола сум изгубил при продавање тоа беа двете ибици, за кои дадов еден куп пари за непланирани дефекти.
Ако се сеќаваш едно време мобилниов оператот Оnе ViP имаа Сеат Cordobа на работа.
Комшија секој ден доаѓаше од работа со неа. Катастрофа беа колите со голем број на дефекти по само 2-3 години експлотација.


Точно е дека носат VW мотор и тој е погоден, но другата изработка им е катастрофа. IТврда пластика насекаде во ентериерот. Ibiza 1.9 SDi беше најпромашено возило на цела VW групација кое трошеше уље како лудо.

И далеку е Ibiza од квалитетот на материјалите на Golf ,Polo. Целата внатре е со тврда пластика.

Со Сеат досега сум имал позитивно искуство само со Леон, за кој би кажал дека има солидно ниво на изработка
Но не на ниво на Голфот.
Со Шкода веќе е друга приказна. ИАко послаби од VW Moделите, Имаат квалитет и добра изработка па често моделите се добро покажани. Таксисти поминуваат и по 500-600.000 км со октавиите.


Од Цитроен слободно можам да кажам дека речиси сите модели се погодени освен неколку модели на C4.
А квалитетот на материјалите е еден од подобрите кај Цитроен. Има стари Хсари по 20 години а внатре изгледаат одлично. Цитроен Ц3 исто така има модели кои како да се од фабирка излезени.
Глупсоти се тоа дека имаат скапо одржување. Рекла казала. Скапо е ако нема делови. А за C3, C4, C5 има еден куп плацеви и еден куп делови.


Пежо воглавно е се погодено моторите 1.4 хди и 1.6 хди се едни од најдобрите мотори во поново време, кои се вградуваа и во голем дел на други марки.

Фиат досега сум имал можеби највеќе. И сум презадоволен од моторите. Никој ме нема изневерено
Моторите 1.2 8V се неверојатно тивки, погодени и евтини за одржување, па дури и како нови не коштаат многу..

МultiJet моторите на фиат донесоа многу новини и собраа еден куп награди за најдобри и најекономични мотори. Фиат прави страшно добри мотори во последниве 10 години.
Мене нешто страшно што ме иритира се фиатовите модели во задниве 3-4 години. Имаат промашени модели од типот на Linea, Doblo итн. и нив можам да ги наречам втора Ибица.

Не им требаше фабриката во Турција, но тоа е што е. АКо се иземат овие модели тогаш Фиат има со што да се пофали.

Во секое време би земал Grande Punto, Bravo, Polo, C3, Пежо 207, и уште еден куп други пред Ибица.


Мој Предлог до Димитар. Fiat Grande Punto. 1.3 Mjet или 1.9 некое со понова година. Од 2007 нагоре. За дизајн не би коментирал, бидејќи секој си има свој избор, но мене лично како целина ми се допаѓа. Eвтино одржување и докажано возило. Едни убави фелни и колата изгледа супер. Проблем е што има многу отпад донесено и треба да се помачиш за убав примерок.

C3 e исто погодена кола, ако не ти смета дизајнот.

Peugeot 207 солидно ауто, ако се најде убав примерок.

FIat Bravo е исто така еден од топ 5 изборот за мене. Проблем имаа само 8 вентилските мотори и мануелните клими, и моделите со овие работи треба да се избегнуваат
Се разбира вакви модели со 8V моторите и особено со мануелни клими највеќе се увезуваат кај нас. Но ако се земе примерок со автоматска клима к и 16V мотори ќе се добие фантастичен автомобил со проверен мотор koj нема смрт.

Сите други мотори и модели се погодени, брзи, комотни и евтини за одржување. Има примероци со доста опрема.
Се разбира и голф 5 би го ставил кој како и Фиат браво е веќе поголема класа на кола, но проверено ауто кое нема да изневери.
Се разбира треба да се помачи многу, за да се најде добар примерок, но и да се одвои минимум 5000 евра за добар голф ако се најде
 
Последно уредено:

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Секоја чест за постот погоре. Еден од најреалните на темава. И јас сум бил во допир со многу коли, и горе долу ти се на место заклучоците.

Од лично искуство може да потврдам за квалитето на материјалите во ксара. Колата што ја имам е 1998 г. и ништо ама ништо нема се нема олупено, излитено или скршено внатре. Ниту едно копче, ниту едно тркалце, ниту една рачка на вратите.

Еднинствено оштетување има на седиштето од возачот кое е од паднат жар од цигара.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.381
Фала многу, опсежен одговор(y) овие коли што ги наброја и највеќе ми одговараат ценовно и се мали ко што сакам:icon_mrgr: Мислам ги изглеав сите од оваа катерогорија на огласи, поло, клио, фабиа и фиестата. Ми изглеа ко полото да држи највеќе цена споредено со останатите и најчесто е 1.4 мотор на огласите. Ама па за сите останати слушав лошо мислење инаку првично пунто си глеав.
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
142
Поени од реакции
60
Секоја чест за @Аlbertos за несебичната помош. И чичко ми кој работи со коли вика сеат да се прескокне.

Јас имам мерак многу на Fiat Bravo. Што можеш да ми кажеш за нив. Имаат ли мани и на што да пазам. Чичко ми немал искуство со нив. Ми кажа само за моторот д
1.9 мјет дека бил добар.

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3060392

Што би рекол за колава. Твое мислење?
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2015
Мислења
183
Поени од реакции
50
Јас имам Фиат Браво 1.9 8V Мултиџед со мануелна клима,и напротив сметам дека се помалку дефектни од 16V и поевтини за одржување,треба само да се пази регенерација на ДПФ,чистење ЕГР,МАФ,МАП,со климата сум немал проблем.

Sent from my Coolpad E502 using Tapatalk
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Дечки, колку одат на старо:
1. Daihatsu Rocky - 1998-2001
2. Suzuki Samurai - 1998-2001
3. Opel Frontera - 1998-2001

- Најважно ми е реалната цена за стандардни односно фабрички модели не за модифицирани, за после да можам да дискутирам со продавачите...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.568
Дечки, во Скопје од каде да земам амортизери за гепекот а да не е Авто Лидер, навистина се ефтини али сменив пролетва го сменив од таму и пак се заеба. Да не е висока и цената, старо возило е и не планирам да го возам уште долго.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.597
Дечки, во Скопје од каде да земам амортизери за гепекот а да не е Авто Лидер, навистина се ефтини али сменив пролетва го сменив од таму и пак се заеба. Да не е висока и цената, старо возило е и не планирам да го возам уште долго.
Neznam koj e ovoj.....no go čuvam linkov....
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=1783158
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Дечки, во Скопје од каде да земам амортизери за гепекот а да не е Авто Лидер, навистина се ефтини али сменив пролетва го сменив од таму и пак се заеба. Да не е висока и цената, старо возило е и не планирам да го возам уште долго.
Прашај Авто мобил. бутел или аеродром. Ако одиш Ситимолот, долу има продавница за автоделови. Дали имаат за задна врата или воопшто амортизери стварно не знам. Еве локација и телефон. Зависи и што кола е. За опел пример има од битпазар кон Чаир едночудо продавници, од таму и такви амортизери сум земал. Е сега, за сите овие каков им е квалитетот, не знам.
Овде може информативно да избереш според возилото, за споредба на цени
https://www.karoserija.mk/gas-struts/skoda-fabia-2010-#menu
Адресата гледам му е булеварот Автокоманда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom