- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.006
- Поени од реакции
- 37.335
Конечно:
2. Рај / Paradise - Andrei Konchalovsky
Филмов ми беше во watchlist уште кога се појави во 2016 и зеде сребрен лав за најдобра режија во Венеција, а подоцна беше и на влакно до номинација за Оскар. Не го пуштав зашто руски + црно/бел некако ми беше too much to handle. Испадна визуелно одличен. Кинематографијата е врв. Сцените со интервјуата на тројцата актери изгледаат како баш да се некои архивски снимки пронајдени под рушевините на некој концентрационен логор. А што е поентата со филмот: тројца навидум неспоиви ликови се интервјуирани од непозната инстанца, овојпат облечени во иста облека, секој сам по сам, присетувајќи се на деновите од Втората светска војна и како нивните приказни се преплетиле. Француски полицаец, соработник со фашистите, руска аристократка - имигрант, и висок германски офицер. Сликите од логорите се неподносливо болни.
Одличен филм, одлична претстава, одлична поента. Малку ме нервираше должината и непотребното замарање со сцени кои немаа смисла и не беа дел од целата сложувалка. Се мислев помеѓу 7 и 8 од 10, и сепак на крај, мислам заслужено, ја добива повисоката оценка од мене, иако заради гледливоста би можел и 7 да добие. 8/10
Препорака![DOUBLEPOST=1540741604][/DOUBLEPOST]3. Белые ночи почтальона Алексеја Трјапицына / The Postman’s White Nights - Andrei Konchalovsky
Денес ми е Кончаловски ден. Овој не ми се допадна толку колку претходниот негов. Ова како Манчевски да го снимал. Се работи за некој вид доку-драма. Единствено нешто на кое ми текнува а е слично на ова е Epizoda u zivotu beraca zeljeza на Данис Тановиќ, каде вистинските луѓе на кои им се случила приказната ја reenact-уваат истата. Тука исто актерите си се глумат самите себеси, но „глумат“ фиктивна приказна. Всушност, и не е баш приказна, колку што е раскажување на секојдневието на еден поштар во едно село во Недојдија во Русија, отсечено од светот, и до кое да се пристапи може само со чамец преку едно огромно езеро. И додека луѓето во тоа селце живеат живот вон цивилизацијата, како во 19 век, на само неколку километри од нив Русите развиваат вселенска програма и лансираат ракети кон небото. Затоа, ова на некој начин го гледам како критика кон руското општество, но може да се аплицира лесно и кај нас. На пример, сцената во која одговорната ги казнува селаните дека диво ловеле риби додека пред тоа му прогледа низ прсти на некој функционер или што и да беше е речиси идентична со нашата жива вистина со дедото кој го осудија зашто продавал врзопче коприви на пазар во Скопје додека политичари за тешки криминали се уште се шетаат на слобода. Најсмешно од се ми беше сцената кога бабата што умре ја погребуваат од другата страна на езерото, па мораат ковчегот да го пренесат со „траект“ или што и да беше тоа, па низ некои шуми... им се стемни дур ја погребаа... Баш ко во камено доба да живеат. Ама затоа:
Најмногу мис е допаднаа кадрите од недопрената природа, да бидам искрен. Во тој поглед, ова беше вистинско парче уметност. Ми недостигаше приказна, thou. Пример, Звјагинцев истава или слична поента многу поуспешно ја долови во Loveless со многу поубава приказна која го направи филмот далеку погледлив.
За Поштарот само 6/10 од мене.

Е сега, се е супер со филмов, но имам две мали замерки. Прво: францускиот полицаец многу рано загина, по што веќе ми стана јасно што е поентата со интервјуата. И второ: баш заради раната смрт на полицаецот, цело време до крај на филмот очекував на кој начин ќе загинат и Русинката и Германецот. Сепак, сцената со одлуката на Русинката да спаси нечиј друг живот наместо сопствениот, ме наежи од глава до пети, и навистина по Страшниот суд го заслужи своето место во рајот (затоа и името на филмот - ликовите беа соочени со некоја виша сила по нивната смрт, која одлучува дали ќе преминат во рајот или не).
Но, филмов нема ни малку религиозна заднина, напротив. Авторот, преку метафората на влегување во рајот, всушност сака да ни каже дека на земјата сите сме исти - доаѓаме од исто место, и заминуваме на исто место (оттаму и истата облека на тројцата интервјуирани). Она што нѐ разликува се нашите одлуки и постапки додека сме живи, и само тие се она по кое ќе бидеме запомнети по нашата смрт (читај: ќе влеземе во рајот), како Олга, или заборавени како Французинот и Германецот.
Но, филмов нема ни малку религиозна заднина, напротив. Авторот, преку метафората на влегување во рајот, всушност сака да ни каже дека на земјата сите сме исти - доаѓаме од исто место, и заминуваме на исто место (оттаму и истата облека на тројцата интервјуирани). Она што нѐ разликува се нашите одлуки и постапки додека сме живи, и само тие се она по кое ќе бидеме запомнети по нашата смрт (читај: ќе влеземе во рајот), како Олга, или заборавени како Французинот и Германецот.
Одличен филм, одлична претстава, одлична поента. Малку ме нервираше должината и непотребното замарање со сцени кои немаа смисла и не беа дел од целата сложувалка. Се мислев помеѓу 7 и 8 од 10, и сепак на крај, мислам заслужено, ја добива повисоката оценка од мене, иако заради гледливоста би можел и 7 да добие. 8/10
Препорака![DOUBLEPOST=1540741604][/DOUBLEPOST]3. Белые ночи почтальона Алексеја Трјапицына / The Postman’s White Nights - Andrei Konchalovsky
Денес ми е Кончаловски ден. Овој не ми се допадна толку колку претходниот негов. Ова како Манчевски да го снимал. Се работи за некој вид доку-драма. Единствено нешто на кое ми текнува а е слично на ова е Epizoda u zivotu beraca zeljeza на Данис Тановиќ, каде вистинските луѓе на кои им се случила приказната ја reenact-уваат истата. Тука исто актерите си се глумат самите себеси, но „глумат“ фиктивна приказна. Всушност, и не е баш приказна, колку што е раскажување на секојдневието на еден поштар во едно село во Недојдија во Русија, отсечено од светот, и до кое да се пристапи може само со чамец преку едно огромно езеро. И додека луѓето во тоа селце живеат живот вон цивилизацијата, како во 19 век, на само неколку километри од нив Русите развиваат вселенска програма и лансираат ракети кон небото. Затоа, ова на некој начин го гледам како критика кон руското општество, но може да се аплицира лесно и кај нас. На пример, сцената во која одговорната ги казнува селаните дека диво ловеле риби додека пред тоа му прогледа низ прсти на некој функционер или што и да беше е речиси идентична со нашата жива вистина со дедото кој го осудија зашто продавал врзопче коприви на пазар во Скопје додека политичари за тешки криминали се уште се шетаат на слобода. Најсмешно од се ми беше сцената кога бабата што умре ја погребуваат од другата страна на езерото, па мораат ковчегот да го пренесат со „траект“ или што и да беше тоа, па низ некои шуми... им се стемни дур ја погребаа... Баш ко во камено доба да живеат. Ама затоа:
Најмногу мис е допаднаа кадрите од недопрената природа, да бидам искрен. Во тој поглед, ова беше вистинско парче уметност. Ми недостигаше приказна, thou. Пример, Звјагинцев истава или слична поента многу поуспешно ја долови во Loveless со многу поубава приказна која го направи филмот далеку погледлив.
За Поштарот само 6/10 од мене.
Последно уредено: