5X филмски предизвик v.2/2018

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.006
Поени од реакции
37.335
Конечно:

2. Рај / Paradise - Andrei Konchalovsky

Филмов ми беше во watchlist уште кога се појави во 2016 и зеде сребрен лав за најдобра режија во Венеција, а подоцна беше и на влакно до номинација за Оскар. Не го пуштав зашто руски + црно/бел некако ми беше too much to handle. Испадна визуелно одличен. Кинематографијата е врв. Сцените со интервјуата на тројцата актери изгледаат како баш да се некои архивски снимки пронајдени под рушевините на некој концентрационен логор. А што е поентата со филмот: тројца навидум неспоиви ликови се интервјуирани од непозната инстанца, овојпат облечени во иста облека, секој сам по сам, присетувајќи се на деновите од Втората светска војна и како нивните приказни се преплетиле. Француски полицаец, соработник со фашистите, руска аристократка - имигрант, и висок германски офицер. Сликите од логорите се неподносливо болни.

Е сега, се е супер со филмов, но имам две мали замерки. Прво: францускиот полицаец многу рано загина, по што веќе ми стана јасно што е поентата со интервјуата. И второ: баш заради раната смрт на полицаецот, цело време до крај на филмот очекував на кој начин ќе загинат и Русинката и Германецот. Сепак, сцената со одлуката на Русинката да спаси нечиј друг живот наместо сопствениот, ме наежи од глава до пети, и навистина по Страшниот суд го заслужи своето место во рајот (затоа и името на филмот - ликовите беа соочени со некоја виша сила по нивната смрт, која одлучува дали ќе преминат во рајот или не).

Но, филмов нема ни малку религиозна заднина, напротив. Авторот, преку метафората на влегување во рајот, всушност сака да ни каже дека на земјата сите сме исти - доаѓаме од исто место, и заминуваме на исто место (оттаму и истата облека на тројцата интервјуирани). Она што нѐ разликува се нашите одлуки и постапки додека сме живи, и само тие се она по кое ќе бидеме запомнети по нашата смрт (читај: ќе влеземе во рајот), како Олга, или заборавени како Французинот и Германецот.

Одличен филм, одлична претстава, одлична поента. Малку ме нервираше должината и непотребното замарање со сцени кои немаа смисла и не беа дел од целата сложувалка. Се мислев помеѓу 7 и 8 од 10, и сепак на крај, мислам заслужено, ја добива повисоката оценка од мене, иако заради гледливоста би можел и 7 да добие. 8/10

Препорака![DOUBLEPOST=1540741604][/DOUBLEPOST]3. Белые ночи почтальона Алексеја Трјапицына / The Postman’s White Nights - Andrei Konchalovsky

Денес ми е Кончаловски ден. Овој не ми се допадна толку колку претходниот негов. Ова како Манчевски да го снимал. Се работи за некој вид доку-драма. Единствено нешто на кое ми текнува а е слично на ова е Epizoda u zivotu beraca zeljeza на Данис Тановиќ, каде вистинските луѓе на кои им се случила приказната ја reenact-уваат истата. Тука исто актерите си се глумат самите себеси, но „глумат“ фиктивна приказна. Всушност, и не е баш приказна, колку што е раскажување на секојдневието на еден поштар во едно село во Недојдија во Русија, отсечено од светот, и до кое да се пристапи може само со чамец преку едно огромно езеро. И додека луѓето во тоа селце живеат живот вон цивилизацијата, како во 19 век, на само неколку километри од нив Русите развиваат вселенска програма и лансираат ракети кон небото. Затоа, ова на некој начин го гледам како критика кон руското општество, но може да се аплицира лесно и кај нас. На пример, сцената во која одговорната ги казнува селаните дека диво ловеле риби додека пред тоа му прогледа низ прсти на некој функционер или што и да беше е речиси идентична со нашата жива вистина со дедото кој го осудија зашто продавал врзопче коприви на пазар во Скопје додека политичари за тешки криминали се уште се шетаат на слобода. Најсмешно од се ми беше сцената кога бабата што умре ја погребуваат од другата страна на езерото, па мораат ковчегот да го пренесат со „траект“ или што и да беше тоа, па низ некои шуми... им се стемни дур ја погребаа... Баш ко во камено доба да живеат. Ама затоа:

Screenshot_10.jpg

Најмногу мис е допаднаа кадрите од недопрената природа, да бидам искрен. Во тој поглед, ова беше вистинско парче уметност. Ми недостигаше приказна, thou. Пример, Звјагинцев истава или слична поента многу поуспешно ја долови во Loveless со многу поубава приказна која го направи филмот далеку погледлив.

За Поштарот само 6/10 од мене.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
3. Битката за Севастопол

Уште еден биографски филм, овој пат за Људмила Павличенко, најуспешна руска снајперистка од втората светска војна. Преку флешбеци ја следиме нејзината приказна од училишните денови до нејзиното повлекување од активна служба за време на војната и посетата на белата куќа. Тажна судбина, војната и ги одзема сите нејзини љубени и иако таа стоички ги издржува сите ужаси, сепак не поминува без последици. Ок драма, интересна, гледлива но со ништо не отскокнува од бројните филмови на оваа тематика.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
4. Стилаги

Руски мјузикл. И тоа имало. Делува како некоја мешавина од повеќе познати мјузикли, но со источен шмек. Забавен, колоритен, весел, со добра музика. Приказната и ликовите горе долу тие, стандардни од ваков тип филмови. Интересен развој, особено крајот. Незаборавна изведба на таткото на главниов лик.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
5. Рај

Уште една приказна од втората светска војна, овојпат за холокаустот. Раскажана преку интервјуа на трите главни лика, проследени со флешбеци за конкретните случувања. Интервјуата се направени да изгледаат како од документарен филм. Низ ликовите гледаме три различни стојалишта за случувањата во војната, нивните постапки и реакции на различни случки како и нивните оправдувања за истите. Ништо не е црно бело, не е ни фотографијата иако не е во боја. Јасна беше алузијата на насловот уште од самиот почеток, иако рајот беше она за што се залагаа нацистите, барем така го оправдуваа она што го правеа, затоа што за да има рај мора да постои и пекол. Гледлив беше филмот, иако се чинеше предолг, и успат некако како да ја изгуби поентата. Ништо ново и не ни прикажа во поглед на темата што ја обработува.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Не е дека неам теми, напротив, ама мислам вистинско време е за фаќање чекор зашо ако се соберат многу неглеани паѓа ентузијазмот. Мунгус и ти ако памтам имаш неглеани од задолжителните, а ако се малку тогаш тука се и изборните.

Значи си глеаме било кои 5 (или повеќе) "5х филмови" од било кој месец
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.006
Поени од реакции
37.335
Јас во ноември сепак ќе изберам филмови од резервните 3, кои биле предложени како замена во некој од изминатите месеци, а тогаш не сум ги избрал за гледање. За изборот од нив дополнително ќе ве известам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.006
Поени од реакции
37.335
Јас продолжувам прво со предизвикот на @moongoses :

4. Elena - Andrey Zvyagintsev

И пак маестро Звјагинцев! Дефинитивно веќе можам да кажам дека ми е омилен европски режисер. Можеби филмов не е на нивото на Loveless и The Return (а веројатно и на Leviathan, кој уште не седнав да го изгледам, shame on me), но со повторното навраќање на темите за декаденцијата во која е западнато руското општество и која до детали може да се преслика во било кое друго (источноевропско) општество, чинам, потоа на темата за животните одлуки, правилното и погрешното, за семејството и неговото значење, за најблиските, и најважните нешта во животот, за парите и заслепеноста од нив... го прави повторно многу близок до нив. Тука гледаме филм за една очајна средовечна жена, Елена, која е ставена на тест дали да одбере мир во душата и правичност, или да му помогне на своето семејство, притоа наштетувајќи му на некој друг. И одлуката која треба да ја донесе има животни последици...

Не знам во што е магијата која ја создава Звјагинцев, но дефинитивно те тера да не трепнеш од почеток до крај на филмот. Дури и за време на долгите кадри во кои прикажува речиси ништо, и навидум нешто неважно за приказната (како дрвото и гавранот во почетната сцена од филмов) се преинтересни. Јас радо би гледал неподвижна гранка од дрво 5 минути во кадар, овде пак снимена од камерата на маестралниот Микаил Кричман за кој говорев по The Return, отколку 90% од цел холивудски булшит. Атмосферата која ја создава е нестварна, хипнотичка, го фрла целото твое внимание во екранот и буквално си неподвижен и надвор од светот кој те опкружува, а телепортиран во светот на Звјагинцев. Не знам што би додал, навистина. Уште едно ремек дело, на најголемиот креатор на ремек дела на нашето време. 9/10[DOUBLEPOST=1541166133][/DOUBLEPOST]P.S. Заборавив да спомнам уште една работа која ме фасцинира кај Звјагинцев - едноставноста на приказните кои водат до толкава комплексност на размислувањата за филмот, отпосле. Вистинска бура во мозокот!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.006
Поени од реакции
37.335
3. Битката за Севастопол

Уште еден биографски филм, овој пат за Људмила Павличенко, најуспешна руска снајперистка од втората светска војна. Преку флешбеци ја следиме нејзината приказна од училишните денови до нејзиното повлекување од активна служба за време на војната и посетата на белата куќа. Тажна судбина, војната и ги одзема сите нејзини љубени и иако таа стоички ги издржува сите ужаси, сепак не поминува без последици. Ок драма, интересна, гледлива но со ништо не отскокнува од бројните филмови на оваа тематика.
5. Битва за Севастополь - Sergei Mokritsky

Филмов ми беше многу досаден. И најлош од понудените. Прво - ни знаев која е оваа Људмила, нити пак I cared. Досадна и неинспиративна драма за личност чија единствена заслуга е тоа што убила 309 луѓе со својот снајпер. И за која никогаш не би дознал да не го гледав филмов. Плус, и многу маани имаше, ама не би да почнам да набројувам сега. Само 4/10.

Лош крај за убавиот предизвик. Фала @moongoses . :bravobe:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.006
Поени од реакции
37.335
Еве како избрав за ноември: од сите предизвици од 2018 ги извадив оние 3 филма кои ги немав избрано да ги гледам во месецот кога бил предизвикот (освен оние од нив кои ги имав гледано). Потоа, од нив ги одбрав оние кои најдобро ги оцениле моите LB пријатели, меѓу кои и вие минус @moongoses , а мене најмногу ми фаќаат око. Случајно се погоди од секој од вас да има по 1 филм, освен од @grande-juve , но ноемврискиов предизвик и идејава е негова, нели, па нема љутиш. Избраните филмови, по редослед како ги избрав, се:

1. Shadowlands - АПРИЛ - Writer Biopics ( @Zlatikevichius )
2. Heat - МАЈ - Neo Noir ( @moongoses )
3. Village of the Damned - МАРТ - Our Childhood Movies ( @Anon )
4. Transfer - ЈАНУАРИ - Lo-Fi Sci-Fi ( @Corvus )
5. The Last Station - АПРИЛ - Writer Biopics ( @Zlatikevichius )

Во најтесна конкуренција за петтото место, ми останаа:

6. Bright Star - АПРИЛ - Writer Biopics ( @Zlatikevichius )
7. Jeremiah Johnson - ФЕВРУАРИ - Outdoor Movies ( @grande-juve )
8. The Incident - ЈАНУАРИ - Lo-Fi Sci-Fi ( @Corvus )

Во МОЈАТА ЛИСТА, предизвикот го нареков - Other Movies From Previous Challenges, во ВАШАТА, т.е. ВКУПНАТА ЛИСТА, предизвик нема, зашто не може филмовите да ги ставам 2 пати.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.006
Поени од реакции
37.335
Screenshot_11.jpg
Еве кој колку ги следел предизвиците во 2018. Го предвидов ова уште на почетокот, затоа и не сакав да ја рестартираме темава. :(
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Анон шо избега само иначе ќе се вратиме у форма сеа ладно ќе биде и дома ќе седиме
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Таман после генијалната тема на Гранде ќе напраиш ново да споредиме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom